Автор Тема: плимонт = скапа превара  (Прочитано 46744 пати)

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
плимонт = скапа превара
« на: 17 Декември 2018, 18:03:12 pm »
би сакал да споделам искуство на еден другар што го имаше со плимонт денес.
возилото кое го однесе е Opel Calibra 2.0 16v C20XE (150hp), со предходно намонтиран landi omegas evo плин. Проблематиката која требаше плимонт да ја решат е да залемат 8 жици (да направат bypass на бензинските дизни - бидејќи беше заменета цела бензиска моторна инсталација, и плинот не беше поврзан- (електрично)) и евентуално да се прештелува плинскиот компјутер. калибрата ја примија во 8 сабајле и за 2-3 часа беше извршена задачата (да се направи bypass), меѓутоа наместо да го искористат додатокот кој мојот другар им го даде (види атачмент - за да не ја сечат бензинската инсталација), тие си го земале, и ја искасапиле оригиналната бензинска инсталација. му наплатиле 20 еур за задачата. Откако го направиле ова, тврделе дека плинскиот компјутер е расипан бидејќи не чита импулс од дизните. но бидејќи немале софтвер за landi во Арачиново, го пратија во Аеродром таму да ја стават на дијагностика да видат што ке покаже. истиот ден другарот ја однесе колата и повторно за 2-3 часа му рекоа дека е готова колата. за да си ја земе му врачуваат фискална од 50 еур (3000 денари), со образложение - СЕРВИС. СЕРВИС?!?! каков сервис? ниту филтерот ниту никаков физички дел не беше сменет. го начекале дека не се разбира и си заработиле лесни пари.

« Последно менување: 17 Декември 2018, 18:11:20 pm Indigo »

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #1 на: 17 Декември 2018, 19:18:48 pm »
Безвезе работа... Бевте таму лице во лице да се разберете? Што ви викаат?

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #2 на: 17 Декември 2018, 19:21:40 pm »
Безвезе работа... Бевте таму лице во лице да се разберете? Што ви викаат?

јас кога ја видов колата веќе беше 6 часот и во плимонт беше затворено. кога отворив хауба, кога видов инсталацијата искасапена ми стана јасно дека нема назад. бар да го врателе тоа додатокот бидејќи веќе не се прават такви.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #3 на: 17 Декември 2018, 19:24:29 pm »
И да си во право, што не викам дека не си, фер е прво да пробаш да се објасниш со нив за да не има некое недоразбирање па после да пишеш на форум.

Иначе нит имам плин, нит планирам да местам, нит имам врска со Плимонт :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #4 на: 17 Декември 2018, 20:31:35 pm »
Дали додатокот е ланди? Дали тој додаток пасува фабрички на тој систем од Ланди?
Немаш слика од цел додаток... Ако ‘додатокот’ не е дел од овој ланди систем не гледам зошто некој е должен да го вградува. Сепак за тоа би требало многу повеќе време и живци.
« Последно менување: 17 Декември 2018, 20:48:05 pm nikola_bb »

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #5 на: 17 Декември 2018, 20:35:29 pm »
@plimont се член на форумот. Да видиме што ќе кажат тие.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #6 на: 17 Декември 2018, 22:34:10 pm »
И да си во право, што не викам дека не си, фер е прво да пробаш да се објасниш со нив за да не има некое недоразбирање па после да пишеш на форум.

Иначе нит имам плин, нит планирам да местам, нит имам врска со Плимонт :)

што има да се објаснувам со нив, 2 превари во 1 ден. прво, му го земале додатокот кој не е ставен кај него на кола, второ му земале 50 еур без образложение што направиле.

Дали додатокот е ланди? Дали тој додаток пасува фабрички на тој систем од Ланди?
Немаш слика од цел додаток... Ако ‘додатокот’ не е дел од овој ланди систем не гледам зошто некој е должен да го вградува. Сепак за тоа би требало многу повеќе време и живци.

додатокот не е ланди, но одговара на БИЛО кој плински систем со секвенционално вбризгување. и да не одговара, а одговара -> требало ДА ГО ВРАТАТ.

