Автор Тема: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm  (Прочитано 28110 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #150 на: 27 Декември 2019, 10:34:11 am »
Ќе ебеш ти нешто со твоево возење до резерва па после ќе плачеш дека Алфа не чини.

Јас имам 9,3 л/100км со 17 км/ч просечна. Првата информација без втората нема ама баш никако значење. Истото ги имам и на 1.4 мотор дизел постигнато во град, пошо нели „помалку троши“.


Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1712
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #151 на: 27 Декември 2019, 14:04:47 pm »
Момци, ево мени опет :D
Применив малку поинаков пристап во мерењето на потрошувачката на моето возило, па сакам да ги споделам резултатите добиени со вас.
Со светнување на сијаличката за резервно гориво ( скоро секогаш се погодувало да бидам во близина на Макпетрол пумпа), ставам 1000ка нафта односно ~16 литри нафта. И истата процедура ја повторив 3 пати со цел да добијам поконзистентни резултати. 
 1 мерење 182км ( ~ 8.8l/100)
 2 мерење 185км,( ~ 8.7l/100)
 3 мерење 163 км,( ~ 9.8l/100).
Или просек од сите 3 мерења е 9,05l/100, или 3000 денари за 48 литри нафта за 530км пројдени, или 1.7 литри нафта за еден час возење.
Просечна брзина ми беше 19km/h,  односно околу 28 часа возење.
Бордот пред да се ресетира покажуваше 9.8L/100, односно покажува 0.8 литри повеќе од тоа што треба.
Последното мерење ми беше најчудно бидејќи во моментот кога имав поминато околу 130 км, имав според сказалката уште околу 4.5 литри нафта до резерва  и сметав дека повторно ќе поминам 180км без проблем, но вчера имаше огромна гужва  (соборна  па се до  железничка) каде што возењето  беше  стоење, тргни 10тина метри, повторно стоење, и така околу 30 минути, и таму претпоставувам да ми беше ресетиран бордот ќе ми покажеше 100l/100km, бидејќи испари нафтата со која што требаше да стигнам до 180 км.
Вожњата се состоеше од 60-70% возење во шпиц ( идење на работа и назад, рута од околу 10 км во еден правец) , и 30-40% исто градска вожња воглавно до центар во периодот од 21h - 03h, каде што нема некоја гужва туку онака ок.
Денеска  ставив за 3000 денари, 48 литри нафта и стрелката од местото каде што покажуваше  дека има околу 8.5 литри резервна нафта, отиде на фулл. Од една до друга црта има 1.5литри. Што значи дека не треба стрелката да е на фулл, туку на 2ипол цртки пред фул.
Има ли некако шанси овие бројки да се редуцираат, бидејќи овие бројки споредени со бројките кај роднинава со истава кола, со дпф, егр, не чепкана ништо софтверски, се пониски кај него односно кај него просекот е за литро ипол понизок од мојот, односно истиот со 16 литри поминува 210 - 220км.
Иако бројките се горе доле онакви какви што одговараат за овој автомобил односно 10-15% повеќе од декларираното, сепак се нервирам кога кај други луѓе со исто стари коли, просечната потрошувачката им е идентична со онаа на фабричката,  па и за нешто ситно помалку.
Ви текнува што ви зборев за колегата со фокус од 2006 со 1.6 дизел и 110кс ? со 16 литри поминува 320 километри, драчево- карпош 3 во шпиц, секој ден, неговата е фабрички тестирана на 5.6L/100.
Кај роднинава со истово возило како моето, испаѓа околу 7.5 литри, уште да му ја проверам просечната брзина, па со неа да дојдам до поточни бројки.
Многу неефикасни мотори се овие jtd.
Поготово ако  споредиме  на хартија и со bmw 320d e90,  150кг потешка кола со 2000 кубика мотор со 163 коња, на хартија 6.5/100, или редизајнот од 2009 со истиот мотор и  184hp, 5.9l/100.
Не дека нешто премногу му се замарам околу ова, али денеска ги погледнав бројките. :)


Тоа дека дизелите трошат малку е бајка што некои членови ја вртат по форумов и надвор од него. Дизелот троши литар две помалку од бензинот, и беше исплатлив додека не се качи цената. Денеска ако сакаш да немаш големи трошоци за гориво, ќе си купиш бензински мотор погоден за плин, и ич нема да ти чуе дали троши, 9, 10 или 12 во град.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1820
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #152 на: 27 Декември 2019, 14:27:32 pm »
Кај мене, 1,4 бензин, по борд покажува следново:
- на 17 км/ч просечна покажува 12,8 - 13 литра
- на 19 км/ч просечна покажува околу 11,5 литра
- на 21 км/ч просечна покажува под 10 литра околу 9,7 или 9,8 литра

