Автор Тема: BMW e36 318 tds  (Прочитано 27264 пати)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #30 на: 09 Јули 2018, 22:49:50 pm »
Деновиве конечно го сменив радиото кое немаше ни aux ни usb. Заменето е со KENWOOD KDC110UR. Презадоволен квалитетот на звукот премногу се смени не очекував до толку. Претходно бев убеден дека звучниците се ставени само ради реда колку да брчи нешто и имав план понатака да ги сменам ама сега стварно даваат доста квалитетен звук. Единствено ми останува да го средам хаосот со задните звучници десниот не свири лево има 2 од кој едниот хрчи на високи тонови уште не сум проверил кој. Има појачало за задните кое изгледа и не е во функција. Левиот звучник позади иако е поврзан во појачало не свири дур не му ги ставам и жиците од малиот звучник. Хаос. 






Држачи на мотор најдов во крис и том но пред еден месец и неможев тогаш да ги земам денес ме израдуваа дека веќе немаат па сега чекам одговор дали ќе ми ги најде дечкото од којшто најчесто земам делови ако не ќе барам на други места. Едвај чекам тие да ги сменам страшно нервира тропањето и самата помисла дека не се во ред.

После држачите односно нареден месец ги менувам и гумите па да биде спремна за еден трип до јужниот дел на македонија  :)

Во меѓувреме сменети се трафоата и фреонот за клима.
Кога ја спомнав климата кога ќе ја пуштам стои колата во лер и знае да затресе тоа се случува 2-3 пати во минута истото се случува и во возење при забрзување дури и губи сила и продолжува страшно нервира. Мајсторот ми рече фали фреон дополнија најверојатно затоа така прај ја дополнив ама џабе исто е. Тоа треба да го проверам во иднина.

Ќе ми требаат и 15ки челични бандаж за зимските гуми која цена се движат ??

Сега за сега е тоа понатака има ситници што сакам да ги средам ама има време од колата сеуште сум презадоволен и уживам во секој извозен километар  :D :D





Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #31 на: 09 Јули 2018, 22:56:01 pm »
Пушти некое сликче од колата, не биди скржав, да и се изнагледам малку :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #32 на: 09 Јули 2018, 23:10:50 pm »
Искрено и немам нови зошто таков баксуз сум не заврнува одкако ќе ја перам него дур ја перам  ;D ;D ;D
Еве омилената до сега на кафе пауза за први мај накај берово  :D


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #33 на: 13 Јули 2018, 17:48:36 pm »
Денеска ги сменив држачите на моторот. Разликата e огромна не само што веќе нема тропање туку бучавата што доаѓа  од моторот е намалена можеби 60%. Прво барав Lemforder па Corteco после Febi Bilstein.  Сакав да ставам поубава марка некој поскапи за да траат ама такви држачи имаа сегде дур не ги нарачаш е после нема ништо. На крај изборот падна на Kautek исто така уљени човекот од кај што ги купив вика дека мајсторите све вакви земале и никогаш немало проблем. А и мајсторот рече чим се уљени би требало 5~6 години да траат без проблем а гумени никако. Ептен ми направи мерак крајниот резултат не ни очекував толку разлика  :)





Благодарност до @zvonkog  :D

Следуваат гуми.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #34 на: 13 Јули 2018, 18:47:06 pm »
да си го тераш и да си уживаш  8)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #35 на: 15 Јули 2018, 23:16:56 pm »
да си го тераш и да си уживаш  8)

Дајбоже  :D

Им дојде редот и на гумите. Најмило мие што се одтарасав од 9 години стари гуми. Планирав да земам all season но се премислив понатака ќе купам 15ки челични за зимски.






Matador mp47 hectorra 3 225/45/17


Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #36 на: 16 Јули 2018, 09:01:32 am »
Пиши цена за гумите, колку ги зема, па понатака кажи дали се добри.
Со здравје да ги возиш.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #37 на: 18 Јули 2018, 23:55:20 pm »
Пиши цена за гумите, колку ги зема, па понатака кажи дали се добри.
Со здравје да ги возиш.

Фала зоки. 12 500 ги земав. Цената за димензијата е супер поевтино само ептен според мене неквалитетни марки а од подобрите скоро дупла цена. Доста меки се ме изненади вожњата се надевам ќе се покажат добри претходно на пунтото возев матадор таткоми вози летни матадор само друг модел без замерки до сега. Се надевам и овие така ќе биде.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #38 на: 22 Август 2018, 22:03:32 pm »
Мал апдејт на темата.

1. Бандафчиња 15ки за зимски гуми. Едвај чекам да ја повозам со овие бандажи да видам колку ќе има разлика во вожњата и влечење.



2. Сменети стабилизатори





3. Сад стори цркнаа круговите на левиот фар  :( :(

Никако да допамтам да ги пишам двете најголеми мани на колава.
НЕМА СААААААТ!!!!! До сеа ниедна кола ми немаше обртометар пежото дури имаше огромен саат сега обратно.
Држачи за чашки фалат очајно....


Одкако е во моја сопственост досега поминати 4.645км.
Викендов ја носам на одмор односно прва подолга вожња се надевам одлично ќе си поминеме  :D :D


Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #39 на: 27 Септември 2018, 18:51:23 pm »
И како што реков ја однесов (односно таа ме однесе) на одмор. Си поминавме супер по пат. Од Скопје до Фурка, таму навака натака до Скопје пак и поминати 1 006км. 4ца, товарена и преку 3 саати работење во место на граници просечна излезе 6.30 л/100км.



единствената слика со колата на одмор знам срам да мие.

Следно бевме и во Лесковац на собир еве некоја слика и од таму





После лесковац колата изгуби сила турбото не уклучуваше. Испадна заглавен вариабил на турбото. Лесно помина се среди.

Денес бев доброволно да ме опљачкаат.
Бидна и првата регистрација во мое име.

-Технички 2 504
-Фонд 2 220
-Осигурување 7 056

Вкупно: 11 780 ден.

Во меѓувреме нарачано е трафо за круговите треба да стигне.

Во моја сопственост колата од 7.04.2018 до сега има поминато 6 668км.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #40 на: 29 Септември 2018, 12:36:50 pm »
Не дека е вака лошо, да не се сфатиме погрешно, си размислувал за М браници?

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #41 на: 04 Октомври 2018, 23:39:41 pm »
@зоки-златен за М-браници искрено не ама за М-преден браник секој пат кога ќе ја видам од напред  ;D

За малку и ќе го нарачав ама пробувам да не го мислам и да го одложам зошто си има ситници што сакам да ги средам а и за вака постара кола мора да се има буџет за поправки секогаш може нешто да одкаже...

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #42 на: 05 Октомври 2018, 17:50:45 pm »
Ако менуваш, ставај комплет М-пакет. Не ја расипувај колата.. Напред М, позади точак.. Нема смисла волку сочуван примерок да го уништиш.. :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #43 на: 05 Октомври 2018, 22:03:50 pm »
@BrziGonzalez ти ја сваќам поентата ама искрено мене ми справи мерак со овој браник позади па затоа и не ми паднало на памет таа опција а и искрено не гледам голема разлика во задниот М додека кај предниот е многу многу поубаво со М. Ама како што кажав сега за сега ќе остане со овој па за понатака ќе видиме  :)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1260
Одг: BMW e36 318 tds
« Одговори #44 на: 07 Октомври 2018, 18:50:45 pm »



 8)