Автор Тема: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008  (Прочитано 9675 пати)

Присутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« на: 17 Ноември 2018, 21:11:20 pm »
Е па ете дојде и тој ден! После скоро 5 месеци потрага, конечно купив  кола ::) Судбината сакаше тоа да биде Пежо 207 караван верзијата од април 2008-ма, со 1.6 HDI  со 109кс.
Почнав од Опел Мерива, па Астра, па едно време Фокус и на крај испадна француско  8) И тоа буквално пред зграда ми ја донесоа, а да не знам дека тоа е мојата идна кола. Познаник и комшија, кој се занимава со увоз од Италија од кога дозволија увоз на половни коли, ја донесе да си ја продава како и секоја друга што ја носел досега. Еднаш му спомнавме за Мерива пред 3 месеци ама и на тоа остана. Претежно носи мали градски коли од типот на Пунто, Поло, Корса, 206-ка итн... Пежото го донесе пред отприлика 3 недели и го видов кога беше паркирано и несредено, валкано итн...ах си реков интересно количе, модерно, убаво, а јас запнат за опел...за пред 5-6 дена да се сретнат со татко ми пред зграда и да почнат муабет за коли и му ја понудил.

Ја видел татко ми, ја запалил, добар звук и  рамномерна работа ама не се разбира во детали, лаик ко мене  :-X. Ми кажува ентериерски е многу зачувана. Ме прашува дали сум за, добра цена ќе биде за нас....јас после толку време барање ми се чинеше гланц нов 101 да ми понудеа ќе прифатев  ::) Другиот ден ја однесле на мајстор, ја пробале, одличен прв впечаток ;D мајсторот рекол дека доста е здрава колата. Јас дека бев на работа, ми кажува татко ми, ајде вика имаш кола...како бе викам јас? Така, се чека на тебе да одлучиш и да ја земаме  ;D. И ете, пресеков дека тоа ќе биде изборот иако прво ни на крај на памет не помислував на француска кола па и Пежо...повеќе имаше шанси за еден Меган што ми го нудеше другар ама караван 1.9 дци со 130кс ми се чинеше преголем залак за мене.

Па еве кратко претставување пошто денеска првпат ја видов денски и ја повозив.
Не знам кое ниво на опрема го има, а го има следното:

- 1.6 HDI со 109кс и според борд поминати 222 950 km
- Кожен серво волан подесив по висина и длабочина
- ABS
- 5 степен менувач
- Панорама покрив...ова ми е прејака опција и дава посебен шмек на колата, ќе биде милина за возење на отворено  8)
- Мануелна клима колку што можев да видам (нема екран со подесување степени). Клима има и во касетата пред совозачот
- 6 воздушни перничиња (толку изброив, можда има уште некое)
- Електрика на предни стакла
- Електронско подесување ретровизори
- Светлата изгледа се стандард халогенки и плус има и магленки
- ДВД радио JVC со навигација и екран на допир (овој дел не е баш во тип-топ состојба и можда ќе треба да го сменам... :()
- алуминиумски бандажи со гуми 195/55/16
- сива металик боја каква што најмногу сакав  :P

Ако се сетам уште нешто, ќе допишам. Уште средувам впечатоци. За почеток само 2 слики за запознавање. Во следна прилика едно перење и повеќе слики.





Од вчера е регистрирана, со таблици фати 13 000, а здравје иднава недела ќе си добие и сервис мал секако, а за голем ќе видиме што ќе каже мајсторот во каква состојба е каишот. Човеков што ни ја продаде рече дека наводно сменил 2 држачи на мотор, али ќе го провериме тоа пак. Има сервисна книшка во документите, е сега колку е веродостојна не знам, препродавачов не важи за преварант, но не може на секој 100% да се верува нели?  ;D колава била одржувана во овластен сервис во Милано, а била оставена старо за ново во Пежо салон. Последниот сервис бил на 220к км.

Некои совети околу кои работи да пазам и проверам се добредојдени  ;D Според нетов, Пежо препорачува Тотал масло, е сега не знам 5-40 или 10-40. Ќе видиме со мајсторот тоа. Ако има некоја добра алтернатива споделете искуства.
« Последно менување: 17 Ноември 2018, 23:21:17 pm bobimk »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #1 на: 17 Ноември 2018, 21:42:05 pm »
Идеално. За состојбата здравје.

Стави слики од внатре.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #2 на: 17 Ноември 2018, 23:04:19 pm »
Кој чека ќе дочека :)
Со здравје да го возиш количето.

Присутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #3 на: 18 Ноември 2018, 02:32:07 am »
Бомбона, да и се изнавозиш!

