Автор Тема: Ново возило до 18000 евра  (Прочитано 9189 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44233
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #210 на: Февруари 12, 2019, 11:05:08 am »
Повели.

А CHR ќе го провериме со зеро, најмал проблем е тоа. Да видиме на 120 и на 140кмч колку троши на стандарден тест на обиколница.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #211 на: Февруари 12, 2019, 11:09:09 am »
Ова што постира не е просек, земал снима баткава со камера у рука 10 секунди и според тоа вади просек. Ти постирав просек со возење одредена километража според џпс и ресетирање борд при секое ново мерење. Баткиве имаат хируршки точно мерења на просечна потрошувачка во градски услови, 90 и 140км/ч. Нема утка со овие.

Тојота CH-R хибрид

90км/ч троши 4.2 литри
140км/ч троши 10.2 литри
градска 3.4 литри (спокојна вожња)



Karoq 1.5 tsi

90км/ч троши 4.6
140км/ч троши 9.3
градска 8.3 (спокојна вожња)


Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 176
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #212 на: Февруари 12, 2019, 11:15:58 am »
Секако, затоа и ги возиме возилата. Затоа и има тестови на Cаrclub. Ете погоре и статистики од луѓе кои ги возат тие возила секојдневно, не се каталошки бројки.

Ако мислиш дека CHR hibrid ќе има слична потрошувачка со 1.5TSI DSG во Карок пак би сакал да ти посочам дека имаш несоодветни информации. Во град разликата е многу поголема во корист на CHR со сигурност. А на отворено би те замолил да пробаш уште еднаш ако имаш шанса. Во што е можно поконтролирани услови. Ќе увидиш дека Карокот на 120кмч троши околу 8,0-8,2л/100км, а CHR е околу 6,0-6,2л/100км. Додека Карокот на 140кмч троши околу 9,6-9,8л/100км, а CHR троши околу 7.8-8,0л/100км, според моето искуство.
@Deni во ред е, јас кажав мое искуство, кој сака може да го прифати како релевантно, кој не сака не мора.

Инаку од цела математика што ја правиш грешката барај ја кај потрошувачката на Karoq-от на 120км/ч и 140 км/ч. Потрошувачката на CH-Rот ти е за малку оптимистична, но ништо страшно :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #213 на: Февруари 12, 2019, 11:17:02 am »
Уствари на крај испадна при 140км/ч тојотата троши за литро повеќе од карокот. Јебига.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44233
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #214 на: Февруари 12, 2019, 11:18:39 am »
Секако, затоа и ги возиме возилата. Затоа и има тестови на Cаrclub. Ете погоре и статистики од луѓе кои ги возат тие возила секојдневно, не се каталошки бројки.

Ако мислиш дека CHR hibrid ќе има слична потрошувачка со 1.5TSI DSG во Карок пак би сакал да ти посочам дека имаш несоодветни информации. Во град разликата е многу поголема во корист на CHR со сигурност. А на отворено би те замолил да пробаш уште еднаш ако имаш шанса. Во што е можно поконтролирани услови. Ќе увидиш дека Карокот на 120кмч троши околу 8,0-8,2л/100км, а CHR е околу 6,0-6,2л/100км. Додека Карокот на 140кмч троши околу 9,6-9,8л/100км, а CHR троши околу 7.8-8,0л/100км, според моето искуство.
@Deni во ред е, јас кажав мое искуство, кој сака може да го прифати како релевантно, кој не сака не мора.

Инаку од цела математика што ја правиш грешката барај ја кај потрошувачката на Karoq-от на 120км/ч и 140 км/ч. Потрошувачката на CH-Rот ти е за малку оптимистична, но ништо страшно :)
За CHR може да провериме лесно. Тоа е решливо. Ама Карок 1.5TSI DSG ретко се наоѓа за да може да направиме соодветна споредба. :) Ќе мора да асистираш. А може и Атека или Тигуан... Исти се.

Секако логично е при купување да се избере поаеродимамично возило од овие - ама тоа е друг муабет.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 176
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #215 на: Февруари 12, 2019, 11:31:31 am »
Најбитно е да се одбере поаеродинамично возило ако веќе го правиме тој муабет :) Висината кај овие возила и не дава баш некоја предност, освен дека се возиш со Џип :) Ова е за жал доста тешка тема за објаснување на нашиот народ :)

А побитно и од најбитното е да не се одбере возило со CVT :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2559
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #216 на: Февруари 12, 2019, 12:30:58 pm »
Најбитно е да се одбере поаеродинамично возило ако веќе го правиме тој муабет :) Висината кај овие возила и не дава баш некоја предност, освен дека се возиш со Џип :) Ова е за жал доста тешка тема за објаснување на нашиот народ :)

А побитно и од најбитното е да не се одбере возило со CVT :)

Се согласувам со @andrej_111

CVT  е најлошиот мехатронички склоп што може да го купи некој потрошувач во возило.

Тојота го наметнаа како хајп и нешто фенси, со цел да го прикријат неуспехот на развојот на турбо мотори. Пред 10+ години, ВАГ групацијата се насочи кон усовршување на турбо моторите, прво дизелските, а после и бензинските мотори.

Паралелно во тој период Тојота извади Приус и слични хибриди во Лексус, ама не очекуваше дека ТДИ е стане огромен тренд кој што направи растур по пазарите, а во поново време ТСИ.

Сега Тојота се обидува да протне "нова генерација" на хибриден погон во фенси спакувани возила со атмосферски бенсински агрегат, додека конкурентите штанцаат турбо бензин и подготвуваат Хибриди со ДСГ менувач и турбо бензинец под хауба.

