Неофицијално, по завршувањето на трката во Мексико, Ред Бул пријавиле во ФИА дека Ферари користат „нелегален мод„ на моторот кој им дава недозволена предност пред конкурентите. Според информациите што успеав да ги ископам, Ред Бул прашале дали можат и тие да го користат тој мод, затоа што ФИА знаела за „изумот„ на Ферари, но молчела. На тоа ФИА одговориле дека, Ред Бул не смеат да користат недозволени модови на моторот.
Како резултат на тоа ФИА издава „директива„ на правилата за моторот непосредно пред трката во САД. Тоа во превод значи дека, секој што нема да ги почитува надоградените правила за моторот веднаш, ќе биде обвинет за мамење.
Резултатот е евидентен, Ферари се вратија на бедните перформанси кои ги имаа пред летната пауза.
Ред Бул и Мерцедес знаеле за нелегалниот „мод„ на Ферари, и бидејќи ФИА тоа го криела, од неа побарале и тие да го користат истиот „мод„ или во спротивно ќе поднесат официјална жалба. Доколку се случи тоа, Ферари ќе беа посрамотени и казнети дебело, најверојатно со дисквалификација од шампопнатот целосно, но ФИА одлучи да се дообјасни со правилата и Ферари да се повлече. Затоа на трката во САД, Ферари беа во лоша кондиција.
Неофицијално, модот што Ферари го користеле имал некаква „чудна„ употреба на масло од болидот за да го вртат моторот над максимум на правците. (за ова немам многу информации, сеуште информациите се на ниво на инсајдерски шпекулации)
Ако внимателно ги следите изјавите на Верстапен, Хамилтон, Волф во САД ќе видите дека сите индиректно ги пецкаат ФИА и Ферари за ситуацијата.