Автор Тема: BMW 335d e90  (Прочитано 42849 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
BMW 335d e90
« на: 21 Февруари 2019, 16:50:55 pm »
Кратка историја: Од дете сакав BMW, се заљубив прв пат кога мој роднина од Тетово зема е32 730i која си ја вози и ден денес, бордо со златни ббс-ки = генгста љимузин, му ја барав неколку пати да му ја купам ама не ја продава, нормално. Потоа искочија е46, е39 и е38 сите лепотици, па стариот имаше кратко време службена е39 528i со рачен мењач и тоа беше пресудно. По неколку години собирање пари и истражување пресековме. Иницијално сакав е60 535d ама не се најде ниеден здрав примерок па улета Бетка :) Ја купив пред 3 години од Aschaffenburg, градче блиску до Франкфурт со 236.000км.

Основни спецификации:
Каросерија: Седан/лимузина, фабричка ознака е90
Боја: TITANSILBER METALLIC (354)
Мотор: 6 цилиндри во линија со 2 турбо полначи, EGR + DPF, фабричка ознака M57D30TÜTOP, EURO 4
Гориво: Нафта
Зафатнина: 2993cc
Моќност: 286ps 210kw
Вртежен момент: 580nm
Менувач: 6 брзински автоматски со стептроник (класичен торк конвертер од ZF)
Произведена: 28.09.2007

Перформанси:
Забрзување 0-100km/h 6 секунди (некогаш побрзо, некогаш поспоро, зависи како е расположена)
V-Max = 275 km/h на брзиномер кој покажува 10-15км/ч повеќе (проверено на autobahn)
Потрошувачка: 9.1/5.3/6.7 l/100km град/отворено/комбинирано...реална минимална е 6.8-7 отворено, 10-11 градска, просек 8-9л.

Опрема:
S1CAA - SELECTION OF COP RELEVANT VEHICLES
S1CBA - CO2 PACKAGE
S1CDA - BRAKE ENERGY REGENERATION
S205A - AUTOMATIC TRANSMISSION
S249A - MULTIFUNCTION F STEERING WHEEL
S2HBA - BMW LIGHT ALLOY WHEEL SPIDER SPOKE 160
S320A - DELETED MODEL LETTERING
S428A - WARNING TRIANGLE AND FIRST AID KIT
S431A - INTERIOR MIRROR WITH AUTOMATICDIP
S465A - THROUGHLOADING SYSTEM
S481A - SPORTS SEAT
S488A - LUMBAR SUPPORT DRIVER AND PASSENGER
S494A - SEAT HEATING DRIVERPASSENGER
S4AEA - ARMREST FRONT RETRACTABLE
S507A - PARK DISTANCE CONTROL PDC REAR
S521A - RAIN SENSOR
S534A - AUTOMATIC AIR CONDITIONING
S544A - CRUISE CONTROL WITH BRAKE FUNCTION
S563A - LIGHT PACKAGE
S612A - BMW ASSIST
S633A - PREPARATION MOBILE PHONE BUSINESS
S663A - RADIO BMW PROFESSIONAL
S704A - M SPORTS SUSPENSION
S710A - M LEATHER STEERING WHEEL
P7RSA - PACKAGE COMFORT
L801A - NATIONAL VERSION GERMANY
S863A - RETAILER DIRECTORY EUROPE
S879A - ONBOARD VEHICLE LITERATURE GERMAN
S8SCA - TELEMATICS ACCESS REQUESTCOUNTRYSPEC
S8SPA - CONTROL UNIT COP
S321A - EXTERIOR PARTS IN VEHICLE COLOR
S497A - CENTRE ARMREST REAR
S4AGA - INTERIOR TRIM FINISHERS TITANIUM MATT
S520A - FOG LIGHTS
S548A - KILOMETERCALIBRATED SPEEDOMETER
S851A - LANGUAGE VERSION GERMAN
На ова единствено би додал: Автоматски xenon кратки и долги светла што се вртат во кривини, сончев кров, држачи за чаши и поквалитетно озвучување.










