Одамна се канам да отворам тема, ама ај денес, ај утре..
Се работи за BMW 118d
-11/2009
-2.000 cm3
-105kw/143hp
-manual 6, rwd
-110.000km
-225/45/17
Стандард опрема има, едино фали темпомат, за кој размислувам да го вградам. Надворешно има некои ситни гребаници, и фали едно полирање за да биде во топ форма. Купена од мак кар 11/2009, ја земав од првиот газда. Ја имам точно 1 година, и поминати 28.000км за тоа време. Прилично задоволен од вожња, управување, брзина-сила, потрошувачка. Севкупно прилично позитивен впечаток.
Во иднина размислувам да додадам темпомат, задно спољерче горе на гепекот (малце да се разубави
) и ремап. И ако начекам некои ефтини а добри М седишта.