Дали би купиле Hankook Winter i-Cept зимски гуми стари три години, воопшто невозени, за 60% пониска цена од продажната?
Зависи колку се стари (кога се произведени?) и дали се прописно складирани. 3 години не е малку и ако не се чувани како што треба можно е да се суптилно деформирани.
Меѓу никакви и такви - бирам такви.
Меѓу купени сега и такви - бирам купени сега.
3 години стари, како што пишав. Произведени од прилика ова време 2014 година. „Купени сега“ во опција идат само кинески, а за зимски не би ризикувал како што „ризикувам“ со летните.
Поради дефанзивниот карактер на возењето мое и на татко ми, лично мислам дека за 2500-3000 километри што ги поминуваме во зимските месеци и овие што ги меркам ќе завршат работа, ама има луѓе на форумов што ја разбираат проблематиката со стареење на гуми, па да прашам.