Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 45554 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #90 на: 25 Март 2020, 12:09:14 pm »
Го закукав цел со силикон. Ајде да видиме сега од каде ќе влегува вода да му го турам.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
Мислиш дека од ивицата ти влегува, а не од дупките по 2цм за сијалици!?!?

На полото од дупките си влегува, лабаво.

Него добар збор "закука" доаѓа од "caulk"

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Закука е на Кумановски ;D и ми делуваше пригоден изразот во однос на тоа колку "фино" го средив :)

Имам пишано претходно, http://forum.carclub.mk/index.php/topic,22637.msg1116353.html#msg1116353  мислев дека од кај сијаличките кај дихтунгот влегува вода.
По извесно време тестирав со вода од црево и навлезе вода. Го извадив штопот и видов дека околината околу сијаличките беше сува, така заклучив дека влегува од друго место.
Разгледувајки и споредувајки со другиот штоп, приметив на едно место како да има поголем гап измеѓу надворешниот и внатрешниот дел од штопот (сигурно се залепени некаде повнатре од ивицата). Од истото место истекуваше водата што претходно беше навлезена.
Ставив културна количина силиконче на тоа место, но по извесно време повторно влезе вода но во помала количина.
Затоа овој пат му шлапнав саглам силикон околу целиот штоп во случај да влегува и од друго место.

Деновиве е сув :)

Е сега од каде се појавил гапот?

Претпоставувам од еден настан кога сопругата во обид да направи место за да се разминат со друго возило на тесна уличка. Движејки се во рикверц го натиснала браникот од дворски зид, а браникот го потиснал надворешниот дел од штопот при што се одлепил од внатрешниот кој пак немал еластичност бидејки е фиксиран за каросеријата преку шрафови.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #91 на: 11 Април 2020, 18:20:55 pm »
Штопот не пушта вода по денешново перење.
Испрано, шприцнато, намачкано, фали уште едно полирање ако може да се отстранат гребаниците од паркинзи, ама тоа здравје кога ќе наполни 10 години, ако остане нешто од бојата ;D
Левата страна е поутепана :)



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #92 на: 12 Мај 2020, 23:09:52 pm »
Денес, жената отишла до кај нејзините во Козле, паркирала на паркинг од зградата со задниот дел од колата кон паркче.
За враќање не и запила од прва, туку со второ верглање. И паднало чудно бидејки зимава и со стариот акумулатор си палеше на прво верглање, само се ресетираше дневна километража поради што купив нов.
Откако ја запалила колата почнало да и мириса на бензин. Кај Рамстор снемало миризба и така се до пред угорницата пред дома кога повторно почнала да осеќа миризба.
Ме викна и панично ми вели дека истекува бензинот.
Си викам, јеботе, пун резервоар ќе истече во двор, ќе контаминира се живо, кај ли го дупнала по пат.
Одам да видам, корне на бензин, се наведнувам од позади да видам од каде тече и приметувам како капе по една капка на секои 5 секунди во предел некаде од предниот дел на резервоарот.
Малку се мислев што да правам, ај да погледнам од левата страна ако може поточно да видам од каде капе.
Гледам, не капе повеќе и паѓаат црни љушпи од премазот од резервоарот.

Претпоставувам дека е дупната цевка, додека работи бензинската пумпа ствара пририсок и тогаш шприца. Кога ќе се изгаси колата капе се додека не падне притисокот.

Ми се врти во глава дека од паркчето се стркалала топка од деца што си играле и се пикнала под колата и дека некој со стап мавајки да ја извади топката направил беља, или некој Гремлин повторно и се навртел.

Утре одам на сервис и ќе видиме што е, ако не се запалам по пат ;D

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #93 на: 12 Мај 2020, 23:18:39 pm »
Да беше Алфа ќе се знаеше фабричка мана е, вака со Хјундаи ке си ти се вртат во глава топки, деца, стапови ;D ;D ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #94 на: 12 Мај 2020, 23:32:06 pm »
Првите 2 ипол години ко Алфа беше ;D

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #95 на: 13 Мај 2020, 10:33:05 am »
Денес, жената отишла до кај нејзините во Козле, паркирала на паркинг од зградата со задниот дел од колата кон паркче.
За враќање не и запила од прва, туку со второ верглање. И паднало чудно бидејки зимава и со стариот акумулатор си палеше на прво верглање, само се ресетираше дневна километража поради што купив нов.
Откако ја запалила колата почнало да и мириса на бензин. Кај Рамстор снемало миризба и така се до пред угорницата пред дома кога повторно почнала да осеќа миризба.
Ме викна и панично ми вели дека истекува бензинот.
Си викам, јеботе, пун резервоар ќе истече во двор, ќе контаминира се живо, кај ли го дупнала по пат.
Одам да видам, корне на бензин, се наведнувам од позади да видам од каде тече и приметувам како капе по една капка на секои 5 секунди во предел некаде од предниот дел на резервоарот.
Малку се мислев што да правам, ај да погледнам од левата страна ако може поточно да видам од каде капе.
Гледам, не капе повеќе и паѓаат црни љушпи од премазот од резервоарот.

Претпоставувам дека е дупната цевка, додека работи бензинската пумпа ствара пририсок и тогаш шприца. Кога ќе се изгаси колата капе се додека не падне притисокот.

Ми се врти во глава дека од паркчето се стркалала топка од деца што си играле и се пикнала под колата и дека некој со стап мавајки да ја извади топката направил беља, или некој Гремлин повторно и се навртел.

Утре одам на сервис и ќе видиме што е, ако не се запалам по пат ;D
На пријател со Киа Сид му скапал резервоарот, вози на плин стално. Рече дека скроз бил кородиран и смрдело на бензин.
Не знам дали има врска со твојот слулај, ама иста групација се. Иако ми беше чудно што има челичен резервоар.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #96 на: 13 Мај 2020, 11:37:32 am »
Ништо од филмот со стапови и топки.

Гремлин замешал прсти ;D

Од Кисела вода до сервис Кореа, околу 20 литри потрошувачка, мислам дека поставив рекорд ;D

Вчера помислив во еден момент да го отворам капакот од кабина што пристапува до резервоарот, ама си реков што ќе гледам па таму, пловак, кабли...

Излезе дека цревото се извлекло од кај резервоарот и покрај тоа што има осигурач. Не им беше јасно во сервисот,  ни мене не ми е јасно.
Откако го вратија цревото се обидов со рака да го извлечам, нема шанси, има нешто као пластичен осигурач/штипче кое најверојатно треба да се стисне за да може да се извлече цревото.

Колата е сега на друг сервис да се кубитира одоздола, бензинот измил прилично од заштитата.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #97 на: 13 Мај 2020, 13:20:42 pm »
Вчера си игравме со децата со топки пред зград во Козле.  :-\

Не боцкавме со стапови.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #98 на: 13 Мај 2020, 16:22:05 pm »
Добро е штом си го решил проблемот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #99 на: 13 Мај 2020, 17:58:54 pm »
Авантурите продолжија.

Додека возев кон Сингелич, цртичките од резервоарот продолжија да паѓаат, односно од 3 црти над пола резервоар, паднаа на една црта под пола ( има вкупно 12).
Претпоставив дека компјутерот доцни со пресметките во однос на позиција на пловак со прејдени километри (75км од последното фул танкирање). Не очекував дека толку лиело.
Од сервисот за кобитирање (Миро) требаше да го исперат подвозјето во соседство, но биле во дефект и тргнале кај Морски, претходно ми побараа дозвола и им одобрив.
Колата им изгасила пред мостот близнаци и бидејки индикаторот покажувал дека има гориво, се посомневале во бензинската пумпа, ем не им давала звук. Кога се чув со нив 3 црти на индикаторот.
Ајде шлеп служба до Кореа, каде востановија дека резервоарот е сув :), пумпата исправна.
Зедов канта, наточив 600 денари, ги сипаа во резервоарот, ја запалија колата, си работи нормално. Погледнав на индикаторот, само 2 црти од 600те денари.
Остана колата таму да ја испитаат дополнително и утре, но најверојатна констатација е дека утрово возејки до Кореа сум потрошил 30 литри ;D (течело шаком и капом) и дека ECUто ептен било збунето од податоците на пловакот и прејдените километри и бајаги доцнел со корекцијата на нивото на индикаторот.



Ќе барам знакчиња од Алфа да ги сменам тие од Хјундаи ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #100 на: 13 Мај 2020, 18:05:05 pm »
Среќа ефтин бензинот, замисли 83 денари да беше... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #101 на: 13 Мај 2020, 20:37:52 pm »
^^Од оние избледените барај половни тие ке се уклопат повеќе ;D ;D

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #102 на: 13 Мај 2020, 20:49:36 pm »
Авантурите продолжија.

Додека возев кон Сингелич, цртичките од резервоарот продолжија да паѓаат, односно од 3 црти над пола резервоар, паднаа на една црта под пола ( има вкупно 12).
Претпоставив дека компјутерот доцни со пресметките во однос на позиција на пловак со прејдени километри (75км од последното фул танкирање). Не очекував дека толку лиело.
Од сервисот за кобитирање (Миро) требаше да го исперат подвозјето во соседство, но биле во дефект и тргнале кај Морски, претходно ми побараа дозвола и им одобрив.
Колата им изгасила пред мостот близнаци и бидејки индикаторот покажувал дека има гориво, се посомневале во бензинската пумпа, ем не им давала звук. Кога се чув со нив 3 црти на индикаторот.
Ајде шлеп служба до Кореа, каде востановија дека резервоарот е сув :), пумпата исправна.
Зедов канта, наточив 600 денари, ги сипаа во резервоарот, ја запалија колата, си работи нормално. Погледнав на индикаторот, само 2 црти од 600те денари.
Остана колата таму да ја испитаат дополнително и утре, но најверојатна констатација е дека утрово возејки до Кореа сум потрошил 30 литри ;D (течело шаком и капом) и дека ECUто ептен било збунето од податоците на пловакот и прејдените километри и бајаги доцнел со корекцијата на нивото на индикаторот.



Ќе барам знакчиња од Алфа да ги сменам тие од Хјундаи ;D
Често го полниш до горе или сега инцидентно?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #103 на: 13 Мај 2020, 20:55:04 pm »
35L rezervoar ima  ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6947
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #104 на: 13 Мај 2020, 21:00:51 pm »
Затоа Алфите ги возиме на шлеп, поефтино е :)