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #4 на: 18 Ноември 2018, 02:51:52 am »
Супер кoлa. Не ќе билo лoшo дa имaлo и пaнoрaмa.
Не верувaј сaмo нa прикaзни oд  Милaнo стaрo зa нoвo гoлем сервис нa тoлку км итн. 90% кoлaтa е земенa oд плaц бидејќи тие стaрo зa нoвo сaлoни штo ти ги кaжaл тoј се премнoгу скaпи. И реткo кoј увезувa тaкви кoли
Се oвa се веќе пoзнaти трикoви.
И внимaтелнo сo кaишoт. И пријaтрл имaше вo сервиснa пишaнo декa прaвел итaлијaнецoт пред 15000км гoлем сервис, зa. Пoтoa дa му се скине кaишoт и еден куп пaри дa фрли зa oпрaвкa

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #5 на: 18 Ноември 2018, 06:55:32 am »
Супер кoлa. Не ќе билo лoшo дa имaлo и пaнoрaмa.


Не знам кое ниво на опрема го има, а го има следното:

- Панорама покрив...ова ми е прејака опција и дава посебен шмек на колата, ќе биде милина за возење на отворено  8)


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #6 на: 18 Ноември 2018, 08:48:08 am »
5-40 ставај не си играј.

Со здравје да се вози. Кога ќе се тркаме?

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #7 на: 18 Ноември 2018, 18:03:46 pm »
Одличен избор, дома имаме исто 207 1.6 хди само со 3 врати и сум презадоволен еве после некои 50 000 км. Како уље би ти препорачал или тотал 9000 5/40 или тотал инео 5/30 во зависност од тоа за кој мотор се работи. Како мана на овие мотори е замаецот. Уште од нови мака си мачат со брзо трошење, кај некои и после 30000км. Тоа е фабричка мана, ако колата не ти покажува такви знаци на тресење, квицкање или потешко поаѓање на угорници тогаш нема потреба да се замараш. Ако има такви симптоми тогаш имаш неколку решенија на интернет. Како втор проблем е капењето на масло во моторниот простор, во најголем број на случаи без некаков дефект. Во Дац сервисот ми отворија хауба на 6 пежоа/цитроени со овој мотор и сите беа масни внатре ;/ Трето, колата има варијабилно турбо, тоа значи дека има пократок живот. Други потенцијални проблеми не би требало да има. Со здравје да се вози.

ПС. Колата е светлосни години пред мерива ;)
Зини да ти кажу.

Присутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #8 на: 02 Јануари 2019, 13:34:04 pm »
Од немање време и доста обврски во Декември, не стигнав да информирам за сите пропратни работи што следуваа после купувањето, како сервис и тн.

Пежото си доби освежување со мал и голем сервис. Еве што се е сменето:

1. Масло во мотор, Тотал 9000, 5-40
2. Филтер за масло (мислам беше Valeo)
3. Филтер за гориво
4. Филтер за воздух
5. Филтер за полен/кабина
6. Сет ребраст каиш (Ina)
7. Водна пумпа (Airteks)
8. ПК каиш (Continental)

Се комплет со работна рака, 14500 ден. Каишот бил таман за менување, сега сум си рајат и знам што имам сменето :) Како што кажа @NeVeNR го има моментот на капење масло во моторниот простор ама ништо страшно како што потврди и мајсторот. Во наредна прилика ќе пробаме и тоа да го средиме. Досега поминав околиу 700 км и сум презадоволен од возењето. Потивка и попријатна е на отворен пат што е нормално :) Со мојот стил на возење на борд покажа 4/100 потрошувачка. Просекот е околу 5.5-6. Ми прегоре позиција на задно лево светло и после едно видео на youtube, сам си го сменив, прелесно се отвора фарот  :P Ама после дознав дека и при притискање кочница не свети сијаличето на истиот фар, па ќе треба и тоа да го сменам.

Пред неколку дена првпат беше испрана од како е кај мене, ама и покрај валканоста не се познаваше толку кога е валкана пошто е сива/сребрена. Затоа и ја сакав најмногу оваа боја. Да беше црна како голфот многу повеќе ќе се познаваше. Има сосема мали забелешки на каросеријата ама ништо страшно. Веројатно со едно полирање најголем дел од нив би се отстраниле. Не можев да направам повеќе слики внатре, незгодно е за сликање зимава, сонцето е ниско и светлината многу незгодно влијае на сликите. Инаку внатре е презачувана, со мали траги од нормално користење. Малку е потесна во растојанието меѓу двете предни седишта, па потешко е кога сме двајца, да се “спакуваме“ со појасот  ::) Ама па и зимава со јакни се е потешко да му се плукнам.




Дали некој има искуство како се подесува борд компјутерот? Има рачка со команди на воланот ама не се прави ништо преку неа. Немам ни датум наместено и часовник и јазикот е погодувате, италијански  ::) Дали треба преку радиото да има подесување? Тоа пак, е 2DIN двд радио JVC со навигација, на кое тачот не функционира. Кога ќе имам време ќе го однесам кај еден што се разбира во авто електроника и да видам дали е можно да се смени тачот, гледав на Али може да се најде. Засега си пуштам музика на усб или ЦД. Тоа функционира ама само да пуштиш и слушаш, не може да менуваш песни напред-назад, пошто не работи тачот.  ::)

Напред има m+s гуми некои Ovation (http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Ovation/VI-388.htm) скоро нови, произведени 2017. Назад има Нокиан, малце постари се тие ама добри. Ќе ја истерам зимава, а во март планирам да си купам нови летни. Е сега димензијава фабричка е 195/55/16. Кои алтернативни димензии ќе одговараат пример, ако можи да се заштеди некој денар, а да не менува многу на возењето?