Тука позираат заедно со помладата сестра F30 335d


Еве ја со летните бандафчиња:














И за крај една мафијашко министерска  8)


Кратка рецензија:
Димензиите според мене се идеални за Скопје и воедно има доволно простор за 4 големи луѓе 185-195цм за долги патувања, без никакви проблеми или гужвање, единствена замерка е тешкото влегување и излегување, најверојатно затоа што многу ниско се седи и напред и назад. За 5 луѓе нема место. Звучна излолација = одлична до 180км/ч. Прегледност = одлична, со исклучок на страничните ретровизори кои иако изгледаат аеродинамично и елегантно малку се мали (средено во фејслифтот).

Седиштата напред се како измислени за мојата не толку витка става и искривен р'бет. Се подесуваат во милион насоки и можеш да се наместиш како ти г'з милува. Страничните наслони се местат надвор/внатре, цело седиште се мести горе/доле, напред/назад, должината и аголот на седалото исто се местат, агол на наслон за грб + подесиво перниче за лумбален дел нагоре/надоле и напред/назад, како и висина на наслон за глава. Бонус: грејачи на седишта, изум на векот. Потпирачот за рака напред е подесив напред/назад и е на иста висина со потпирачот за рака на вратата, на долги патувања си одмараш лакти на нив и како во фотеља се седи. Кожа е лесна за одржување ама преферирам штоф затоа што не поти. Позади не сум се возел ама викаат дека е удобно и има простор за поголеми луѓе. Бонус: наслон за раце со држачи за чаши и вентилација со подесување на температура.

Моторот мислам дека е правен за локомотива, полна/празна кола, угорница/рамно сеедно влече ко тенк. Релативно е економичен за моќноста, одлично рафиниран и вади одличен звук како за дизел, во оваа изведба (335) има некаков си спортски ауспух па можеби затоа звучи подлабоко, во е60 535d е значително потивок. Новите изведби на истиов мотор се уште понелогично економични и моќни ама јас сум презадоволен и со овој кој е втора верзија, првата е од 2005та со 272кс.

Менувачот е благодет низ град, sport модот го користам само кога се јачам на автопат, брзини скоро никогаш не менувам сам бидејки он си знае точно која брзина кога треба.

Темпоматот има интересна функција за кочење, многу корисна ако возиш долго време по удолница, сам си кочи и си одржува брзина, слично како Hill Decent Control.

M-sport суспензијата е тврда за македонски патишта, дури и со 225/45/17. Интересно е што до 30км/ч дупките и легнатите џандари ги впива како памук, ама над таа брзина е камен. Затоа пак е стабилна и предвидлива на било која брзина, се вози како по шини, до сега не ме исплашила со неочекувана реакција. Одлично изгледа од надвор т.е. не е крената како џип, ама ивичњаци и се слабост. Неретко сум приморан да ја качувам на ивичњак заради немање паркинг/безобзирно паркирање на локалните копита и срце ме боли кога ќе закачи. Низ Скопје е многу лесна за возење и паркирање ама дупките знаат да ти истресат камче од бубрег. На автопат е во својата природна околина и тука доминира моторот, без разлика со која брзина се движи штом стиснеш гас влече како од место.

Воланот е со old school хидраулично серво, релативно тежок за вртење во место ама затоа се осеќа точно што прават предните тркала во секој момент, а на поголеми брзини е супер прецизен и предвидлив, прогресивното серво одлично функционира, не се приметува кога се зацврстува/омекнува. Кога ќе седнам во друга кола воланот ми е како играчка. Се подесува по висина и длабочина, одлично лежи во рака и многу добро изгледа.

Заден погон + отворен диференцијал + 286кс + снег = Нема проблем! Се додека е уклучено ESP и имаш солидни зимски гуми исто како да возиш на суво. Штом исклучиш ESP животот станува многу позабавен :) бонус: DTC (BMW варијанта на ESP што може да биде полу-исклучено т.е. ти дозволува да лизгаш ама ако претераш одма реагира и те спасува).

