Автор Тема: Чуден проблем со мануелен менувач  (Прочитано 2323 пати)

Отсутен Nikolaj96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Чуден проблем со мануелен менувач
« на: 29 Декември 2018, 09:53:45 am »
Здраво дечки ве молам за помош, имам чуден проблем кој што се мачам да го решам долго време, па решив да се обратам овде.
Се работи за audi a3 2.0 tdi 2006 со 6 степенски мануелен менувач, колата ја поседувам 2 години. Имам проблем при менувањето на брзини повеќе од 1 година, кога ја земав колава менувачот шалташе без проблем се додека не се појави проблем со замаецот, го променив цел сет (потисна, ламела, замаец и друк лагер) од марката лук но проблемот не се реши. Проблемот е во тоа што при менување брзини од 1ва до 4та на рачката од мењачот осеќам отпор манифестиран со чудно гребење како рачката да удира во нешто. Доколку при менувањето брзина почекам една до две секунди отпорот го снемува. Исто така во 1 и 2 брзина кога ќе дадам гас рачката на мењачот се мрда, кумплугот е прилично тврд и ламелата одвојува многу ниско на некои 3цм што мислам дека не би требало да биде така. Кога времето надвор е поладно проблемот е зачестен, а кога колава ќе загрее малце е поблаго менувањето ама проблемот е сеуште тука. До сега променив уље во менувач кај митревски но тоа не смени ништо. Ве молам споделете мислење или искуство доколку сте имале ваков проблем. Фала однапред .
« Последно менување: 29 Декември 2018, 10:32:32 am Nikolaj96 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #1 на: 29 Декември 2018, 10:40:54 am »
Држачи на мотор и/или менувач, гумици на шипките кои ја поврзуваат рачката со менувачот или пак сајли за менувач (зависи каква е изведбата), главна и/или споредна пумпа за куплунг, и на крај, капут менувач.

Почни со процес на елиминација на овие ствари, јас би рекол да погледнеш прво кај држачите со оглед на тоа што рачката се мрда при забрзување и успорување.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5718
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #2 на: 29 Декември 2018, 10:50:27 am »
Drzaci kako sto vika martin I dali ispustivte vozduh od pumpata hidraulicna koga go menuvase setot?

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #3 на: 29 Декември 2018, 11:00:39 am »
Проблемот ти е во тоа што има нешто промашено во новиот сет и кога стискаш куплунг не ти ја одвојува убаво ламелата и со тоа синхроните во мењачот не го застануваат запчаникот од брзината и ти се јавува тој отпор и гребење пред да влезе во брзина.

Значи проблемот е или промашени коти меѓу замаец, ламела и потисна или проблем со пумпите горна и долна за куплунг (можно е и воздух во систем да има). Јас викам дека е првото.

Држачите не ти се прво зошто истоте држачи ти биле и пред промената на сетот, а второ моторот и мењачот треба ептен да рипаат па да ти влијае на шалтање.

Отсутен Nikolaj96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #4 на: 29 Декември 2018, 11:25:37 am »
Воздух немаме испуштено од пумпите знам дека мајсторот одврти еден шраф кај сајлите и истече малце глицерин и ми рече дека нема воздух во системот, но мене малце ме зачуди како го констатираше тоа со само одвртување на едно штрафче. А во врска со држачите кога го гасам моторот поприлично затресува и се слуша како метален звук.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #5 на: 29 Декември 2018, 11:28:21 am »
Воздух немаме испуштено од пумпите знам дека мајсторот одврти еден шраф кај сајлите и истече малце глицерин и ми рече дека нема воздух во системот, но мене малце ме зачуди како го констатираше тоа со само одвртување на едно штрафче. А во врска со држачите кога го гасам моторот поприлично затресува и се слуша како метален звук.
Замаецот е 100%, очигледно ти го учукале.

Отсутен Nikolaj96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #6 на: 29 Декември 2018, 11:36:08 am »
Не верувам дека ме заебале затоа што сетот го купив лично од мега ауто партс и плус кога се монтираше бев таму  :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #7 на: 29 Декември 2018, 11:48:23 am »
Не верувам дека ме заебале затоа што сетот го купив лично од мега ауто партс и плус кога се монтираше бев таму  :)
Екстра, сега пак така да направиш.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7298
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #8 на: 29 Декември 2018, 11:56:53 am »
Прочитај уште еднаш што напишал Ideux, и врати се таму каде што си го купил и монтирал сетот да се пожалиш.

Отсутен Nikolaj96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #9 на: 29 Декември 2018, 12:03:10 pm »
Фала дечки, после празнициве ќе ја оставам на сервис и ќе им речам да ги проверат сите овие работи.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #10 на: 29 Декември 2018, 13:11:47 pm »
Проблемот ако добро сфатив бил идентичен и пред и после промената на замаецот/сетот, затоа и сите тие работи беа мој предлог.

Отсутен Nikolaj96

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Чуден проблем со мануелен менувач
« Одговори #11 на: 29 Декември 2018, 13:29:29 pm »
Точно, проблемот е идентичен и пред и после промената на сетот, само што го снема она тропкање од замаецот и моторот работи доста по мирно.