Автор Тема: Project VW Corrado  (Прочитано 24765 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Project VW Corrado
« на: 04 Февруари 2019, 15:35:00 pm »
Здраво другари, за сите љубители овде ја започнувам оваа тема. Не се сите по VW знам, но сепак станува збор за доста ретко возило кое во светски рамки е произведено во 97521 примерок.

Општи информациии:

- Произведено 1991 година
- Оригинално со 1.8 G60 мотор од 160кс (моментално носи 2.0 8 вентилски мотор со 115кс)
- Фабричка боја Midnight Blue Pearl Effect (моментално е црно)

Еве неколку слики кога стаса колата кај мене на шлеп бидејќи е истечена регистрацијата, и моменталната состојба на колата. Повеќето од вас може го виделе на оглас, некој го правел Брзи и Бесни прв дел изглед.











Веќе падна одлука за бојата, еден ден кога ќе биде завршено би требало да изгледа вака:



Колата е речиси комплетна со исклучок на неколку ситници кои фалат и веќе се пронајдени и нарачани. Искрено сум изненаден од Corrado заедницата, зборам за нашата домашна но и во странство. Конкретно има еден супер дечко овде кај нас кој веќе мии се понуди за помош, ми даде цело упатство за оддржување на колата и сервисирање до намала ситница, иако се ретки деловиите за колата ми понуди и делови што има резерва ако ми затребаат за мојата. Се поврзав и со неколку луѓе во Германија, Англија и Америка кои имаат доста контакти и веќе ми пратија исто некои делови.

Бидете трпеливи кој сака да ја прати темата, ќе биде поспора но ќе стасаме до крај.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #1 на: 04 Февруари 2019, 15:37:04 pm »
Една од моите омилени коли.

Со среќа нека е проектот.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1343
  • Велешанче
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #2 на: 04 Февруари 2019, 15:47:55 pm »
Секоја чест за возниот парк што го имате. Со среќа и со лесно проектот  :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен archera

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 36
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #3 на: 04 Февруари 2019, 15:57:55 pm »
Со задоволство ќе ја следам темава :)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #4 на: 04 Февруари 2019, 15:59:56 pm »
Чекај чекај! Ова беше она со активен спојлер? :D

Пред сите A7-ци и слични возила?

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #5 на: 04 Февруари 2019, 16:08:02 pm »
Активен при брзина од 120 km/h.
Има мислам и мануелно отварање.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #6 на: 04 Февруари 2019, 16:58:16 pm »
Влажен сон од времето.
« Последно менување: 05 Февруари 2019, 00:13:04 am pirat_07 »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #7 на: 04 Февруари 2019, 17:08:09 pm »
Чекај чекај! Ова беше она со активен спојлер? :D

Пред сите A7-ци и слични возила?

@InSides да, баш така. Се отвара на 120 на саат а се затвара на 50 мислам. Општо е позната изреката дека Корадото било пред своето време.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10032
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #8 на: 04 Февруари 2019, 17:12:22 pm »
Скоро го гледав видеото


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #9 на: 04 Февруари 2019, 17:18:30 pm »
Момци, браво, само напред!

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #10 на: 04 Февруари 2019, 17:34:36 pm »
убава кола бесно и брзо изгледа и прави ќејф а ќејфот нема цена. Ако можеш да ја крепиш потрошувачката ќе и се изнавозиш

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 807
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #11 на: 04 Февруари 2019, 18:07:48 pm »
Според мене еден од најдобрите модели што излегол од Волфсбург. Со лесно да напредува проектот. 😀

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #12 на: 04 Февруари 2019, 21:28:27 pm »
Убаво! Со задоволство ќе следам!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #13 на: 04 Февруари 2019, 23:32:02 pm »
Фала ви за поддршката другари.

@Mikius го знам видеото, од надвор колата е убаво средена иако лично не ми се допаѓа ентериерот како е направен и тие кутии што ги правеле во багажник.

Намерно не спомнав што планирам со моторот оти планови се менуваат секогаш. Веќе спомнав Корадото е Г60 оригинално излезено од фабрика, склопено е во Оснабрик поточно, прва половина на 1991 година. Ги имам дури кодовите од опремата што ја имало од фабрика.

Е сега, 2.9 ВР6 моторот има повеќе КС и 24 вентили но имаат послабо ланче, додека 2.8 може се послаби но затоа се поиздржливи. Веќе имам ВР6 2.8 на располагање и планот ми е тој мотор да се монтира во колата. Во контакт со една америчка компанија настана муабет за тој мотор и што може да се подобри без големи хардверски преправки и така си добив чип кој е монтиран и пробан... верувајте моторот доби на сила многу повеќе. Лично немам возено Г60 мотор иако би сакал да имам можност, но секој со кој што зборев за него нагласува дека имаат чести дефекти на истиот.

Отсутен Chaki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
  • 6N2 ТDI
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #14 на: 05 Февруари 2019, 08:57:06 am »
So srekja so proektot, eve edno motivaciono video cim si se resil so vr6 da odis 😉

https://youtu.be/kNnsw-ZiyBE