Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 14505 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 496
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #75 на: Јули 02, 2019, 02:22:19 am »
Вака од ракав кога се фрлаат со бројки....какви 7.000 евра во камата човече. Каматна стапка во нормални држави за НОВ автомобил е од 0.9% до 2.5%. И не мешајте поими кредит и лизинг, зошто каматата е различна и незнам дали воопшто можеш да купиш нов автомобил на кредит.

1060 евра во камата за 5 години. Значи се 21.000 не 27.000 евра. И тука стави 300 евра + за договорот како додатни трошоци и ќе дојде 1500 евра.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Во нормални држави.

Еве ти пример за Golf 1.6 TDI - цената му е 16.950 евра. Лизинг рата 199 евра со учество од 30%, каматна стапка од 5.5% и отплата на 72 рати.

30% - 5085 евра.
72 х 199 - 14.328

Вкупно - 19.413. :/


@zeroSignal  За година ипол рипнала ценава за 1500 еу :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24739
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #76 на: Јули 02, 2019, 08:54:53 am »
@malinamamun - Голф е ко недвижнина, му расте цена. Ја затоа мојот кај и да е ќе го огласам за 48.000 евра (колку што и реално вреди), па ко воли - нек изволи! :D

Отсутен Barca

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 42
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #77 на: Јули 02, 2019, 21:36:36 pm »
Бидејќи најубо е кога се зборува со факти, јас да си го кажам мојот случај. За инсигнијата, чија продажна цена е точно 20 К, јас за лизинг преку Шпаркасе, уплатив околу 4400 евра учество (се плаќа цел ддв на почеток, 3% од цената и некои административни трошоци). Другото е на 72 рати. На крај излегува дека околу 3700 евра е каматата за целиот период. Во ЕУ ова ќе биде барем на пола, ама тоа е. Ама ние сме држава во која се што се правело во изминативе 28 години е за да им се угоди на политичари, функционери, криминалци и олигарси, а ние обичната раја тоа го покриваме. Знам дека не е коректно од моја страна да мешам политика на форум за автомобили, се извинувам за тоа, ама во контекст со каматните стапки ми е муабетот.

Отсутен AngelSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 559
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #78 на: Јули 02, 2019, 23:06:07 pm »
Бидејќи најубо е кога се зборува со факти, јас да си го кажам мојот случај. За инсигнијата, чија продажна цена е точно 20 К, јас за лизинг преку Шпаркасе, уплатив околу 4400 евра учество (се плаќа цел ддв на почеток, 3% од цената и некои административни трошоци). Другото е на 72 рати. На крај излегува дека околу 3700 евра е каматата за целиот период. Во ЕУ ова ќе биде барем на пола, ама тоа е. Ама ние сме држава во која се што се правело во изминативе 28 години е за да им се угоди на политичари, функционери, криминалци и олигарси, а ние обичната раја тоа го покриваме. Знам дека не е коректно од моја страна да мешам политика на форум за автомобили, се извинувам за тоа, ама во контекст со каматните стапки ми е муабетот.

Нема ништо не коректно, политиката ги крои случувањата во сите сфери, и слободно треба да се дискутира. За жал банките во МК профитираат дебело,  државата работи во нивни интерес.