Не ти треба прајмер за пластика. Само распрашај се каде има спрејчиња во боја од Renco, купи прајмер, боја и лакче, сите овие се во различна боца/спрејче секако.
Зошто Renco?
-за цената имаш добар квалитет кој ќе тера
-имам лично искуство со спрејчињата и ми завршиле доста работа
-прајмерот е одлична основа за врзување со бојата
Постапка:
Зашмирглај ги раткапните со 600ка водена шмиргла, тако звани апсигување. Ако се некаде луснати или гребнати слободно застругај предходно со покрупна, рецимо 400ка да си дојде фино и мазно. Исплакни ги со вода после стругање, ама убаво. Исуши ги со пребришување со микрофибер крпа. По тоа, ти препорачувам да ги одмастиш пак со пребришување, јас тоа го правев со микрофибер крпа и алкохол. Прскаш прајмерот (сив е) една или две раце да си фати убаво. Се сушат (обично на сончево и топло време брзо суши). По тоа, пак мавни водена шмиргла 800ка да дојде мазно џам, пошто следна фаза ти е фарбањето. Пред фарбањето пак ги пребришуваш и сушиш. Фарбаш, една рака е доволно ако убаво ја нанесеш. Се сушат и прскаш лакот 2-3 руки, да си има слојче заштита.
Мислам дека имам нешто од спрејовите, ако најдам ќе ти сликнам.
Сеа ми текна, во Бриколаж мислам дека сеуште ги има.