Денес сум правел maniobra de esquiva во живо. На враќање од Гостивар кон Скопје возам 70-75 пред Бунар петрол према патарината. Од десната страна баш пред Бунар птрол на работ од коловозот стои Шкода рапид, со десните тркала на трева/земја и мислев дека е застаната. Типот да ти чекал погоден момент да пресече полна линија за да влезе во бензинската. Баш на 10-тина метри пред мене почнува нагло да врти и да ми сече пат. Јас избегав лево, го заобиколив, контра десно бидејќи од спротива доаѓаше сообраќај.
Ги осетив кочниците како се вклучуваат и цела кола се затресе за момент. Понатаму на патарината некој што возел зад мене застана до мене, отвара прозор и ми вика: Добар си? Велам добар сум само колената ми се тресат.
Све се пишманам што ме мрзи камера да наместам додека возам, холивуд ќе може бурек да јаде какви сцени се дешаваат по нашиве патишта. Ама барем искуството е дека Фордот добро се држи со такви маневри
а и гумите се добри изгледа (Bridgestone ER300).