Автомобили > Нови Автомобили
Купување возила на Лизинг или Кредит
ficomk:
може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.
velestrumf:
Ако добро сум разбрал...
На лизинг, колата не е на твое име, туку е на фирмата која овозможува лизинг. Практично плаќаш кредит на фирма.
На кредит, колата е на твое име, а кредитот го плаќаш во банка.
Слободно нека корегира некој ако не е така, чунки јас така го имам разбрано.
ficomk:
--- Цитат: velestrumf на 08 Ноември 2017, 22:50:53 pm ---Ако добро сум разбрал...
На лизинг, колата не е на твое име, туку е на фирмата која овозможува лизинг. Практично плаќаш кредит на фирма.
На кредит, колата е на твое име, а кредитот го плаќаш во банка.
Слободно нека корегира некој ако не е така, чунки јас така го имам разбрано.
--- Крај на цитатот ---
и јас така имам разбрано,но дали има и други разлики?колку време треба да се плаќа лизингот,можеш ли после да ја откупиш колата,кој е задолжен за сервиси и слични прашања?
Deni:
За лизинг гарант ти е колата.
За кредит гарант ти е жирант или хипотека.
vlatko.klp:
--- Цитат: ficomk на 08 Ноември 2017, 22:19:44 pm ---може некој у две три реченици да го објасни лизингот,што е поразлично од кредитот?
Не дека неможам или ме мрзи да барам,но мислам дека некој кој имал искуство со лизинг подобро би го разбрал од тоа што е напишано.
--- Крај на цитатот ---
Имаш 2 вида на лизинг. Оперативен и финансов. Кај првиов обично фирми купуваат автомобили и плаќаат месечна рата во рок од 3 до 5 години. Потоа автомобилот се враќа. Обично тука имаш лими на километража за тој период (обично 100.000км за 5 години) и вредност од 35%. Ако автомобилот е 20.000 евра ти ќе плаќаш 65% од вредноста во наредните 5 години и после го враќаш назад или ако сакаш можеш да го откупиш што обично ќе дојде 35% од вредноста (се прави проценка). Како што реков, атрактивно е за фирми или пак рент а кар кои ги лизингуваат дури и на секоја година.
Финансов лизинг ти е за целосната вредност на возилото, односно 100%. Што значи месечно ќе плаќаш повеќе но нормално после лизингот (5 години) ти стануваш сопственик.
И во двата случаи, сопственик е банката се додека не ја исплатиш колата. Ти имаш некој вид на полномоштво.
Кредит класичен обично се зима за половно возило со помала вредност (да речеме 7.000 евра). И ќе го плаќаш ама тука и каматата е доста повисока. Кредит класичен за нов автомобил не постои како термин.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија