Автор Тема: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V  (Прочитано 22836 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« на: 13 Јуни 2018, 22:29:08 pm »
Друго семејно, претежно купено за градско возилце.

VW Polo 9N 1.4 16V, 2002 година, поминати 200.700 по километражник. Не верувам да е враќана километражата, ама не знам.















Во потесно семејство е околу две години.

Од опрема - клима, електрика на предни стакла, електрика на ретровизори, серво, централно.. Стандард.

Прво, што ми се допаѓа кај колата:

1. Кул количе. Mercedes-Benz E Class W210 wannabe.

2. Одлично склопен и смислен ентериер. Премногу место за одлагање ситници, капхолдер, простор за седење - како напред, така назад.

3. Сток алуминиумски бандажи, кои се во изненадувачка добра состојба. Не се пукнати, излупени, исчукани. Имаат само површински гребаници, 14-ки се.

4. Прелесно серво, ама па маана му е - многу мал фидбек од подлогата.

5. Супер лесен и прецизен менувач.

6. Удобно возење, за ФауВе и оваа класа. Пријатно изненаден.

7. Предните седишта имаат прекрасна потпора, од сите страни.

8. Прекрасни сиви велур патосници, кои се буквално од ист материјал како теписонот, и не се приметува дека има патосници.

9. Магленки.

10. На средината од задната клупа, се спушта наслоњач за рака, кој се отвора, и оп - уште место за ситници. Собира два смартфони, без проблем.

Е сега, подолгата листа на работи кои не ми се по ќеф:

1. Проблематична електрика и електроника е благо кажано. Нема сијаличка на шалт-таблата која не светна во изминативе две години. Што со причина, што без.

2. Не работи централното. Ни на даљинско, ни на брава.

3. Заради централното, понекогаш знае да не се отвори капачката за гориво. Се отвара од гепек, ама е досадна и глупа работа. Многу нервозно.

4. Свети сијаличката за издувни гасови, нон-стоп. Дијагностика вика ЕГР, пробано да се исчисти, и замени со ТРИ различни, не се гаси. Колата беше опасна за возење, притискаш на гас да претицаш, она НАГЛО губи снага, како да ќе изгасне. На крајот, дисконектиран џекот, сијаличката си свети, ама колата се вози нормално. Ме нервира, и ќе го решавам некако, дали со затапување, дали со нешто друго, ќе видиме.

5. Сама од себе се откачи пумпата, заедно со моторчето од резервоарот за течност за шофершајбната. Ти ставаш течност од горе, таа дирекно на земја си тече. Беше малку напорно да се санира, требаше да се вади тркалото, подкрилото и за малце предниот браник, ама поминавме така. Пак капнува по многу малку, ама не е страшно.

6. Платното од предните тапацири се распаѓа, буквално. Задните се супер, ама предните.. Многу невкусно, ми се санира, само да најдам саглам мајстор во околијава.

7. Има некој глуп мазен слој на централната конзола, кој е многу тежок за одржување. Црн е, и е магнет за прсти и прашина.

8. Пукна цревцето што носи течност за стакла до ноздрите. Направено е така, да е цело време изложено на сонце, а превиткано скроз. Нормално дека ќе пукне, само кој е моронот што ја смислил таа работа. Го извадив, го "облеков" со термоизолационо црево за кабли, мака нема. Подобро од фабрика.

9. Летвата е отидена. Скроз. Тропа како лудо, мада сега има џиџит-нови гуми, па се поднесува некако.

10. Пошто е со дискови и назад, одат со сензори за потрошеност на плочките. Арно ама, во нашата општина (а и пошироко), не се продаваат такви плочки, пошто сензорите се на плочките, туку само обични. Сијаличката светеше, и по моја иницијатива, сега за сега, само е затворен кругот, колку да не свети сијаличката.

11. Светеше АБС сијаличката. Заменет сензор за АБС на десна задна страна.

12. Петтата врата треба ДОБРО да ја треснеш за да се затвори, инаку свети сијаличка на шалт-таблата. Лесна е многу.