Недостатоци/маани:
Круг на вртење - просечен, тврдо подвозје за МК, основното озвучување е ѓубре и цд плеерот не чита mp3, рачката на совозачката врата е тотално ретардирана, од неа не можеш да го дофатиш копчето за прозор и истата е обложена со некоја чкарт пластика/гума која кај мене се дезинтегрира, нема држачи за чаша/шише напред (се доплаќало тоа, боже ме сачувај), халогени фарови без лупа на кола што коштала 69к?? Скапа за одржување ама вреди :)

Cennа имбоџ:
До сега ме кошта нешто ситно над 22.000е (во ова влагаат редовни сервиси, дефекти, гуми, регистрации, сијалички, брисачи, патосници, хемиско, керамика...си водам евиденција за СВЕ јбг), а само колата до МК таблици ме кошташе ~17.000е.
« Последно менување: 22 Март 2019, 12:46:14 pm Molec »


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5631
Одг: 2007 e90 335d
« Одговори #1 на: 21 Февруари 2019, 17:11:11 pm »
Брат си можел нова шкода да земеш со париве 😂😁😊.
Се шалам,од овој модел нагоре почна да ми се допаѓа Бемве,со здравје да го возиш,се гледа дека си мераклија 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: 2007 e90 335d
« Одговори #2 на: 21 Февруари 2019, 18:45:26 pm »
Супер изгледа со многу километри да те служи и без никакви грижи да ги помине истите :)
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 294
Одг: 2007 e90 335d
« Одговори #3 на: 21 Февруари 2019, 18:59:40 pm »
Одлично сочувано, башка си лепи, ме возеше @Molec, тестиравме со драги :D

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: 2007 e90 335d
« Одговори #4 на: 21 Февруари 2019, 19:09:26 pm »
@Molec Одлична кола!

Одлично сочувано, башка си лепи, ме возеше @Molec, тестиравме со драги :D

@brasica Неколку пати го сретнувам драги низ форумов како го спомнувате, се чудев кој е тој Драги, на крај изгуглав и дознав 'кој' е

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Одг: 2007 e90 335d
« Одговори #5 на: 21 Февруари 2019, 20:06:38 pm »
Единствена кола која сакав да ја разгледам и пробам на мерењето потрошувачка. Многу ми прави кеиф.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6299
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #6 на: 21 Февруари 2019, 21:28:12 pm »
Супер е бетанија, не знам како издржуваш без да чепнеш нешто околу моторот. Тој има голем капацитет за тјунинг.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #7 на: 21 Февруари 2019, 21:36:36 pm »
Екстра, со здравје возење.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #8 на: 22 Февруари 2019, 09:20:16 am »
Единствена кола која сакав да ја разгледам и пробам на мерењето потрошувачка. Многу ми прави кеиф.
Кога сакаш, нема проблем.
Супер е бетанија, не знам како издржуваш без да чепнеш нешто околу моторот. Тој има голем капацитет за тјунинг.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk
Претходно возев Hyundai i30 со 1.4 атмосферски бензинец, па ова сега ми е како ракета да возам. Да е нова и под гаранција можеби би си играл со тјунинг ама реално не гледам потреба, мене ми е таман.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #9 на: 22 Февруари 2019, 09:22:12 am »
Браво браво, можеби нема многу опрема ама моторов затоа го надокнадува сето тоа :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #10 на: 22 Февруари 2019, 09:28:20 am »
Одлично возило, одличен мотор.

6 цилиндри у линија со две турбини е најдоброто нешто што може да го добиеш од дизел агрегат.

Уживај!

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #11 на: 22 Февруари 2019, 17:27:53 pm »
Браво браво, можеби нема многу опрема ама моторов затоа го надокнадува сето тоа :)
Нема, нема, осакатено е со опрема, позади ручки на прозори ставиле...

Арни ли сте со коментариве?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #12 на: 22 Февруари 2019, 18:55:18 pm »
Арен, фала ти за прашањето и персирањето. Ако имаш личен проблем со мене културно те замолувам пиши ми пп да видиме каде е проблемот, да не му ја труеме темава на човеков.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #13 на: 23 Февруари 2019, 12:52:45 pm »
Благодариме за безрезервната рецензија.

Така некако се бира Бенве!
Само геј некако, не пишува ништо позади. Некој како мене ќе се проба и посран ќе си седи  ;D

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 335d e90
« Одговори #14 на: 23 Февруари 2019, 16:50:41 pm »
Благодариме за безрезервната рецензија.

Така некако се бира Бенве!
Само геј некако, не пишува ништо позади. Некој како мене ќе се проба и посран ќе си седи  ;D
Да имаше ознаки ќе ги извадев. Ич не ги сакам.