Автор Тема: Formula 1 - Season 2019  (Прочитано 5464 пати)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #135 на: Април 14, 2019, 19:16:50 pm »
Тие што се за Ферари малце по-објективно да гледаат на работите. Ако заради возачките способности на Ветел не победиле лани или па оваа година како што тргна ондак Раиконен што не победи лани? Болидот едноставно не е на ниво на Мерцедес, уствари никој не е на ниво на Мерцедес.

Во целиот спорт како што е поставен, а веројатно и во голем дел професинални спортови, разликите ги прават голем број компоненти кои треба да ги доведеш (и или издигнеш над очекувањата) до најдобро ниво и да ги искористиш своите предности. Мерцедес ниту минатата ниту оваа година може да си ги препише на тоа дека болидот е толку супериорен што не мора да му ја мисли многу, туку „седни-вози - победи“ како во 2017 што испердашија. Лани во многу случаи се покажа дека Мерцедес е јак на многу полиња, па дури и на праење маалски финти кога видоа дека Ферари незнејќи што да прават гледаат кај нив во бокс што прават, па неколку пати ги излетаа како мајмуни.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 653
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #136 на: Април 14, 2019, 19:41:19 pm »
Да ја киднапирам темава - има некој линк за да гледам MotoGP на интернет?

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2012
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #137 на: Април 16, 2019, 00:43:17 am »
Ферари ниту лани нити оваа година немаат појма од стратегија, и да имаат подобар болид незнаат да го искористат тоа.
Плус додади на тоа неколку катастрофа грешки од возачите и резултатот е тој..

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17365
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #138 на: Април 16, 2019, 01:37:10 am »
Него што се деси со Ботас,цел викенд беше најбрз и на трка ко да му скинаа 20 коња..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 35065
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #139 на: Април 16, 2019, 07:04:09 am »
Него што се деси со Ботас,цел викенд беше најбрз и на трка ко да му скинаа 20 коња..
Што се деси со кoj?! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17365
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #140 на: Април 16, 2019, 12:20:12 pm »



 ::)

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #141 на: Април 16, 2019, 13:47:27 pm »
Него што се деси со Ботас,цел викенд беше најбрз и на трка ко да му скинаа 20 коња..

Мислам дека уште на квалификации му ја скинале дваеската. Имаше одлична споредба на некое видео за возењето на Хамилтон вс Ботас во последниот квалификациски круг. Хамилтон некаде на средина на патеката беше во предност и пред последната кривина имаше скоро две десетинки предност. Ботас таму влезе во ризик јак и успеа да го помине на само една кривина, но Хамилтон беше исто брз или нешто побрз во сите останати сегменти од патеката.

Отсутен Power to the people

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2271
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #142 на: Април 17, 2019, 07:57:20 am »
Еден е сетапот на квалификации друг на трка, и тоа што изгубе на стартот си ја запечате судбината. Па и Ботас не ни памтам некогаш да бил некој ловџија, еден пред него да има и како програмиран е, го следи само.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3632
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #143 на: Април 18, 2019, 14:32:45 pm »
Никој не го прокоментира можеби најинтересниот момент минатава недела. Ѕверови!



Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3024
Одг: Formula 1 - Season 2019
« Одговори #144 на: Април 18, 2019, 15:14:44 pm »
Никој не го прокоментира можеби најинтересниот момент минатава недела. Ѕверови!



Вака се организира тактика:

https://www.instagram.com/p/BwOwDAhASHe/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Осум гуми за 6 секунди