Автор Тема: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic  (Прочитано 5775 пати)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« на: 04 Септември 2018, 14:52:49 pm »
Дојде време да барам нова кола за мене. После подолго мислење и мерење што како, некако највеќе ме влече VW Scirocco посебно откако направив тест-вожња на 1.4 TSI оној од 160KS со мануелен менувач.

Деновиве сум во план да одам да погледам едно Scirocco во истата варијанта само со 7 степен DSG Tiptronic (dry-clutch). Колата има 75.000км и е 2010 годиште од прв газда и наводно е редовно сервисирана.

Дали некој на формуот има искуство со оваа комбинација и на што би требал да обрнам внимание кога ќе одам да ја гледам колата? Дали комбинацијата 1.4 160кс и DSG Tiptronic е добитна комбинација за дефекти. И дали е паметно колата да се однесе на преглед во Порше за нивно мислење?

Поздрав !

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #1 на: 04 Септември 2018, 14:59:27 pm »

Попаметно од носење кола од илјадници илјади евра на проверка - нема. Ако ја однесеш на проверка и колата е фалична, во најлош случај губиш 2000-3000 денари за проверката + горивото до сервис. Ако не ја однесеш колата, а е фалична, ги губиш сите пари кои си ги платил за неа, плус пари за санирање на дефекти.

Од искуства блиски до мене, twincharger моторот има проблем со бобините, имаше мислам и фабричко отповикување за замена. Ако нема, тоа да си пазиш, дали се заменети со другиот, подобрен модел на бобини.
Не знам дали моторов е на ланец или ребраст ремен, ама исто првите генерации на сите зафатнини на TSI имаа проблем со ланците, и за тој проблем има подобрен дел за вградување, околу 1000 евра чини замената.
За постарите генерации на DSG нека ти каже некој што им ја знае историјата. Новите мислам немаат проблеми.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1445
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #2 на: 04 Септември 2018, 15:03:57 pm »
Еден другар продава добар примерок на 2.0 ама со мануелен и километража околу 60.000км. Може и @МАРЈАН да каже нешто за возилото. Пиши ПП ако си заинтересиран. Поздрав и со среќа во купувањето

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #3 на: 04 Септември 2018, 15:41:08 pm »
Овој мотор многу малце се произведуваше и знам дека раните верзии си имаа проблеми. Лично сум се возел во ваков мотор со дсг во пасат цц и според мое мислење не и лежи на колата, и ептен многу трошеше. Дефинитвно не е економичен како поновите 1.4. Овде станува збор за друг автомобил, ама јас лично не би се впуштал во вакви ризици освен ако не сум 100% сигурен дека се е ОК.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54741
  • Махер
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #4 на: 04 Септември 2018, 17:39:22 pm »
Избегавај го овој. Иди со 2.0тси со каиш. 6 степен wetclutch.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #5 на: 04 Септември 2018, 19:03:14 pm »

Од искуства блиски до мене, twincharger моторот има проблем со бобините, имаше мислам и фабричко отповикување за замена. Ако нема, тоа да си пазиш, дали се заменети со другиот, подобрен модел на бобини.
Не знам дали моторов е на ланец или ребраст ремен, ама исто првите генерации на сите зафатнини на TSI имаа проблем со ланците, и за тој проблем има подобрен дел за вградување, околу 1000 евра чини замената.
За постарите генерации на DSG нека ти каже некој што им ја знае историјата. Новите мислам немаат проблеми.

Не е отповикана колата од овластен сервисер никогаш, целно го прашав газдата. Инаку колата е мај 2010 производство а по мои сознанија фебруари 2010 изглегува преработената веризја на овој агрегат што наводно има решено неколку клучни недостатоци, меѓутоа колата 5 месеци е чекана да стигне така да таман го фаќа критичниот период дали е или не е преработениот агрегат.
« Последно менување: 04 Септември 2018, 19:12:08 pm AND_031 »

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #6 на: 04 Септември 2018, 19:09:29 pm »
Овој мотор многу малце се произведуваше и знам дека раните верзии си имаа проблеми. Лично сум се возел во ваков мотор со дсг во пасат цц и според мое мислење не и лежи на колата, и ептен многу трошеше. Дефинитвно не е економичен како поновите 1.4. Овде станува збор за друг автомобил, ама јас лично не би се впуштал во вакви ризици освен ако не сум 100% сигурен дека се е ОК.
Има логика. ЦЦ-то е 150кг потешко, а на 1.4 турбо му фали еластичност (240Nm вс 320Nm 2.0TDI) на ниски обртаи за да влече голема кола така да и јас мислам дека за ЦЦ-то не е добра опција. Во мануелна верзија на Scirocco-то што го пробав добро оди посебно кога ќе мине 2500-3000 обртаи и турбото ќе земе замав. Во ниски обртаи се познава дека е помал мотор и во Scirocco, веројатно DSG-то би требало да го реши ова во спорт мод да го држи во повискои обртаи каде би имал снага/еластичност.

Избегавај го овој. Иди со 2.0тси со каиш. 6 степен wetclutch.

Држат доста цена 2.0 TSI посебно верзиите 2010+ а и ретки се иако знам дека важи за доста поквалитетен агрегат ако се добро одржува дури и маратонец. TDI Полесно се наоѓа ама дизел Scirocoo  :( ...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #7 на: 04 Септември 2018, 19:45:44 pm »

Од искуства блиски до мене, twincharger моторот има проблем со бобините, имаше мислам и фабричко отповикување за замена. Ако нема, тоа да си пазиш, дали се заменети со другиот, подобрен модел на бобини.
Не знам дали моторов е на ланец или ребраст ремен, ама исто првите генерации на сите зафатнини на TSI имаа проблем со ланците, и за тој проблем има подобрен дел за вградување, околу 1000 евра чини замената.
За постарите генерации на DSG нека ти каже некој што им ја знае историјата. Новите мислам немаат проблеми.

