Таа сеа мислам е во гаража во Ремо
Така дреми (последно шо разбрав).
Имаше јаки количиња. Имаше вакво црвено Ford Taunus GT со малку свиткан кров кај Декорпод во нивата, ама беше со оригиналниот винил кров.
Стево шо го имаше исто беше атракција (сеа Куманово е мислам).
Имаше други, пример имаше црно Ford Granada Coupe од Трново
на еден Љупчо мислам се викаше.
Каприто со сините ленти на Андреј.
Зеленото Капри шо дремеше пред Судот, ама арно го спаси ја и го реставрираа како шо треба (сега во Скопје е).
Имаше јаки Фордчиња низ градот, дури ги имам забораено, ама можда ми останала некоја слика по старите хард дискови.