Автор Тема: Враќање данок на возило купено во Германија  (Прочитано 25443 пати)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Јас лично имам вратено данок на кола од Германија, ако на некој му треба помош и повеќе инфо можам да му помогнам околу ова.. :)

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6885
  • хаУс мајстор
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #1 на: 07 Јануари 2019, 23:17:01 pm »
Не е лошо да споделиш тука.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2019, 02:03:19 am »
Во интерес на сите ќе одвојам време да напишам поголем пост, се надевам ќе биде од корист.
Неколку работи што треба да ги знаете за процедурата за повраток на ПДВ данок на возило (19%) од Немачка.
Нема гаранција дека секогаш ќе ги добиете парите, во неколку случаеви се има десено да ги имаш сите документи, и пак да не биде исплатено поради некоја си причина.
За да имаш право на повраток на данок, мора да го купиш возилото од Авто куќа или од фирма. Од приватно лице не можеш да повратиш данок.
Мораш да ја имаш бруто сумата во џеб. Пример ако колата кошта 10,000еур бруто, а 8100 нето. Ти мораш да имаш 10,000 без разлика на нето цената.
Пример одиме да купиме Голфче од 10,000еур. Мораш да му ги платиш тие пари на продавачот.
Од тука најпаметно е да го замолите да ви помогне да извадите цол табли и следниве документи напишани подолу, бидејќи сами ќе се снајдете ама ќе изгубите многу живци, време.... Исто така секогаш договорете се пред време со продавачот за исплаќањето на данок, за да бидете на сигурно.
Откако ќе ги средите овие работи треба да немате 10,000 еур во џеб, а да имате:
- Вашата нова кола.
- Zoll (Еxport) таблички за извоз на неа.
- Kfz-schein (Сообраќајна дозвола)
- Kfz-Brief (Книшка за сопственост)
- Ausfuhrdokument (Документ за извоз на роба од ЕУ)
- Kaufertag - Купопродажен договор ( за мафијашиве кај нас...)
Од тука палиш голфчето, гаста бетон накај македонија.
МНОГУ БИТНО: На излез од Европска Унија мораш да запреш. Ако си доаѓаш преку Маџарска треба да запреш таму, на нивната граница. Или ако си доаѓаш преку Словенија, запираш кај нив. Истото важи од каде и да доаѓаш запираш во последната држава од ЕУ, на нивната царина одиш и учтиво ги замолуваш да добиеш печат штембил дека колата ја напуштила европска унија. Гледајте да не заборавите на ова бидејќи ако ја поминеш границата, гадовите не те пуштаат да се вратиш, маџарите и словенците иста марка се за тоа. ( Претежно овде кај што се чека за печат има многу гужва, па бидете стрпливи, без нервоза)
Од тука идеш кај нас во Македонија. Влегуваш на царина. Ја ставаат колата на вага и ја носиш на паркинг. Ти прават документ. Со купопродажниот договор и документот за прием на царина одиш во Шпедиција да ти направат документи кои треба потоа да одат на терминал каде што ќе си ја цариниш колата ( по твој избор). Имаш рок 24-48 часа да ја однесеш колата на терминал, потоа ти ја царинат, вадиш хомологација и си ја регистрираш колата.
Сега со документот (Ausfuhrdokument) кој има печат дека си ја напуштил ЕУ, и со SCAN од македонска собраќајна и таблички, му ги праќаш документите или одиш кај продавачот што ти ја продал колата. Тој ти ги исплаќа парите 19% од данокот. Твојата кола кошта 8100 еур. :)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2019, 04:57:25 am »
Твојата кола кошта 8100 еур. :)

А кај нас да платиш 18% ддв?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2130
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2019, 08:29:57 am »
@BrziGonzalez Како што те разбрав, кај нас во Македонија, плаќаш ДДВ во секој случај, без разлика дали за купената кола во странство ти го вратиле данокот (од фирмата таму) или не?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29138
    • CARclub.mk
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2019, 08:34:45 am »
Еве, нека си биде во посебна тема.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2019, 11:56:04 am »
Твојата кола кошта 8100 еур. :)

А кај нас да платиш 18% ддв?
Нема кај нас никаков ддвза колата, плаќаш царина, тив хомологација. И колата е спремна за регистрирање.
Ова со враќање за данок е само за тие возила што ги гледаме на мобиле.де со бруто и нето цена.
Ако купуваш од приватен газда не можеш  да добиеш ништо назад. 
Пс: тие 18% ддв што ги спомна се на вредноста на царината и секако ги плаќаш.. спаѓаат во таа цена
« Последно менување: 08 Јануари 2019, 12:13:37 pm BrziGonzalez »