Ќе оставиме времето да покаже каков ќе биде исходот, ама мислам дека пазарот за хибридни возила многу бргу ќе и избега на Тојота ако не успеат да понудат пакет кој е биде конкурентен со оној на ВАГ.

Намерно ги ставам ВАГ групација во споредбата затоа што хибридните погони на Мерцедес, БМВ и останатите не се споредливи со оние на Тојота, не затоа што не чинат, туку затоа што Тојота самите одлучија да ловат клиенти на среден и низок опсег на пазар. Соодветно на тоа и возилата им се пластика+лим+батерија. Со исклучок на лексус.

Отсутен ficomk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2991
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #217 на: Февруари 12, 2019, 13:10:26 pm »
Можам да споделам потрошња на Приусот, просечна после 2 години, претежно град, но и возена на отворено низ МК, нешто ситно под 6 литри, што не е баш малце, толку и бензинците трошат.
А менувачот не го коментирам, мене ми е безвезе, ама целосно удобна и фина вожња има и на отворено.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #218 на: Февруари 12, 2019, 13:17:53 pm »
Тојота (како и многу јапонски бизниси) си работат на долг рок и сега дојде нивното време на големо да тропнат во Европа. Во Јапонија, Азија и Америка прават парче така да дали во Европа ќе продале повеќе турбо бензинци или хибриди ама ич не е меродавен податок. Тек сега доаѓа времето кога хибридната технологија се повеќе ќе се употребува, а Тојота од мнооогу одамна си ја има фатнео работата така да не гледам ништо друго освен долгорочен успех за Тојота и во Европа.


Отсутен mkm

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 614
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #219 на: Февруари 12, 2019, 14:24:46 pm »
Темава за шо беше?

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2559
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #220 на: Февруари 12, 2019, 14:30:54 pm »
Темата беше за најпрагматичен избор на возило во вредност до 18.000 евра.

Дебатата се разводни и завршивме во реперкусија дека хибридните возила се добра инвестиција.

Пред некоја страна имаше хибриден аурис по супер цена со едвај 1000 километри на тахо. И тука дискусијата сопре неколку денови. Најверојатно затоа што сите што се џилитат дека ќе купат хибрид ќе отидат и како попчиња ќе си купат дизел/бензин.

Така да хибридот е супер во теорија и за дискусии за на форум, ама кога треба да искешираш пари да го купиш, тогаш идеш и гледаш што има друго, јер "ебати батериите, ќе си земам јас кола нормална".


Вака би изгледал еден суштински сублимат на целокупново јадење наполитанки на 15 страни.



А, да и Киа Спортаж да не заборавиме. Ама долга е таа, да не ја почнувам.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #221 на: Февруари 12, 2019, 17:24:58 pm »


10 години иста кола да возиш?
Site znaeme kakov e standardot kaj nas i deka nemoze da gi kopirame "zapadnjacite" vo mnohu raboti, pogotovo za kupuvanje novi koli.
Za nasi uslovi ne e nisto neobicno nekoj da kupi nova kola i da ja vozi poveke od 10 godini. Mnogu se retki tie sto moze da si dozvolat da dadat 18000eur za kola, epten pomalku tie sto moze da dadat 40.000eur.
Iako poslednive 5-7 godini, so uvozot na 300k+ km-tarski "novi" koli za koi "nisto ne se toa km" ili "stotuku razvozeni", se dojde i do taa komocija, da moze da menjas koli koga ke ti tekne.
Sepak, komentarot mi zvuci mnogu pogresno, duri i potcenuvacki.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2014
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #222 на: Февруари 13, 2019, 00:21:50 am »
http://mirkat.com.mk/suzuki/cars/new-cars/vitara-2018/vitara/2018/vitara-2018/index.html

Џипче, до 18 илјади ..
Боље понуда од витара, тешко да има

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44233
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #223 на: Февруари 13, 2019, 08:30:41 am »
Секако, затоа и ги возиме возилата. Затоа и има тестови на Cаrclub. Ете погоре и статистики од луѓе кои ги возат тие возила секојдневно, не се каталошки бројки.

Ако мислиш дека CHR hibrid ќе има слична потрошувачка со 1.5TSI DSG во Карок пак би сакал да ти посочам дека имаш несоодветни информации. Во град разликата е многу поголема во корист на CHR со сигурност. А на отворено би те замолил да пробаш уште еднаш ако имаш шанса. Во што е можно поконтролирани услови. Ќе увидиш дека Карокот на 120кмч троши околу 8,0-8,2л/100км, а CHR е околу 6,0-6,2л/100км. Додека Карокот на 140кмч троши околу 9,6-9,8л/100км, а CHR троши околу 7.8-8,0л/100км, според моето искуство.
@Deni во ред е, јас кажав мое искуство, кој сака може да го прифати како релевантно, кој не сака не мора.

Инаку од цела математика што ја правиш грешката барај ја кај потрошувачката на Karoq-от на 120км/ч и 140 км/ч. Потрошувачката на CH-Rот ти е за малку оптимистична, но ништо страшно :)

Повели тест од вчера на темава. 6.3 просечна потрошувачка на 120кмч (125 по темпомат)

Денес беше направен официјалниот CARclub Супер-Научен Тест На Потрошувачката Од Белви до Сарај и Назад (тм).

Борд компјутерот покажа 6.3.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен miksi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Ново возило до 18000 евра
« Одговори #224 на: Февруари 13, 2019, 10:12:26 am »

Повели тест од вчера на темава. 6.3 просечна потрошувачка на 120кмч (125 по темпомат)

Денес беше направен официјалниот CARclub Супер-Научен Тест На Потрошувачката Од Белви до Сарај и Назад (тм).

Борд компјутерот покажа 6.3.

Што е многу, многу е.