Неколку месеци турбуленција, па после стабилизација. Почнав со Голф 5/147ца и на крај завршив со 159ка, мислам дека најубавиот крај ми се случи. Релативно брзо ја најдов иако мислев дека кај нас неможе лесно да се најде сочувано возило (сепак за неколку илјади километри па ќе ја видиме правата вистина). После 3 проверки на мајстор се одлучив да ја купам. Прв пат возам и поседувам алфа, а има повеќе причини...прво тоа што сите велат ако сакаш навистина коли мора да имаш барем еднаш во животот купено Алфа и второ ептен е лична и трето добра вожња има. Цената е 5900 евра.
Модел : 2007 Alfa Romeo 159
Мотор : 1.9 JTDm
Моќност: 150 КС
Менувач: 6 степен мануелен
Димензии на бандажи: 18 ки.
Димензии на гуми: General(?!) 245/45/18 летни
Колата имаше:
-Нови гуми
-Направени сервиси
-Нови предни плочки и дискови
-Од опрема ништо
-18ка бандаж (дискутабилно за вкусот, меѓутоа во живо е далеку подобро)
-Лупи на средни светла
Мани на колата:
-Предните врати крцкаат
-Штофот е супер зачуван освен флеки ваму-таму, па така здравје на пролет хемиско
-Излижано старт/стоп копче
-Слабо со чувани пластики на вратите (гребнатинки)
Генерално јас сум презадоволен од Алфата после 150 километри поминати низ град. Она што е најбитно нема тропкања, крцкања, квичења по дупки и нерамнини и покрај тоа што има 18ки...што за мене е доста импресивно. Следуваат слики...
Бидејќи ми е прв дизел мотор и прва Алфа би ве замолил да споделите некој совет околу одржувањето. Ви благодарам!