13. Држачите за полицата во багажникот се кршат многу лесно. Мајка ми ги крши веќе по трет пат, ама си ги лепи пак со нешто, и држат.

14. Замарање е да смениш сијаличка за позиционо светло. Исто и на табличките позади. Тежок пристап.

15. Скршена е спојката која ја контролира клапната за топол/ладен воздух во кабина. Копче има, ама не е поврзано со сајлата. Ја вртам мануелно, на начин што ќе ја извадам преградата за ситници под радиото.

16. Светлата во кабината се палат кога сакаат. Има некој проблем со самиот склоп горе, на кровот.

17. Кога е оставено позиционото светло, а колата не работи, инструмент-таблата трепка на 6-7 секунди.

18. Из-чиста-мира почна да менува боја позадината на обртомерот.

19. Проблем со сензорот за температура на антифризот. Се манифестира со тоа што колата пали кога е ладен антифризот, но штом се провртка низ моторот, пали кога сака. 300 денари, заменето.

Има уште, ама не ми текнува сега баш. Ќе се жалам уште.

Како заоставштина од претходниот сопственик, добив:

1. Дупната предна возачка патосница.

2. Потполно истрошени предни и задни плочки (читај: уште беа фабричките). До таа мера, што сензорите беа оштетени од триење.

3. Немаше полица во багажникот. Морав да барам половна, и за среќа, најдов, евтино. 20 евра.

4. Супер чист ентериер, и зачуван. Тоа ме маѓепса, буквално. Не е хемиско чистена, гарантирам.

5. Немаше радио.

6. Нешто се има десено со хаубата. Цела е рапава, и бојата е матирана.

7. Скршена ноздра за шприцкање течност на шофершајбната. Јас ја залепив.

8. Сменет само ЕДЕН бришач, од возачката страна. Постои место во пеколот посебно резервирано за луѓе што менуваат само по еден бришач.

9. Заден бришач, само метал, без гума. Никад не сменет.

10. Гребаници по браници, ама за чудо - многу малку.

11. Оштетен заден лонец.

12. Оштетена мрежа за ауспух.

13. Катастрофа од гуми. Задните беа некои Униројал, 2004 година, а предните тигар, 2012 година.

14. Скршено копче за регулација на ретровизорите.

15. Скроз оштетена кожа на менувачот.

16. Нефункционален механизам за прозор од совозачка страна. Веќе му беше купен на претходникот, јас само го заменив. Не е нешто комплицирано, ама си сака внимание. Видов, пошто јас го менував.

17. Недопрен сет за промена на гума, како и резервна мала гума. Ни капакот не беше дигнат.

До сега, два редовни сервиси. Масло Тотал Кварц 7000, 10w40, 3.5 литри, и стандард филтри за се.

Заменета кожата на менувачот, копчето за ретровизорите, мрежата за ауспухот, заден бришач, ставено радио, нови плочки напред-назад, четири нови гуми Windforce Comfort I 185/60-14 (набавени за 6.500 сите), балансирање, нови вентили, центрирани и предница и задница, десен заден сензор за АБС, задна полица, сензор за температура на антифриз, евтини гумени патосници..

Ах да сум бил јас прв сопственик на возилово. Прекрасно е, без глупостите погоре.

Се гледа дека колата не била баш пазена и одржувана, механички. Хигиенски, да, супер одржувана, ама механички.. Прост мимимум, или "ајде бе, ќе тера уште".

Супер е за занимација. Би го спуштил, би ги затемнил прозорите, некои бели ламби би ставил.. Би било уште покул, ама.. Не е за мене. Премногу маани има, за да се впуштам во санирање. Ќе проплачам.

И то.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #1 на: 13 Јуни 2018, 23:17:05 pm »
Ретко детален и искрен опис, браво.

Колку што гледам се си сменил, ваљда понатака нема да ти прави проблеми и ќе се возиш на раат.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #2 на: 14 Јуни 2018, 18:02:31 pm »
Па што ќе кријам, тоа е. Што ќар од тоа? :D

Дааааалеку од "се сменето" сум, ама на прав пат сум. Да останат овие проблеми за санација, а да не се појавуваат нови, миииислам дека полека-полека би средил поголем дел.

