Автор Тема: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V  (Прочитано 22839 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17268
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #15 на: 07 Август 2018, 23:24:50 pm »
Собира кило мара? Битните прашања не се оставаат неодговорени ;D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #16 на: 10 Август 2018, 14:25:31 pm »
Цицка. :D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #17 на: 01 Февруари 2019, 08:56:48 am »
Се фрли некоја пара по Полото.

12.12.2018, 203.982 km - заменет лев внатрешен зглоб со манжетна, 1.400,00 со 400,00 работна рака.

25.12.2018, 204.187 km - некоја пиксна на анласер просвире, 300,00 со 1.000,00 работна рака.

04.01.2019, 204.307 km - заменет акумулаторот, Ромбат Тундра 55 mAh, 3.400,00.

31.01.2019, 204.732 km:
- сет ребрасти со ролери и затегачи Ина - 6.600,00
- клинест ремен Ина - 470,00
- водна пумпа Ина - 2.600,00
- три семернизи некои на радилица, пошто капеше уље - 900,00
- антифриз 3 литри, 540,00
- работна рака 2.000,0

Укупно - 13.200,00.

Наредно ќе биде амортизери со буфери и лагери, за напред, се комплет ќе ме кошта ~7.000,00.

Мора да се уложи нешто, не бива само качи се-пали-вози.

:D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #18 на: 20 Април 2019, 11:46:12 am »
18.04.2019 година, 206.579 километри.

Променети предните амортизери со буфери и лагери. Ставени Monroe Original 16451 амортизери, буферите и лагерите се Febi Bilstein.

Амортизерите коштаа 5.000,00, буфери со лагери 2.600,00, работна рака 800,00, или вкупно 8.400,00.

Сега од понеделник ќе се менуваат две гумици на баланс штангла и два стабилизатори.

Околу амортизерите - што знам, не се нешто посебно. Се чувствува разлика, ама се гледа дека не се перформанс амортизери. Многу тропкаа лагерите, а беа отидени и амортизерите, не дека не..

Мислев дека и летвата е отидена, ама за среќа - во солидна состојба е, тоа бар ми се мавна од главата. Тропкањето било од лагерите на амортизерите, плус нешто од стабилизаторите.

Се надевам дека со промената на гумиците и стабилизаторите, предницата ќе биде тип-топ.
« Последно менување: 20 Април 2019, 12:33:17 pm Diesel »

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #19 на: 02 Мај 2019, 21:19:28 pm »
02.05.2019 година, 207.066 километри.

Заменети стабилизатори - Febi Bilstein 19518, двата коштаа 1.500 денари, гумици на баланс-штангла Moog 16 mm VO-SB-7896 - 300 денари, со работна рака 800 денари.

Колата се трансформира. Му дојде прекрасно со замената на амортизерите, буферите и лагерите.

Спие.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10037
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #20 на: 02 Мај 2019, 21:52:42 pm »
Се радува количето :)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #21 на: 03 Мај 2019, 09:22:23 am »
Нека види убвина малце, пошто од претходниот сопственик нема видено.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #22 на: 23 Мај 2019, 21:41:27 pm »
Мал тизер..



DIY проект, не е завршен. За еден од останатите тапацири, планирам степ-бај-степ да направам, натенане.

Не е бело, светла нијанса на сиво е, глупо е светлото. Мада, сакав потемно, за волја на вистината, ама што е, тука е.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #23 на: 25 Мај 2019, 11:36:03 am »
Конечен резултат, со мака која дефинитивно не се исплати, споредено со тоа да си платиш и да ја оставиш работата на професионалец.



Не е совршено, во никој случај, ама јас сум задоволен.

Споредено со ова..



..е каде-каде подобро.


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #24 на: 25 Мај 2019, 12:11:20 pm »
Nezafrkavaj bas e profi  ;D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #25 на: 25 Мај 2019, 23:26:46 pm »
Профи не е, ама е солидно, имајќи во предвид дека прв пат правам вакво нешто.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #26 на: 28 Мај 2019, 19:07:15 pm »
Diesel 2, тапацири 0.





Подобро испадна од претходната врата. Ама добро, сега сум малку поискусен..
« Последно менување: 28 Мај 2019, 19:51:48 pm Diesel »

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #27 на: 15 Јуни 2019, 15:26:34 pm »
15.06.2019 година, 208.260 километри.

Редовен сервис, кој вклучува:

- Масло Тотал Кварц 7000 10w40, 1.600,00;
- Филтер за масло 300,00
- Филтер за воздух 380,00
- Филтер за полен 510,00
- Работна рака 300,00,

Или вкупно 3.090,00 денари.

Немаше филтер за гориво на лагер, нарачан е, кога ќе стигне ќе се менува и тој.

Сакав и свеќиците да ги сменам, ама сервисерот не ги сменил, ги мерел, не се амортизирани.

Мал рефреш. Наредно - заден лонец.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #28 на: 28 Јуни 2019, 16:51:26 pm »
Вчера регистрирана. Трошоци:

5.057,00 денари автоодговорност;
2.201,00 денари трошоци на технички;
2.819,00 денари јавни патишта, и
50,00 денари административна такса.

Нешто замара сијаличката за уљето. Градска, жешко, тргни-застани и ќе почне да пишти. Излегувам на отворено, се е во ред. Нивото си е сосем во ред.

Заменет сензорот за притисок на масло, пак исто. Наредно, валјда пумпата заебава. Ќе се провери, па ќе се решава проблемот деновиве.

Успат и филтер за гориво ќе се смени.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #29 на: 20 Јули 2019, 16:35:52 pm »
Конечно стиснав г'с да ги завршам тапацирите.





90% задоволен. Си имаат маанички, ама се прилично занемарливи.

Уште тврдам дека не ми се исплатеше сам што ги работев. Материјали, труд, време, нервоза.. За тоа се професионалците.

Памет за друг пат.