Среќна Нова Година и се најубаво на сите!  :)
« Последно менување: 02 Јануари 2019, 14:46:48 pm bobimk »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #9 на: 02 Јануари 2019, 13:38:24 pm »
205/55/16

Отсутен Стефан_Т

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 222
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #10 на: 31 Јануари 2019, 14:40:21 pm »
Според tire finder на пирели таа кола доаѓа фабрички со 195/55/16 или 205/50/16. Провери си на лепенката каде што ти ги пишува притисоците на гумата, дали е залепено околу кога ќе ја отвориш возачката врата или на капачето за гориво. Не знам каде стои на пежо, така да ќе треба да ја најдеш. Таму ќе ги пишува фабричките димензии на тој автомобил.

Присутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #11 на: 05 Февруари 2019, 20:33:10 pm »
Според tire finder на пирели таа кола доаѓа фабрички со 195/55/16 или 205/50/16. Провери си на лепенката каде што ти ги пишува притисоците на гумата, дали е залепено околу кога ќе ја отвориш возачката врата или на капачето за гориво. Не знам каде стои на пежо, така да ќе треба да ја најдеш. Таму ќе ги пишува фабричките димензии на тој автомобил.

195/55/16 е многу ретка и скапа димензија споредено со 205/55/16. Еве пример:

Uniroyal RainSport 3 195/55/16 - 4200 ден

Uniroyal RainSport 3 205/55/16 - 3100 ден
Не знам зошто толку голема разлика во цена за премала разлика во димензија. Овие гуми ги имав на претходната кола и бев презадоволен. Најверојатно ќе земам 205/55/16, само ќе видам кој бренд.

Присутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #12 на: 26 Март 2019, 20:14:48 pm »
После неколку дена размислување и консултации на лице место, ставени 2 нови летни гуми, Riken Road Performance (http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Riken/Road-Performance.htm). Испадна дека предните Ovation VI-388 сепак биле летни, а првично мислев дека се м+ѕ. Се решив за поефтина варијанта (6555 ден со комплет монтажа, балансирање, вентили и осигурување) пошто останав на фабричката димензија 195-55-16.


https://passenger-car.riken.com/products/road-perfromance/

Другата опција беше General Tire Altimax One S ама 4300 беше една гума. Инаку сево ова го средив во Мотоцентар откако не бев задоволен од понудите кај конкуренцијата иако прашував за 205-55-16. Советот од вработените во Мотоцентар беше дека иако на интернет пишува на разни страни дека одговара и 205 димензија, сепак ќе остане мала разлика во бандажот.



Здравје наесен, зависно од буџетот, можда ќе се оди на варијанта со други бандажи, 15-ки па за нив и поефтини ќе бидат сет 4 зимски гуми, 185-65-15. Или пак на постојниве, 4 исти 205-55-16

« Последно менување: 26 Март 2019, 20:30:26 pm bobimk »

Присутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 252
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #13 на: 01 Декември 2019, 20:52:10 pm »
Да ја освежиме малце темата :)

Пежовчето полека но сигурно си ја истурка првата година кај мене. Мислам дека 2019 ќе завршам со околу 7000 км поминати. Средината на ноември си доби нова регистрација, која ме чинеше 11700 ден, со вклучена членска книшка од 500 ден. која покрива шлеп-служба на територијата на МК до следната регистрација. Техничкиот го помина без проблем, со назнака дека ќе треба да сменам стабилизатори (иако е едниот за менување, препорачливо било двата) и висача лева јабучица. Изгледа тоа го давало тупиот звук на тропкање што го сеќавам последниве месеци кога преминувам преку дупки/нерамнини. Тоа се нашите патишта за кои даваме по 2000+ денари во регистрацијата  >:(
Поради финансиски причини, и малите потреби за возење во зима, сепак решив да не земам зимски гуми, предните се м+с од 2017, задните се новите што ги зедов во Март, мислам ќе поминам зимава, па здравје следната зима да земам барем 2 зимски.

Уште не сум се зафатил да го средам радиото  ;D, терам така со мемориска картичка, ама ми фали да си пуштам класично радио.

Се на се, многу сум задоволен досега од колата.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2106
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #14 на: 02 Декември 2019, 08:42:16 am »
Тебе и бензинче ќе ти вршеше работа со оглед на километражата што ја поминуваш, за гумите најдобра опција таа што и сам си ја разгледувал, посебни бандажи (зимски 195/65/15 и летни исти или 205/55/16), најисплатлива комбинација
Претпоставката е мајката на сите заебувања