Ама.. Ќе видиме.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #3 на: 14 Јуни 2018, 21:10:23 pm »
Искрено, со толку проблеми, на се и сешто, би го продал на Ѓупците шишиња да собираат со него.
6+ години возам 5 години постар Волксваген, ни 10% од овие проблеми што го имаш набројано не се појавиле.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1318
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #4 на: 14 Јуни 2018, 21:17:40 pm »
стварно премногу проблеми за VW возило, него не прочитав моторот како е, пошо ја глеав вакво, ама ми рекоа не биле им погодени 1.4 од тоа време, нешо тропкале, па брзо се откажав

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #5 на: 14 Јуни 2018, 21:48:05 pm »
Да беше со НАЈПОКАЖАНИОТ 1.9 тедеи ниеден од овие проблеми немаше да се појави!

Мала шала за vw секташите, создравје да се вози и да те служи уште мн безгрижни километри! Браво за деталниот опис исто така!


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #6 на: 15 Јуни 2018, 12:37:28 pm »
Искрено, со толку проблеми, на се и сешто, би го продал на Ѓупците шишиња да собираат со него.
6+ години возам 5 години постар Волксваген, ни 10% од овие проблеми што го имаш набројано не се појавиле.

Секој со к'сметот. Дај боже да немаш никакви проблеми.

стварно премногу проблеми за VW возило, него не прочитав моторот како е, пошо ја глеав вакво, ама ми рекоа не биле им погодени 1.4 од тоа време, нешо тропкале, па брзо се откажав

Моторот е ОК. Не троши масло, малку млитав е, 75 КС е, ама брка работа. Мирно и тивко работи..

Да беше со НАЈПОКАЖАНИОТ 1.9 тедеи ниеден од овие проблеми немаше да се појави!

Мала шала за vw секташите, создравје да се вози и да те служи уште мн безгрижни километри! Браво за деталниот опис исто така!

Хаха.. Тедеи..

Брка работа сега за сега, тоа е најбитно. Што можеме да санираме, ќе санираме. Така е кога купуваш половно возило - не водат сметка сите како мене.

Инаку, полека - но сигурно се урива митот на нерасипливоста на народното возило. Бар за мене..

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #7 на: 15 Јуни 2018, 12:54:33 pm »
Секоја кола поединечно знае да се погоди или не.
Но ако некои исти дефекти (маани) се појавуваат кај повеќе сопственици и ако по поправка, за релативно кратко време повторно се јават...

Количето, според описот, ми делува дека било возено пали, вози, дур иде.
Ама сега изгледа си нашол сопственик кој ќе му посвети внимание.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #8 на: 15 Јуни 2018, 12:58:35 pm »
Баш, "дур иде".

Внимание ќе добие, секако. И повеќе од тоа што треба.

Присутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #9 на: 15 Јуни 2018, 14:41:24 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6476
  • French diamond
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #10 на: 15 Јуни 2018, 21:55:58 pm »
Стварно е VW е крал во класата, ама по што е прашањето ?! :) Создравје да се вози.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #11 на: 15 Јуни 2018, 22:56:32 pm »
@
Со здравје да се вози!

Благодарам, се најдобро да се враќа. Се вози веќе две години, ама кнап со време да го претставам.

Стварно е VW е крал во класата, ама по што е прашањето ?! :) Создравје да се вози.

Пролематичен крал. :D Фала лепо.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #12 на: 07 Август 2018, 20:29:18 pm »
Она кога колата ќе те изненади со екстра сториџ спејс. Бесценето.



А најјако е што има исто и под совозачкото седиште.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5635
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #13 на: 07 Август 2018, 20:30:55 pm »
А шо е ептен јако после 2 години си дознал 😂

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: 2002 VW Polo 9N 1.4 16V
« Одговори #14 на: 07 Август 2018, 21:11:24 pm »
Тоа де, тоа.. :D