Автор Тема: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid  (Прочитано 30967 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #105 на: 09 Април 2019, 10:35:15 am »
Тоа ти што го збориш сигурно било поради WLTP кој почна да важи од Септември, па многу дилери низ европа регистрираа еден тон коли во август.

Можда било тоа случај со Реното, не знам, али знам дека практикуваат да прават така.
На пример, на крај на февруари бевме во салон на Тојота да прашаме за Ајго и Јарис, истиот начин го понудија... Нов Јарис негде 14900, а регистриран во јануари, 12500.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #106 на: 16 Април 2019, 13:16:18 pm »
На ова веќе му се губи поентата што е хибрид освен евтината годишна регистрација која мене лично ќе ме чини 12 евра годишно наспроти 100тина евра за не-хибрид. 8.5 литри на 100 со 140км/ч крузање на отворено е погубно. Дури и на 90км/ч не е баш економичен ко за хибрид.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3522
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #107 на: 16 Април 2019, 13:51:41 pm »
Да ја нудеа со 1.4 д4д топ ќе беше :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #108 на: 16 Април 2019, 13:56:59 pm »
Со тоа не си ИН, башка нема плаво знакче  :'(

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 291
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #109 на: 17 Јуни 2019, 19:11:14 pm »
Еден комшија купи Тојота Корола караван хибрид 2019, колава од надвор ми изгледа како мала ко че и се приближиш т.е од помало растојание да ја гледаш, како сето да е стаено на едно место речено. Внатре немам коментар, одлично е. Светлосните предни групи се јаки, ко че ги пуштиш дигаат притисок.  :) ;)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #110 на: 20 Јуни 2019, 17:37:41 pm »
Имам сменето којзнае колку коли и тврдам дека не постои подобра кола за градски услови од хибрид. Веке една година возам Приус (покрај другите коли) и искрено кога и да треба да одам во даунтаун Чикаго не ни помислувам да возам друга кола. Заглавен у сообракај 30 мин а поминуваш само 2км , тоа се 30 мин со изгасена кола и поминуваш без проблем на струја. Било кој бензинец сигурно ке потроши многу повеке. За квалитетот на Тојота посебно за хибридиве посебно Приус воопшто нема да коментирам и тврдам дека е една од нај релајабл коли до сега направена.  Пример се илјадници убер возачи што немаат чепнато по тоа приусите а имаат поминато по најмалце пола милион км.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #111 на: 21 Јуни 2019, 06:34:11 am »
Ајде и од мене малце некој коментар, баш вчера се погоди имав можност да се повозам во Тојота Корола Хибрид. Колата имаше 1500км поминато значи ептен нова уште на ново мирисаше.

Беше со послабиот 1.8 а баш би сакал со 2.0 да го пробам.

Директна споредба со мојот голф

Првин ќе почнам со слабости односно она што ме нервира. Колава како што реков е нова, 2019 модел ама внатре поготови на вратите има такви евтини пластики, све некако мрда лево десно ти дава чувство на нешто многу евтинско направено. Копчињата за греење на седиште ги убутале доле да ги бараш со двоглед, а квалитетот е како на џоистик од сони пс1. Централниот екран е технолошки ист како и во Аурисот од претходната генерација, збунувачки и тотално некорисен. Тоа пластичните мали сребрени копчиња се исто така многу евтински. Све на се малце изненаден во негативна смисла ама па кога ќе разбереш дека е јапонско возило и веројатно ќе нема проблеми наредни 20 години, се привикнуваш. После 2 минути си седнав во голфот и од моментот кога ја отвораш вратата (која што мислиш дека е од олово во споредба со королова) внатре разликата е прилично голема во корист на голфот а и веројатно повеќето германски модели.