Отсутен plockaMK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 86
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #7 на: 18 Декември 2018, 02:29:52 am »

Не ги знам Плимонт, али сметам дека треба другарот да дојде и да се пожали. 
Добро е да ја слушнеме и другата страна од приказната.

Второ ако толку се разбираш си требало да ги наместиш ти работиве.
Не требало да ја носете на сервис,
Ќе си го спасел другаров од пари давање.
Секое одење во сервис и монтажи се плаќа, е сега дали е многу или малку тоа не навлегувам.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #8 на: 18 Декември 2018, 08:03:00 am »
Stom ne e Landi za mene tuka muabetot zavrsuva.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #9 на: 18 Декември 2018, 09:42:42 am »
Stom ne e Landi za mene tuka muabetot zavrsuva.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk

Или си двоцифрен или си трол, плимонт зеле нешто што не им припаѓа. Ти да однесеш на вулканизер мишелин да ти стават на кола, тие да си ги земат и да ти стават нексен, како ќе се осеќаш?!

#мал update, сега се јавив во плимонт да го побарам назад тоа ме убедуваат дека е ставено на кола а повеќе од очигледно дека не е.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #10 на: 18 Декември 2018, 11:27:22 am »
Stom ne e Landi za mene tuka muabetot zavrsuva.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
Ти да однесеш на вулканизер мишелин да ти стават на кола, тие да си ги земат и да ти стават нексен, како ќе се осеќаш?!
Лошо, мене ми го направија отприлика тоа во Пнеуматик Аеродром, отидов да ми сменат летни/зимски. Отидов со 4 пирели се вратив со 2 пирели и 2 нексен...приметив следната година.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6298
  • Бенве сие бенве
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #11 на: 18 Декември 2018, 11:34:17 am »
Ај бе не дупи молец

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #12 на: 18 Декември 2018, 11:38:46 am »
Ај бе не дупи молец

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Најзбилно, пишав и во др тема за ова лани.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2582
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #13 на: 18 Декември 2018, 12:07:29 pm »
Dali na coekot mu povrzale sve kako treba, nasteluvale plinskiot ured, raboti dobro kolata na plin?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: плимонт = скапа превара
« Одговори #14 на: 18 Декември 2018, 16:45:19 pm »
Иако не знаеме во кое својство се јавува Индиго, а не клиентот, од почит кон колегите од форумот ќе ги споделиме информациите за дотичното возило.
Возилото Опел Калибра го посетило сервисот на Плимонт во Ченто. Клиентот донесол своја кабелажа за инјектори и побарал да се поврзат инјекторите на плинскиот уред со неа. Направено е поврзувањето со неговата кабелажа, но плинскиот уред со таа кабелажа не профункционирал.
Заради сомнеж дека е можен проблем и на плинскиот компјутер, а се работи за постар тип на плински уред  (Ланди Плус Макс кој веќе неколку години не се произведува) возилото е препратено во сервисот во Аеродром.
 Клиентот директно комуницираше со главниот сервисер на Плимонт, од чија страна е укажано дека проблемот најверојатно е во инсталацијата, со можност да има и дефектен  компјутер. Тоа што сакаме да потенцираме дека на клиентот е децидно кажано дека средување на инсталацијата ќе чини 3000 денари,  прашан е дали ќе одговара цената,  и тој се согласил на таа цена  и дал налог да се работи.
 Се направи детален преглед на плинскиот уред, се востанови дека кабелажата која ја донесол клиентот е дефектна. и дека е потребно ново преспојување на инсталацијата. Самата постапка траеше околу 3 часа, а притоа треба да се каже дека се работеи за 8-9 години стар уред, немаме информација каде е вграден но дефинитивно не е одржуван кај нас. Отстранета е проблематичната кабелажа, направено е ново поврзување и откако се осигуравме дека се е коректно поврзно, внесен е нов софтвер и направена е калибрација на плинскиот уред. Плинскиот уред  профункционира коректно и возилото е предадено на клиентот со функционален плински погон.
Кабелажата која ја донесол клиентот е во сервисот во Аеродром, може да се земе во секое време, на нас не ни треба, од такви  кабелажи за постари системи кои не се користат со години, имаме десетици пакети останати во магацин.