Автор Тема: Ново возило - буџет 20K  (Прочитано 27648 пати)

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #45 на: 28 Февруари 2019, 21:22:20 pm »
Те разбирам, и јас ги имам сличните маки, па дури и почнав да се премислувам од идејата да купам ново возило. Продавачите по салониве си мислат компири дека продаваат, а не автомобили. Разочаран сум од понудата и услугата. Чест на исклучоците (Пежо, Опел, Сузуки, еден момак од Рено, момак од Форд, индивидуални дилери на Порше што се услужливи итн)

Ја читам и твојата тема. Btw, топ ти е табелчето  :)
Го делам мислењето за услугата во авто салоните. Некаде ги бива продавачите и те третираат како господин, а некаде те третираат како во веро да си влегол маслинки да купиш. А јас планирам да земам лизинг со 6 години да го исплаќам и толку пари да им дадам. Настрана маржата, уште неколку години од мене од сервис ќе прават пари. Слично и со понудата. Јасс на пр. отворив mobile.de да пребарам нови возила, најмногу поради цените и се воодушевив од изборот кој го има. Далеку сме ние од ЕУ.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #46 на: 28 Февруари 2019, 21:27:23 pm »
Сега озбилно од мене уште еднаш ќе напишам на темава и се гасам.

Рече сакаш бензинец, мануелен менувач и буџет од 20к. Според мене имаш солиден буџет да земеш возило со одлични перформанси, ниска потрошувачка и комфорт. Од старт тука би ги отстранил суперб, инсигнија, 508 пошто да бидеме реални, за 20к неможеш да земеш такво возило што треба да задоволи основно критериуми.

Моето мислење е батали дали нешто ти се допаѓа од прва или не, туку секогаш отиди и тестирај. Па после оформи мислење. Моите 4 предлози за буџет од 20к се:

- Голф 1.5 тси 150кс или 130кс
- Фокус 1.0 125 кс или 1.5 150кс
- Цивик 1.0 129кс или 1.5 182кс
- Киа Ceed 1.4 140кс (сегаат имаат многу добри попусти и ова може да се земе и за под 20к со еден тон опрема)




Моторите ќе треба да се одберат во зависност од колку ќе сакаат дилерите да дадат попуст зошто и онака по ценовник сите овие модели се над 20к.

Поздрав.

Голф не сакаме. Не дека не чини, или му фали нешто, од компакт класата на цела VW групација е најдобар, ама едноставно не ни се бендисва ама ич.
Фокус може догодина, да се стабилизираат со цените, сега ми е скап.
Civik и Ceed се сеуште во игра, не сме биле во салоните.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #47 на: 28 Февруари 2019, 21:36:41 pm »
Каква Дачиа се зема за 20 бона...

Edit:
На прво место би ги рангирал инсигнијата и октавијата.
Второ и понатаму се останато.
Е сега, тоа што неѓа тест возила тоа кочи ситуација.
Инсигнија и Октавија?????
Небо и земја. Аман со Октавиите веќе

Октавијата е автомобил скроен како за наш пазар и менталитет. Компакт класа, а кокетира со д сегмент. Во однос на инсигнијата би наведил предност што има помолем багажник, а помалата должина ја прави попрактична за во град. Главен проблем што не можам да дадам суд е што ја немам возено. Кога ќе ја возам, ќе си бидан на чисто. Инаку дизајнерски, може опел ја сјебаа работата со задниот бришач, ама шкода мамата му ја ебаа со новите предни светла. И уште работа ми е на ум, мислам дека шкодитр повеќе држат на цена по 6-7 години отколку опел, иако ова не ми е проверено.

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #48 на: 28 Февруари 2019, 21:43:09 pm »
Гледаш едно, ти привлекува внимание друго, прескапо.
Или ребаланс или промена на критериуми :)

Јас би дал првенство на критериум возачка удобност и позиција зад волан отколку со или без заден бришач :)
Ќе се изненадиш како ќе се намали листата :)

Фала на совет. Сепак со висинско подесување на седиште и длабинско и висинско подесување на волан мислам дека се наоѓа добра возачка позиција. Јас се сметам за чивек со нормална висина, 181 см сум висок. Ама сефкупниот доживљај дали некоја кола ќе ти легне или не кога ќе ја возиш е пресуден.
Морам да реплицирам.
И меганот ги имаше истите подесувањата и никако не можев да се наместам, ми требаше долго време да се свестам дека таа кола не ми паше :)
Памет за друг пат, па кога бирав замена за меганот обрнав повеќе внимание и потенцијалните кандидати се преполовија :)

За тест возењето апсолутно се согласувам, но гледај да биде со истата моторизација што имаш намера да купиш.

Да, така е. На крај на ден, ако не ти е удобно во колата, ќе се чувствуваш поуморен на пократки делници, отколку удобно сместен на подолги делници.
За тест возењето - и јас сакам да го тестирам истиот мотор кој сакам да го купам, ама го нема.  :) Тој ни е пазарот и понудата.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #49 на: 28 Февруари 2019, 21:45:07 pm »
Инсигнија и Октавија се скроз различни класи и јас не би ги споредувал воопшто. И не се замарај со цена на после 6-7 години.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1499
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #50 на: 28 Февруари 2019, 21:46:41 pm »
Изгреби се уште нешто од типот каско и осигурување за прва година или гратис сервис 2-3 години, и лапај инсигниата.

