Автор Тема: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008  (Прочитано 9748 пати)

Отсутен MikiVW

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #15 на: 07 Декември 2019, 16:56:00 pm »
За мене еден од посимпатичните каравнчиња. Јас меркам 308ка која би ја зел во караван изведба кога би бил фамилијарен, ептен ми се свиѓа. Панорама, мултимедија, темпомат и по можност HDI со 90 коња кој е во гинис по потрошувачка за тоа време. Пежото е најпотценета кола за мене и најидеалната за наши услови. Кој не возел Пежо не знае што е вожња. Браво за изборот. Си мерел потрошувачка на отворено?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5668
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #16 на: 07 Декември 2019, 17:11:26 pm »
307 од караван има најдобра изведба по мое,207 и 308 позади ич не ме харесваТ.😁
И да,109кс повеќе ми се бендисуват 🙂

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2131
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #17 на: 10 Декември 2019, 09:13:29 am »
@riki_staff 109 кс те бендисува ама си има предности тој од 90 кс (нема толку многу проблеми со талогот на масленото сито, поефтина регистрација и зелен картон, некои немаат ДПФ)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5668
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #18 на: 10 Декември 2019, 10:10:54 am »
На мене ми изгледа исти моторот 90/109кс,така да проблемот со ситото е исто и кај тој мотор,уствари проблемот е шо у странство маслото го "смукат" а кај нас фино лепо од штопната се испушта и талогот излегува поголемиот дел.
За регистрација ич не се замарам оти е 50€ поскапа,битен е ќејфот 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 256
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #19 на: 21 Декември 2019, 08:16:08 am »
Тебе и бензинче ќе ти вршеше работа со оглед на километражата што ја поминуваш, за гумите најдобра опција таа што и сам си ја разгледувал, посебни бандажи (зимски 195/65/15 и летни исти или 205/55/16), најисплатлива комбинација
Ахх...не би навлегувал во такви експерименти, иако признавам добро е да се има 2 сета бандажи и гуми, ама не сум толкав ентузијаст. Побитно ми е да имам добри летни гуми, зима слабо возам, а кога има снег/мраз ич не возам :D Инаку во поглед на изборот бензин/дизел, прв избор ми беше Мерива 1.6 ама не успеав да најдам па се префрлив на избор што најдобро ќе најдам а поново. Ама кога ја правев калкулацијата, разликата отприлика беше колку за една регистрација заштеда со дизелот, што за семејство со една плата не е малку :)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 256
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #20 на: 21 Декември 2019, 08:22:56 am »
За мене еден од посимпатичните каравнчиња. Јас меркам 308ка која би ја зел во караван изведба кога би бил фамилијарен, ептен ми се свиѓа. Панорама, мултимедија, темпомат и по можност HDI со 90 коња кој е во гинис по потрошувачка за тоа време. Пежото е најпотценета кола за мене и најидеалната за наши услови. Кој не возел Пежо не знае што е вожња. Браво за изборот. Си мерел потрошувачка на отворено?
Сите караван изведби од Пежо ми се допаѓаат. 207, 307, 308, па дури и навидум гломазната 407. Засега со едно дете оваа ни е таман. Само 3 сме вакви во градов, на лик е ептен уникатна :) Инаку за гориво на отворено, ако веруваме на борд, околу 4-4.5 литри на 100 км. презадоволен од потрошувачка и си има доволно снага, 110кс е. Масло и сите филтри ги сменив кога ја зедов лани во ноември. Досега 7000 поминати км и си викам таман на пролет ќе дојде да се освежи со ново масло и филтри на некои 8-9000 км мислам дека ок е интервалов. И 2 нови летни гумчиња, да ги сменам предните се м+с да ги зачувам за другата зима

Забележав дека антифризот е на мин. Дали може слободно да дотурам нов, да биде барем на средина нивото?
« Последно менување: 21 Декември 2019, 08:30:31 am bobimk »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #21 на: 21 Декември 2019, 10:15:01 am »
Секако дека може, само стави соодветен. Ако е розев или портокалов мораш таков да ставиш, на гликолна база. Ако е зелен или син мораш ист таков на фосфатна база. Не смееш да ги измешаш.

