Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 60326 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #105 на: 10 Септември 2020, 17:36:10 pm »
Ужас, али важно на крај си свршил работа.

Отсутен Majstoriste

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #106 на: 10 Септември 2020, 19:35:19 pm »
Јас имав поприлична штета со Џамперот, нов нецели 2 години, се истегнав околу 150-160.000ден во Автонова, осигурањето ги префрли парите во НЛБ и чекав нивни проценители и и процедура месец-месец и пол дена и тек тогаш НЛБ ми ги врати парите
Овој случај не бил прогласен за тоталка од осигурителната компанија и ти си продолжил да отплаќаш лизинг на рати и да го користиш возилото.
Примерот со 8000 евра и винкулација е кога возилото е прогласено за тоталка од осигурителната компанија, лизингот се затвара и се расчистуваат сметките со банка/лизинг компанија. Кршот што ќе остане или се растура за делови или се поправа и се бара жртва да му се утрапи како „пали-вози“ или „уникат“.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #107 на: 24 Декември 2021, 13:14:10 pm »
Ај малку појаснување, додека сум у лер, да видам и ваква опција


Да не кружам ко киша око Крагуевац, наједноставно објаснето колку треба учество и како би било плаќањево на лизинг месечно за колава?
Тоа калкулаторот не го разбрав баш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #108 на: 24 Декември 2021, 13:33:35 pm »
Колку што разбрав, ја ставаш најпрво цената на возилото, потоа одредуваш на колку рати сакаш да биде отплатата, потоа поставуваш минимум 20% учество и добиваш резултат колкава ќе ти биде месечната рата.

18950 на 84 рати, со 20%учество (цирка 3,800 евра) излезе 178 евра рата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #109 на: 24 Декември 2021, 13:36:28 pm »
Колку што разбрав, ја ставаш најпрво цената на возилото, потоа одредуваш на колку рати сакаш да биде отплатата, потоа поставуваш минимум 20% учество и добиваш резултат колкава ќе ти биде месечната рата.
И да не си ја заборавиш секако каматата пред да ги пресметаш ратите.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #110 на: 24 Декември 2021, 13:37:59 pm »
Ваљда е урачуната во калкулаторот?

Едит
Не се нормални овие од шпаркасе, јбт калкулатор
« Последно менување: 24 Декември 2021, 13:43:20 pm Mikius »

Присутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #111 на: 24 Декември 2021, 15:04:32 pm »
А дали некаде ја пресметавте вкупната сума заедно со учество што треба да се уплати, вклучувајќи ддв, нотарски трошоци, регистрација, итн?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #112 на: 24 Декември 2021, 15:16:49 pm »
А дали некаде ја пресметавте вкупната сума заедно со учество што треба да се уплати, вклучувајќи ддв, нотарски трошоци, регистрација, итн?
Нормално тоа се прави на крајот за да видиш дали ти се исплаќа да ја купиш таа кола и колку реално ќе платиш за таа кола! Секако без нотарски трошоци и регистрација (нели) зошто тоа не зависи од тој што ја продава колата.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #113 на: 24 Декември 2021, 15:35:34 pm »
Дали сето ова ќе ми биде објаснето во салон, или ќе ми измислуваат топла вода?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10036
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #114 на: 24 Декември 2021, 15:56:07 pm »
Во салон само да се заклучиш во колата дур не ти одобрат јак попуст :)

Другото во банка :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #115 на: 24 Декември 2021, 16:09:04 pm »
Дали сето ова ќе ми биде објаснето во салон, или ќе ми измислуваат топла вода?
Ако знаат да пресметаат можда. Треба да прашаш, колку ќе чини колата се на се додека ја исплатиш:
1. Колку учество
2. Колку рати и колку е секоја рата
Помножи си и ќе добиеш колку вкупно чини колата. (Пази бројката ќе е доста повисока од ова што го читаш во каталог)
Плус:
3. Колку и какво е задолжителното каско
4. Дали важи гаранцијата за кариес на бандажите
5. Колку чинат 4 зимски гуми за таа димензија
6. 130еур за затемнување на стакла, ако не се затемнети задните фабрички
7. Дали има задни сензори, и 250еур за ОЕМ сензори ако нема.

Се друго е веќе полесно ако се знае ова.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #116 на: 24 Декември 2021, 16:23:37 pm »
Значи не битно дали е на лизинг или на кредит купено возилото, ти плаќаш рати со камата во двата случаја.
Во случајот лизинг колата е на туѓа сопственост додека не ја исплатиш, со кредит е на банката додека не ја исплатиш.
Откако ќе ја исплатиш може на мое име да се префрли, добро разбрав читајќи ја темава, или не?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #117 на: 24 Декември 2021, 16:27:14 pm »
Значи не битно дали е на лизинг или на кредит купено возилото, ти плаќаш рати со камата во двата случаја.
Во случајот лизинг колата е на туѓа сопственост додека не ја исплатиш, со кредит е на банката додека не ја исплатиш.
Откако ќе ја исплатиш може на мое име да се префрли, добро разбрав читајќи ја темава, или не?
Целта на лизинг не е да ја купиш колата туку да ја изнајмуваш. Иако кај нас на пример тоа е релативно ретко. Кај нас лизинг се поистоветува со кредит.

Инаку штом некој друг ја платил колата наместо тебе (кредит/лизинг) секако тој сака да земе некој процент за таа услуга. Затоа и се гледа обично да имаш што е можно поголемо учество за кредит од околу 50% или повеќе за да е поисплатлив кредитот. И секако да не се претерува со годините. Ама за сето ова треба да се седне да се направат 3-4 опции и да видиш што највеќе ти одговара на примањата и начинот на кој ќе се купи.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3522
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #118 на: 24 Декември 2021, 16:40:15 pm »
VW дава детална пресметка за нивните понуди, еве ова за Т-Рок. Е сеа си пишува надоле дека нотарски трошоци не се вклучени и е објаснето какво каско ти треба.

https://cdn-mk.volkswagen.at/media/Kwc_Basic_DownloadTag_Component/73507-978096-671262-978099-671263-linkTag-child/default/99f6239e/1638358330/vw-t-roc-23-600.pdf
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
  • хаУс мајстор
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #119 на: 24 Декември 2021, 16:45:30 pm »
Појасно.
Фала ви дечки.
Мислев сега да трзнам, иако првично ми е да земам половна кола и да истерам уште 3-4 години, па да размислувам за нова.