Не е отповикана колата од овластен сервисер никогаш, целно го прашав газдата. Инаку колата е мај 2010 производство а по мои сознанија фебруари 2010 изглегува преработената веризја на овој агрегат што наводно има решено неколку клучни недостатоци, меѓутоа колата 5 месеци е чекана да стигне така да таман го фаќа критичниот период дали е или не е преработениот агрегат.

Ако е со производство во мај 2010, а не прва регистрација во мај 2010, безбеден си. Е сеа тука ти останува проблемот со ланецот, зошто и коли од 2011/2012 го појавуваа тој проблем. Тоа е можно и никогаш да не се појави, а може да се појави и 500 километри откако ќе ја купиш колата.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #8 на: 04 Септември 2018, 20:57:11 pm »
Ако е со производство во мај 2010, а не прва регистрација во мај 2010, безбеден си. Е сеа тука ти останува проблемот со ланецот, зошто и коли од 2011/2012 го појавуваа тој проблем. Тоа е можно и никогаш да не се појави, а може да се појави и 500 километри откако ќе ја купиш колата.

Би требало да има симптоми пред да се јави проблемот или ненадејно доаѓа до хаварија? Колку што знам би требало ланчето да лупа и "меле" пред да се случи дефектот. Дали VW нуди некоја акција тоа да се среди на време или покрива дел од трошоците?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17278
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #9 на: 07 Септември 2018, 12:00:36 pm »
За појавувањето на звукот мислев, или никогаш нема да се појави, или ќе се појави после 500 км. За хаварии не сум слушнал досега, така без предупредување да се појават.

Во Порше МК луѓе успеале да санираат проблем бесплатно само со јаки врски, а со послаби врски поминале само со плаќање работна рака. Сите други поштено си платиле, иако во странство има(ло) сервисни акции за конкретниот проблем. Мислам дека изговорот на нашиве им е „касните, recall-от не важи више“.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #10 на: 07 Септември 2018, 17:06:20 pm »
За појавувањето на звукот мислев, или никогаш нема да се појави, или ќе се појави после 500 км. За хаварии не сум слушнал досега, така без предупредување да се појават.

Во Порше МК луѓе успеале да санираат проблем бесплатно само со јаки врски, а со послаби врски поминале само со плаќање работна рака. Сите други поштено си платиле, иако во странство има(ло) сервисни акции за конкретниот проблем. Мислам дека изговорот на нашиве им е „касните, recall-от не важи више“.

Се сомневам дека кај нас се замараат со такво нешто, баш го прашав и газдата рече никогаш не е викан да посети сервис. Имам пријател од Хрватска кој вози 1.4 ТСИ (160кс) од исто годиште и 3 пати вонредно е отповикан еднаш за упдејт на софтвер и уште 2 сервисни акции незнам што точно некое црево исто му беа менувале. Сето тоа го лепат во гепекот кога се тргне теписонот горе десно и се бележи како вонредна отповика.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #11 на: 07 Септември 2018, 22:02:21 pm »
Нашите не те викаат пошто треба да работат и да не ти земат пари, а зошто така кога може сам да си дојдеш и да си платиш кога ќе ти се расипе.

Кај мене ЕГРто не сакаа да го сменат иако на 3ца (на 2ца надвор од гаранција) со исти коли им го сменија. Збориме на 60.000км!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #12 на: 07 Септември 2018, 23:14:02 pm »
Ако имаш фетиш на расипливи возила боље види Алфа, бар подобар хендлинг и перформанси има, башка убаво ја личи и ентериерот е еротика ;)

Малце шала, мада сериозна шала. Тој мотор 160кс е оној со турбо и суперчарџер? Нели тој го прекинаа зошто беше многу скапо да се санираат сите недостатоци?
А дизел да си земеш? Макар и Широко? Фолксваген и бензин не се баш најдобри другари, 2.0 со 150 или 180кс пепел ќе го прави 1.4 ТСи

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #13 на: 08 Септември 2018, 00:59:04 am »
Малце шала, мада сериозна шала. Тој мотор 160кс е оној со турбо и суперчарџер? Нели тој го прекинаа зошто беше многу скапо да се санираат сите недостатоци?
Да тој е тој мотор. Наводно има проблеми со електронската единица, со пробивање цилиндар, со ланчето и тд. На интернет има луѓе да се жалат на него ама реално да збориме кој е задоволен од моторот не оди на интернет да го фали туку си ќути а оние кои се имаат изгорено пишуваат.

Моторот е доста комплексен некаде ископав информација дека VW го чини околу 5.000евра да го изработи и дека и тоа е една од причините зошто го укина поради слаб профит од истиот.

Инаку имам пријател што го вози во Широко и до сега немал никаков проблем (90.000км) и уште еден познаник од Хрватска кој го има во Голф мк6 исто така без проблеми (но со 3 отповикувања од официјален сервис). Ме интересира уште некој од форумот да не го вози во Голф 5/6, Тигуан, Широко, ЦЦ зошто моторот е вградуван во доста модели.

Исто така ако некој има информација за 7 степенто DSG (DQ200) кое оди во сите VW со помал орбтен момент дo 250 Nm  значи и 1.6 ТДИ го носат тоа ДСГ.

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Помош при купување: VW Scirocco 1.4 TSI (160hp) + DSG Tiptronic
« Одговори #14 на: 08 Септември 2018, 23:59:12 pm »
Блиц прашање, дали 2.0 ТДИ од 2010 беа исто така со фабричка фалинка или тоа важи за постарите 2.0 ТДИ?