Ко за постар турбодизел интервалот за сервис ти е тамам 7000-8000км.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 256
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #22 на: 10 Јануари 2021, 21:33:47 pm »
Чисто да си ја освежам темата :) иако со големо задоцнување. Пежото си доби нова регистрација во Ноември. Ме чинеше 11700 ден, со вклучена 500 ден картичка за бесплатна шлеп служба во државава. Одлично ме служи засега, без поголеми проблеми.
Тоа што беа забелешки од претходната регистрација (лева висача јабучица и два стабилизатори), беше решено заедно со малиот сервис во Мај 2020. Сменето масло и сите 4 филтри, се комплет ме чинеше околу 8000 ден. Треба да проверам точно колку беше по фактура. Мислам дека направив грешка со филтерот за гориво, кој се менувал на 20000+ км, но што е тука е, од ново нема зијан :) Следен пат, не го чепкам.
Климата беше наполнета за 1200 ден и без проблем ја истерав сезоната. Иако имав некои сомнежи дека можеби негде ми пушта фреон пошто во Мај месец не дуваше воопшто ладно, па имав понуда да менувам нов ладилник за клима (со монтажа 8000 ден), но сепак само решив да ја наполнам. На пролет ќе видам како е, ако пак не дува ладно, значи дефинитивно фреонот се губи во текот на зимата. Се спремам за 2 нови летни гуми и тоа е. Искористивме доста со ефтиниот дизел 2020, да се надеваме дека и оваа ќе биде слично. 
Поздрав и се најубаво во новата година!
« Последно менување: 10 Јануари 2021, 21:57:05 pm bobimk »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #23 на: 10 Јануари 2021, 22:44:48 pm »
"Боја" не ти ставија при полнењето на климата?

Со Меганот ми се случи да истекол фреон преку зима. Наполнето + боја, цело лето одлично ладеше.
Наредна пролет повторно немав ладење, повторно истекол преку зима.
Повторно на сервис, како да имало траги на боја кај цевките кај компресорот но не беа сигурни плус немале гумици за цевките. Ме пратија кај Митревски и они да погледаат, секако да ги смени гумиците на цевките и да ја наполнат климата.
Гледаа, наводно немало траги на боја.
На мое инсистирање тргнаа да ги менуваат гумиците, ги гледаа, као џабе ќе ги менуваат кога се во одлична состојба.
Се сложив да не ги менуваат, вратија се на свое место, наполнија фреон + боја со напомена чим осетам намалено ладење да отидам кај нив...
Наредни две зими не истече фреонот, односно наредни 2 сезони си ладеше беспрекорно, потоа го продадов Меганот.

Немој брзоплето да менуваш хладњак, дури можеби е поисплатливо да си полниш фреон секоја година чим ти издржува цело лето.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 256
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #24 на: 10 Јануари 2021, 22:57:26 pm »
@Mikius Првиот пат кога ја полнев, неколку месеци по купувањето (пролет 2018) полнењето беше со боја. Но, кога проверуваа лани пролетта, слично како тебе, наводно не можеле да зебележат траги. Можно е и намерно тоа да го кажале за да ме наведат да менувам хладњак. Слично мисење имав и јас, ако терам една сезона со 1200 ден полнење, не ми се исплаќа да чепкам да менувам хладњак. Последното полење беше без боја. Дали ако ја пуштам повремено зимава, и забележам дека лади, тоа би значело дека е ок? Или може да добијам погрешен заклучок поради зимскиве температури?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10125
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #25 на: 10 Јануари 2021, 23:07:37 pm »
Појма немам :)

За Меганот знам дека компресорот не уклучувашд испод некоја температура, не се сеќавам која беше.

Ако повторно ти истече фреонот, провери ги тие фамозни гумици на цевки на компресор...
Тогаш нешто логички си размислував дека со вадење и враќање легнале како треба, односно нешто било малку олабавено па преку зима на минус материјалот као се собира па нешто не дихтувало како треба...кој ќе ти знае :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4991
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #26 на: 10 Јануари 2021, 23:09:03 pm »
Мислам дека под 5c не уклучува.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2131
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #27 на: 11 Јануари 2021, 09:01:31 am »
И јас имам (или имав) ист „проблем“ со Сеник-от, на почеток на сезона се полни со фреон, тера без проблем до септември (или кога и да завршувам со ладење), наредна сезона пак се чувствува послабо и бара дополнување. Првиот пат кога надополнував (кај Цеко, А.Ц.Е. клима Вебасто) ставив фреон со боја и после на контрола покажа дека се некои гумици, ги сменија ама следната сезона (летото што измина) иста приказна, пак надополнив. Тогаш во сервисот ми напоменаа дека хладњакот за клима као бил за менување ама јас не гледав причина затоа што со надополнување се решаваше проблемот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3228
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #28 на: 11 Јануари 2021, 17:34:05 pm »
Проверете гумици на испарувач, најчест дефект, а тешко приметлив.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5424
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #29 на: 11 Јануари 2021, 18:20:22 pm »
Ne cekajte juli da polnite.
Cim zaproleti lajknete gi ovie servisi za polnenje klima na fb i cekajte pustaat akcii kao ovaa nedela polnenje klima od 600-800 denari i trk tamo na polnenje.