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #153 на: 27 Декември 2019, 14:28:53 pm »
Супер бројки за бензинец, само бара штедливо да возиш за да вадиш таква потрошувачка.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #154 на: 27 Декември 2019, 19:04:34 pm »
Денеска  ставив за 3000 денари, 48 литри нафта и стрелката од местото каде што покажуваше  дека има околу 8.5 литри резервна нафта, отиде на фулл. Од една до друга црта има 1.5литри. Што значи дека не треба стрелката да е на фулл, туку на 2ипол цртки пред фул.

Брат, тие рецките ти се груби за отприлика да знаеш, не ти децимали од нив да вадиш. Ако туриш до капаче тие екстра 1-2 литри каде сакаш да ти ги покажи?
Јас еднаш така му сипав, 100км не мрдна стрелката, фактички јас возев гага.

Иако бројките се горе доле онакви какви што одговараат за овој автомобил односно 10-15% повеќе од декларираното, сепак се нервирам кога кај други луѓе со исто стари коли, просечната потрошувачката им е идентична со онаа на фабричката,  па и за нешто ситно помалку.

Лажат!
Пониска од декларирана комбинирана се вади само на удолница.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #155 на: 27 Декември 2019, 19:23:07 pm »
Кога ја купив i10ката веднаш натанкирано до врв, резрвоарот е 35 литри.
Индикаторот е на 12 цртички.

Вози, вози, се направија накај 100км и не се изгаси ниедна цртичка.
Си реков со ваква потрошувачка колава ќе помине преку 1.000 км со еден резервоар ;D

Исто е и со i30ката.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #156 на: 10 Јануари 2020, 18:06:18 pm »
Дечки имам проблем со хорната, нешто нече да ради веќе некој подолг период.
Првично кога приметив дека не работи се оправи со 5-6 стискања на воланот, и си работеше ден два. Пак не работеше па после 20-30 притискања на воланот проработе, па си ја свирев wiggle wiggle на воланот, од тогаш па навака ( месец дена), несакаше да проработи со безброј притискања, пред два три дена спонтано ја притиснав, свирна еднаш, и толку.
Не дека ја користам, али убаво е да се има, некогаш знае да помогне.
Некое искуство дали сте имале околу ова ?
Исто и фабричките паркинг сензори, често кога е под 0 не работат, и кога ставам во рикверц има еден гласен и долг свиреж од 4-5 секунди и не работи. Претпоставувам смрзнуваат сензорите и поради тоа заебаваат, барем по она што го имам читано.
Кога е над 0, си работат одлично.
И трета работа, откако го сменив термостатот Жаре ми рече да ја извозам еднаш да загрее и да го отворам капачето од антифризот за да го избие воздухот.
 Е сега секогаш кога ќе го направам тоа избива воздух, и нивото на антифриз се покачува  од минимум на максимум, како да отворам кока кола, тоа треба да е така или не треба да има компресиран воздух ?




Sent from my SM-G975F using Tapatalk


Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #157 на: 13 Јануари 2020, 10:39:05 am »
Ова со антифризот и воздух во системот ми личи на некој workaround. Сигурно има некој попаметен начин на испуштање воздух од системот за разладна течност од овој што ти е сугерирано да го применуваш.
Пример, кај мене на Пежо мотор 1.4i има на едно место вентил за испуштање на воздухот од системот за ладење.

Не знам како е изведено на Алфа, ама сигурно не е правилен начин тоа што ти е кажано.
Не е препорачливо да отвараш капаче за антифриз на загреана кола, може да ја исфрли течноста и не дај боже да ти нанесе изгоренци.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #158 на: 13 Јануари 2020, 13:50:03 pm »
Мислам воздухот се испушта од највисоката точка, и обично тоа е казанчето. Се е во ред кај чоекот само што тој го отворе на загреана затоа се крена нивото, така треба.

Можи грешам кај тебе, ама тој вентилот се отвора кога го полниш системот со антифриз и кога ќе почни да течи од него тогаш го затвораш, и така постепено уште 2 вентили имам пример кај мене. Потоа со самото возење ќе го исфрли вишокот воздух и ќе ти падни нивото во казанчето и ќе дополниш само.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #159 на: 13 Јануари 2020, 14:15:49 pm »
сега секогаш кога ќе го направам тоа избива воздух, и нивото на антифриз се покачува  од минимум на максимум, како да отворам кока кола, тоа треба да е така или не треба да има компресиран воздух ?