За овој со супербот, пријател купи пасат  тси за 23800 нов. Со лед пакет итн. Додуша 2016та го купи, можно е да се кренати цените сеа.

Пасатот е топ автомобил, кога седнав во него сфатив зошто толку многу луѓе го сакаат и го фалат, иако на почеток бев хејтер за истиот и мислев дека е преценет. Сепак, не се вклопува во буџет.
Мојот предлог е Инсигниа.
Ова со Пасатот чисто се надоврзав.

Ако ја земаш Инсигниата јас би ја земал од Аутомакедонија. Олимпија повеќе не продава нови, а Ауто Цем што знам. Некако не.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20556
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #51 на: 28 Февруари 2019, 22:21:27 pm »
Каква Дачиа се зема за 20 бона...

Edit:
На прво место би ги рангирал инсигнијата и октавијата.
Второ и понатаму се останато.
Е сега, тоа што неѓа тест возила тоа кочи ситуација.
Инсигнија и Октавија?????
Небо и земја. Аман со Октавиите веќе

Октавијата е автомобил скроен како за наш пазар и менталитет. Компакт класа, а кокетира со д сегмент. Во однос на инсигнијата би наведил предност што има помолем багажник, а помалата должина ја прави попрактична за во град. Главен проблем што не можам да дадам суд е што ја немам возено. Кога ќе ја возам, ќе си бидан на чисто. Инаку дизајнерски, може опел ја сјебаа работата со задниот бришач, ама шкода мамата му ја ебаа со новите предни светла. И уште работа ми е на ум, мислам дека шкодитр повеќе држат на цена по 6-7 години отколку опел, иако ова не ми е проверено.

Да бидам искрен, филингот е сосема различен во Октавија и Инсигнија, и е на страна на Инсигнијата. Ни јас не би ги споредувал воопшто.

Во мои очи, Инсигнијата е прекрасно возило, веројатно најубаво во својата класа. Тоа што се паѓа у несвест за мочан бришач, е благо кажано апсурдно. Одлично изгледа, сосема солидно вози, завршната обработка и квалитетот на материјалите исто така не се за занемарување... Одличен целокупен пакет. Не знам како вози со послабата изведба на ТБ, ама тој со 165КС одлично си ја вршеше работата.

Ако гледаш која кола која цена ќе ја држи после Х години, не купувај нова кола, купи си половна.

Единствено што не ми се свиѓа, не само кај Инсигнијата, туку кај било кое поново возило, се жолти халогени светла и бели дневни ЛЕД. Чинам дека нема нешто посељачко од тоа. Можда “АлиЕкспрес” жмигавците на Ауди (и за жал и кај некои други) или евентуално “Лексус” штопови на Калибра... или на било која кола што не е Лексус.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5428
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #52 на: 28 Февруари 2019, 23:42:31 pm »
Pred da se 9dlucis obavezn9 vidi go Ceedot karavan.
Odlicno izgleda mora da priznaam.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3826
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #53 на: 01 Март 2019, 16:57:12 pm »
Изгреби се уште нешто од типот каско и осигурување за прва година или гратис сервис 2-3 години, и лапај инсигниата.

За овој со супербот, пријател купи пасат  тси за 23800 нов. Со лед пакет итн. Додуша 2016та го купи, можно е да се кренати цените сеа.

Пасатот е топ автомобил, кога седнав во него сфатив зошто толку многу луѓе го сакаат и го фалат, иако на почеток бев хејтер за истиот и мислев дека е преценет. Сепак, не се вклопува во буџет.
Мојот предлог е Инсигниа.
Ова со Пасатот чисто се надоврзав.

Ако ја земаш Инсигниата јас би ја земал од Аутомакедонија. Олимпија повеќе не продава нови, а Ауто Цем што знам. Некако не.
Нов Опел може да се нарача и од Олимпија Моторс. Ама само со нарачка. Немаат на лагер.

Така беше пред 3-4 месеци бар.

А за цени, секогаш биле пофлексибилни во споредба со Аутомакедонија.

Знам по себе кога ја зимавме Астрата.

Sent from my Redmi Note 5 AI


Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #54 на: 02 Март 2019, 18:18:35 pm »
Дечки, фала на совети.
Капаривме денес Insignia 1.5, црна боја. Испорака за 3 месеци.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5677
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #55 на: 02 Март 2019, 18:26:38 pm »
Тоа е тоа
Со здравје возење 😊

Sent from my Redmi Note 5A Prime using Tapatalk


Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #56 на: 02 Март 2019, 19:09:08 pm »
Дечки, фала на совети.
Капаривме денес Insignia 1.5, црна боја. Испорака за 3 месеци.
Одличен избор, да ве однесе на многу убави места и со здравје да се вози

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1499
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #57 на: 02 Март 2019, 20:35:58 pm »
Дечки, фала на совети.
Капаривме денес Insignia 1.5, црна боја. Испорака за 3 месеци.
Одличен избор. Со здравје да се вози.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #58 на: 02 Март 2019, 23:48:20 pm »
Честитки за новото возило, долго да ве служи.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Одг: Ново возило - буџет 20K
« Одговори #59 на: 03 Март 2019, 13:52:41 pm »
Дечки, фала на совети.
Капаривме денес Insignia 1.5, црна боја. Испорака за 3 месеци.
БРА ВО!