Nokian WR D3, 4та сезона, на суво/мокро ништо посебно, приметувам само помека вожња и дека се погласни од летните, ама на снег...одлична.
Пред неколку години кога падна големиот снег ме начека во Сандански, пренатоварени 4ца во кола = 0 проблеми.
Годинава, на Шапка се искачив по стрмното до кафана Бачило, натапкан снег без никакви проблеми, А5 кватро заглави позади нас, најверојатно имаше несоодветни гуми.
Пред 2 недели(големиот снег) од Батинци до Брезница не беше воопшто чистен снегот само натапкан, а во осојните места и подмрзнат. Баш на најстрмната угорница кај каменоломот, тој од спротива беше улетан и кога закочи почна да лизга накај мене па морав да избегам на страна, при што застанав со десни тркала во длабок снег а левите тркала ми беа на натапкан и подмрзнат снег. За тргнување само изгасив ESP и со мала шлајфка се искачив без поголеми потешкотии.
Заден погон, отворен диференцијал, така да презадоволен сум од перформансите на гумата во зимски услови. Следна би била најверојатно Nokian Hakkapeliitta R3.
Секогаш би одбрал добра зимска наместо allseason, макар и само за тој 1 ден кога ќе има снег. За не дај боже или ако решам да одам некаде, да не му ја мислам.