Единствено нешто што не требал да направи е да го отвори капачето додека бил вруќ антифризот. Треба да се почека да се подолади малце, во меѓувреме вишокот воздух ќе се пребаци у казанчето, па некогаш може и скрос празно да биде. Потоа досипуваш антфриз до макс, и тераш. Ако утредента пак паднало - тоа обично е многу малку, можеби ќе се симне на минимум, ќе си допуниш до макс на ладен мотор.
Секогаш кога ќе го отвориш капачето на вруќ мотор, ќе избива воздух, бидејќи е под притисок од 1.4 бари. И на капачето си пишува.

Значи, следниот пат кога ќе мењаш антифриз, отвори го капачето кога ќе се олади моторот, барем на 50-тина степени.
И секогаш отворај го капачето кога ќе се олади моторот. Или ако мора да го отвориш (некогаш ради некој дефект мора да досипеш вода и на жежок мотор), тоа прави го крајно внимателно. Прво пола круг, па потоа малку по малку, додека не се изедначи притисокот со надворешниот, и не престане да испушта воздух.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3229
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #160 на: 13 Јануари 2020, 14:20:13 pm »
Капачето на жежок мотор отворање само додека работи колата, инаку гејзер и опекотини од 3 степен :D

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #161 на: 13 Јануари 2020, 14:45:13 pm »
Дечки имам проблем со хорната, нешто нече да ради веќе некој подолг период.
Првично кога приметив дека не работи се оправи со 5-6 стискања на воланот, и си работеше ден два. Пак не работеше па после 20-30 притискања на воланот проработе, па си ја свирев wiggle wiggle на воланот, од тогаш па навака ( месец дена), несакаше да проработи со безброј притискања, пред два три дена спонтано ја притиснав, свирна еднаш, и толку.
Не дека ја користам, али убаво е да се има, некогаш знае да помогне.
Некое искуство дали сте имале околу ова ?
Исто и фабричките паркинг сензори, често кога е под 0 не работат, и кога ставам во рикверц има еден гласен и долг свиреж од 4-5 секунди и не работи. Претпоставувам смрзнуваат сензорите и поради тоа заебаваат, барем по она што го имам читано.
Кога е над 0, си работат одлично.
И трета работа, откако го сменив термостатот Жаре ми рече да ја извозам еднаш да загрее и да го отворам капачето од антифризот за да го избие воздухот.
 Е сега секогаш кога ќе го направам тоа избива воздух, и нивото на антифриз се покачува  од минимум на максимум, како да отворам кока кола, тоа треба да е така или не треба да има компресиран воздух ?




Sent from my SM-G975F using Tapatalk



Околу свирката. Види прво осигурач. Ако не е тоа, ако имаш пристап види ги контактите од свирката, ако можеш извади ја, и пробај со жици директ на акумулатор, ако не се лажам 12волти е и свирката, бар на повеќето е.
Ако свири, тогаш не е до свирката, ако да тоа е тоа. Барај од Жаре.

Ако свири, тогаш почнуваш со ебаната процедура на вадење на аирбегот од волан. ОБАВЕЗНО извади клема. Ти треба квалитетен имбус 8 мислам беше. Имаш 3 штрафа, искористи го подесувањето на воланот нагоре надоле и во длабина да си помогнеш. Откако ќе ги извадиш штрафовите, имаш само 1 конектор за вадње од аирбегот. Таму испитај дали има добар контакт за свирката. Ако ти изгледа се ок, тогаш на електричар пошо ја толку знам да те советувам :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11698
  • Архитект
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #162 на: 14 Јануари 2020, 12:18:42 pm »
Јас можам да посоветувам со позиција на хорните.
Има 2 хорни.
Се наоаѓаат во совозачкото крило. Пристап има кога ќе отстрани предното подкрило.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #163 на: 22 Јануари 2020, 12:16:35 pm »
Совет за Електричар ?  Жаре не работел вакви нешта.
Инаку осигурачот е добар. Свирката повторно повремено работи ( спонтано ако стиснам еднаш дневно ќе  свирне ).
Што значи е исправна. Или е некој контакт на самата хорна или некоја заебанција во воланот, но не сум баш најспретен за овие работи, не сакам да заебам нешто.

Sent from my SM-G975F using Tapatalk