Е сега за добрите работи. Го обожавам менувачот во комбинација со моторот за низ град. Тука нема утка. Во најголемите гужви ми покажа потрошувачка од 6.2 литра. Воланот е многу лесен и е дефинитвно по-релаксиран за возење и маневрирање од голфот. Но она што ми остави веројатно најголем впечаток од се е како Королава се справува со дупки. Значи возење по калдрма, возење преку шини, големи дупки мислиш дека возиш низ облаци а не крш пат. Тука бев запрепастен и секоја чест за Тојота, мислам Аурисот што го возев преходно не беше на исто ниво. Голфот е очигледно погласен и дампирањето не е на ниво на Тојотава. Секоја чест, јас сум спремен да ги занемарам негативностите во ентериерот на сметка на самото одлично подвозје според мене. Искрено мислев дека се возам во Мерцедес Е класа со воздушна суспензија кога минував низ лош пат. Браво!

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #112 на: 21 Јуни 2019, 09:03:14 am »
deka e so zimski gumi :D

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 291
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #113 на: 24 Јуни 2019, 19:23:34 pm »
Ајде и од мене малце некој коментар, баш вчера се погоди имав можност да се повозам во Тојота Корола Хибрид. Колата имаше 1500км поминато значи ептен нова уште на ново мирисаше.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Беше со послабиот 1.8 а баш би сакал со 2.0 да го пробам.

Директна споредба со мојот голф

Првин ќе почнам со слабости односно она што ме нервира. Колава како што реков е нова, 2019 модел ама внатре поготови на вратите има такви евтини пластики, све некако мрда лево десно ти дава чувство на нешто многу евтинско направено. Копчињата за греење на седиште ги убутале доле да ги бараш со двоглед, а квалитетот е како на џоистик од сони пс1. Централниот екран е технолошки ист како и во Аурисот од претходната генерација, збунувачки и тотално некорисен. Тоа пластичните мали сребрени копчиња се исто така многу евтински. Све на се малце изненаден во негативна смисла ама па кога ќе разбереш дека е јапонско возило и веројатно ќе нема проблеми наредни 20 години, се привикнуваш. После 2 минути си седнав во голфот и од моментот кога ја отвораш вратата (која што мислиш дека е од олово во споредба со королова) внатре разликата е прилично голема во корист на голфот а и веројатно повеќето германски модели.

Е сега за добрите работи. Го обожавам менувачот во комбинација со моторот за низ град. Тука нема утка. Во најголемите гужви ми покажа потрошувачка од 6.2 литра. Воланот е многу лесен и е дефинитвно по-релаксиран за возење и маневрирање од голфот. Но она што ми остави веројатно најголем впечаток од се е како Королава се справува со дупки. Значи возење по калдрма, возење преку шини, големи дупки мислиш дека возиш низ облаци а не крш пат. Тука бев запрепастен и секоја чест за Тојота, мислам Аурисот што го возев преходно не беше на исто ниво. Голфот е очигледно погласен и дампирањето не е на ниво на Тојотава. Секоја чест, јас сум спремен да ги занемарам негативностите во ентериерот на сметка на самото одлично подвозје според мене. Искрено мислев дека се возам во Мерцедес Е класа со воздушна суспензија кога минував низ лош пат. Браво!

Да, некако лимот кај Тојота е потанок, Корола 2017. Тропнав  на Пасат, Е Класа и Октавија (сите 2015+) имаат потврд лим. Исто и кај Туксон 2015 е ко танок некако лимот за разлкка од германциве. На Нисан Кашкаи 2018 е потврд и Мазда 6 2010 е потврд ама не како германциве. Незнам оти е така, ама па ко че сфатиш дека носат јапонска механика и забораваш на лимот ама па ко че видиш германска тврдокост..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: CARclub Тест: Toyota Corolla Sedan 1.8 Hybrid
« Одговори #114 на: 25 Јуни 2019, 01:38:12 am »
Па па па, каква експертиза...

Гарант и стаклата се потенки, греачот на задното послабо грее, и дури и самите гуми имаат помалку онакви како влакненца што штрчат...