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43369
  • Il Moderatore
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2019, 12:23:37 pm »
18% ДДВ се плаќа на целата сума. Односно проценета вредност на колата, транспортни, царински трошоци ако има и царина (јас имав 5% царина), и на крај ти лупаат 18%.
Јас кола купував од приватњак во Германија, немаше ни одбиток на германски ДДВ ни фактура со изјава за европско потекло (ЕУР1), па согласно си платив 5% царина.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2019, 12:27:11 pm »
18% ДДВ се плаќа на целата сума. Односно проценета вредност на колата, транспортни, царински трошоци ако има и царина (јас имав 5% царина), и на крај ти лупаат 18%.
Јас кола купував од приватњак во Германија, немаше ни одбиток на германски ДДВ ни фактура со изјава за европско потекло (ЕУР1), па согласно си платив 5% царина.
Прав си.
Еуро1 сега скоро знам дека тешко се зима од Германија. Знам дека во Бугарија прават без проблем ама за поевтини  коли не знам колку е исплатливо

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8056
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2019, 22:17:03 pm »
МНОГУ БИТНО: На излез од Европска Унија мораш да запреш. Ако си доаѓаш преку Маџарска треба да запреш таму, на нивната граница. Или ако си доаѓаш преку Словенија, запираш кај нив. Истото важи од каде и да доаѓаш запираш во последната држава од ЕУ, на нивната царина одиш и учтиво ги замолуваш да добиеш печат штембил дека колата ја напуштила европска унија.
Благодариме за исцрпниот пост.
Многу важно, на кој документ конкретно да биде ставен печатот при излез од ЕУ?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #10 на: 08 Јануари 2019, 22:34:10 pm »
На тој што ти го спремаат за да го искористиш за поврат на данок.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6333
  • Бенве сие бенве
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #11 на: 08 Јануари 2019, 22:34:51 pm »
Јас купив голф 5 во 2012 и вратив данок. Мислам требаше да се наведе и на која граница излегуваш. Имам заборавено од тогаш.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #12 на: 08 Јануари 2019, 22:37:45 pm »
Јас купив голф 5 во 2012 и вратив данок. Мислам требаше да се наведе и на која граница излегуваш. Имам заборавено од тогаш.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Нормално дека треба да има наведено. И тоа да стои во документите што се спремаат од Германија. Ако имаш ЕУР.1 исто наведуваш која земја/гранична испостава ти е последна ЕУ граница. Ама Гонзалез е брз на уста со пљукни-залепи муабети.


пс. До после ќе излезе дека и кауфертаг всушност е Kaufvertrag и во него баш се внимава што се запишува затоа што нема потреба од заверки на нотар и нема кој да ти ги отвори очите.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #13 на: 09 Јануари 2019, 01:44:59 am »
Јас купив голф 5 во 2012 и вратив данок. Мислам требаше да се наведе и на која граница излегуваш. Имам заборавено од тогаш.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Нормално дека треба да има наведено. И тоа да стои во документите што се спремаат од Германија. Ако имаш ЕУР.1 исто наведуваш која земја/гранична испостава ти е последна ЕУ граница. Ама Гонзалез е брз на уста со пљукни-залепи муабети.


пс. До после ќе излезе дека и кауфертаг всушност е Kaufvertrag и во него баш се внимава што се запишува затоа што нема потреба од заверки на нотар и нема кој да ти ги отвори очите.
Луки само сакам да помогнам некој член да заштеди ако може. Немам лоши намери, доколку имаш време и си поупатен, напиши нешто повеќе инфо бидејќи и мене ме интересира да знам нешто повеќе

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Враќање данок на возило купено во Германија
« Одговори #14 на: 09 Јануари 2019, 08:54:04 am »

Пс: тие 18% ддв што ги спомна се на вредноста на царината и секако ги плаќаш.. спаѓаат во таа цена
18% ДДВ се плаќа на целата сума. Односно проценета вредност на колата, транспортни, царински трошоци ако има и царина (јас имав 5% царина), и на крај ти лупаат 18%.

Во првата ситуација, колата ќе биде 8100 евра + 5% царина (405е) + 18% ддв на царината (околу 80е) = околу 8600 евра.
Во втората ситуација колата ќе биде 8100 евра + 5% царина + 18% ддв на цела сума односно околу 10000 евра.

Не е баш исто. Кое е точно сега?