Автор Тема: VW GOLF 3 GTI  (Прочитано 8296 пати)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
VW GOLF 3 GTI
« на: 08 Февруари 2019, 21:14:31 pm »
Неодамна купивме уште едно голфче за забава  ;D
Накратко Голф 3 2.0 8V ГТИ со реални 107 500 км  со највисоко ниво на опрема за тоа време што се нудело за мк3 . Возило е со неговата фабричка боја која на повеќе места веке со годините си дотраала и почнала да бледее...
Слики од возилото  :D










На колата се направи голем сервис, промена на сите каиши и затегачи на моторот, имаше многу лоша дотраана суспензија се променија сите потребни делови од подвозјето па се решивме да го израдуваме и со едни штелки  KW VARIANT 2 



И нормално го патосиравме  ;D ;D ;D





Купени се и оригинал R16 BBS RS772 модел бандажи кој по реставрација ке му бидат наместени и здравје на пролет може да добие и една нова боичка  :) :) :)

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #1 на: 08 Февруари 2019, 21:16:56 pm »
Не лажи за фул опрема бе, магленки ни напред ни позади нема



Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #2 на: 08 Февруари 2019, 21:20:25 pm »
Позади има напред нема само :D но набавени се ќе ги има  :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29064
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #3 на: 09 Февруари 2019, 09:51:25 am »
Стакло, одлично количе момци!

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2820
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #4 на: 09 Февруари 2019, 15:25:37 pm »
Убаво голфче
Браво

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #5 на: 11 Февруари 2019, 17:05:50 pm »
Ви благодарам  :) :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #6 на: 14 Август 2019, 15:35:30 pm »
Доста време не сум обновил што сме промениле на колата  :D
Купивме BBS RS 771 бандажи кој комплетно ги реставриравме и наместивме на колата
Еве и слики дел од реставрацијата
Првобитна состојба





Комплетно ја отстранивме старата боја од бандажите нанесовме нов прајмер за алуминиум нова боја, ги исполиравме штравчињата и венците.


еве како излегоа   8)







Изработивме и нови ББС капачиња



А и на колата убаво бар за мене дојдоа иако бев скептик и најголем противник на златна боја  ;D ;D ;D














Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29064
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #7 на: 15 Август 2019, 09:43:11 am »
Одлично дошле тркалата. Не сум 100% сигурен за фаровите, ама све друго си е џам.

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #8 на: 20 Август 2019, 21:40:40 pm »
Zero фарчињата се исто така фабрички гледам да го задржам комплет оригиналниот лик, може би ги заменил некогаш со оние со изглед од голф4 а може и не 😀

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #9 на: 20 Август 2019, 22:06:47 pm »
Мислам дека вчера се паркирав до колава на паркингот од Тинекс на Борис Т.
Ми привлекоа внимание бандажите. Ако не е истиот голф, бандажите беа исти.
Одлично изгледаше :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #10 на: 27 Август 2019, 20:31:45 pm »
Да таа е колата после работа на пазарење :D

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #11 на: 03 Октомври 2019, 11:19:09 am »
Дечки си фативме бељата :D
Некогаш колата некој само ја излакирале преку фабричката боја , колата почна малце по малце да се лупи, и ајде викам не иде вака да се вози да ја потсредиме малце , ама тоа малце излезе да биде многу хаха  :D
Се растури цела кола






За среќа скапаници нема, само завршетоците на предни крила што е стандард за голф 3, земени нови лимариски половинки за крилата и заменети



Искобитирани заштитени местата кој се критични за голф 3



Следно беше да се симне цел лак и цела боја до фабричкиот филер, па добри 7 дена стругавме  и дојдовме до тука









Следно е да се доработат финеси да се нанесе во епоху исолатор, па филерче и да ја офарбаме   8)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29064
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #12 на: 03 Октомври 2019, 11:32:33 am »
Па, па, па, вие сериозно сте се фатиле за работа. :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #13 на: 03 Октомври 2019, 19:51:46 pm »
Класен кога веќе ја правиме нека биде по пропис сработено :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5107
Одг: VW GOLF 3 GTI
« Одговори #14 на: 04 Октомври 2019, 20:58:44 pm »
Полека полека , почнаа да се гледат убавите линии на колата :)
Комплетно офарбана 1 рака во епоксид исолатор и 2 рака во Филер
















Следно да се измазни на фино филерчето и да ја офарбаме :)