Автор Тема: BMW 320 - 520/525/530  (Прочитано 16702 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #15 на: 13 Октомври 2017, 15:43:20 pm »
Јас едино шо имам пробано помало BMW е BMW 1.

Па не ме собира во тоа чудо никако ;D ;D ;D (лажам, пред некое време во Пегле се начукав ...едвај)

Седиштето ми беше до крај. Назад седнување нема. Ама интересно возилце, ако е со добар потентен мотор е доста забавно.
Ако било со 3 врати многу полесно се влага дека огромни се вратите, иначе исто кибрит внатре.

Повеќе простор има внатре и повисоко се седи, пробај :) и во i30ката имав повеќе простор внатре и полесно се влага/излага.

Ти си се префрлил од i30 во Е90?

Бреееј, какво прогледување. :)
Lada Riva 1300 (прва љубав, искачање на црвено ѓон напраен лик со дачија + лада нема кочници = тоталка двете) -> Yugo 55 (изгубено/украдено/дигнато од пајак/не се знае) -> Hyundai Getz 1.3  (продадено) -> e39 528i (продадено :( ) -> Hyundai i30 1.4 (продадено) -> e90 335d

Прогледуење ипол :) следно е60/ф30 повторно 6так.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13466
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #16 на: 13 Октомври 2017, 15:45:14 pm »
Со пет беше ова што го гледав. Назад седнување, ...обичен ранец со лаптоп не собираше позади моето седиште ;D

Отсутен changetheoil savethecar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • Best Motors Worldwide
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #17 на: 13 Октомври 2017, 15:53:49 pm »
E39 od 2002 ima podobri performansi, oprema, sigurnosni elementi itn  od VW Passat 2012.
na pr. 7 airbags imas vo E39ka., tepomat, klimaautoamtic, esp, abs, parktronic itn...

Motorite 2.5 i 3.0 d  se pokazzani kako poizdrzzlivi i podolgotrajni, alternativa 520i na plin. 6cil so 150ks benzinicec, atosferski bez turbo 1mil km. bez problem.
ne automatic smao manuelec.





А затоа на сите БМВ-ња што сум ги видел на шалттаблите светат сите можни сијалички, тоа дека многу сигурносни системи да ти имале :):) Тоа е во ред, ама тука кај нас ти носат 3 во 1 па огромна е веројатноста ниеден од наведените сигурносни системи да не работи.
ke si trknes do dzermanija so lopata da gi rinesh imas bmwinja.
---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1030
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #18 на: 13 Октомври 2017, 17:08:43 pm »
Како што кажа колегата пред мене БМВ е младалачка кола, тешка за одржување, далеку од економична и независно дали е М пакет или не, има доста тврда вожња во споредба со други возила од ист калибар.
Еве прашај колку чини еден фар за тој модел што го бараш, не оди подалеку :)
Тоа годиште кај нас само ќе најдеш крш добар за чување дрва за огрев зимно време.
Од странство со позната историја и одржувана во овластен сервис, тоа држи вода.
Дизелите ти се многу извозени и во странство, така да барај си бензинци, посигурни километражи ќе добиеш. Плин кај нас и завршена работа.
ОБАВЕЗНО мануелен менувач! Јас барам мајстори за автоматски менувач на возилото на дедото и само налетувам на приучени "мајстори" кои прават повеќе беља него друго. Кај нас немаш сервис за тој луксуз.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13466
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #19 на: 13 Октомври 2017, 20:42:21 pm »
За било која кола нов фар е скап.

Мешаме баби и жаби.

Кога ќе купиш кола кај нас, се гледаат цените на стари резервни делови. За BMW има делови, со лопата да ринеш. Имаш да пребираш.

Ги носат од Германија,Англија за багателни  цени и ги растураат и потурено е од делови по отпадите во Тетово, Гостивар и Косово.

За твојата C5-ка фаровите се од 300-400 евра парче па нагоре нови.  Valeo сигурно 500-600 евра од фар.


Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #20 на: 13 Октомври 2017, 21:02:36 pm »
Како што кажа колегата пред мене БМВ е младалачка кола, тешка за одржување, далеку од економична и независно дали е М пакет или не, има доста тврда вожња во споредба со други возила од ист калибар.
Еве прашај колку чини еден фар за тој модел што го бараш, не оди подалеку :)
Тоа годиште кај нас само ќе најдеш крш добар за чување дрва за огрев зимно време.
Од странство со позната историја и одржувана во овластен сервис, тоа држи вода.
Дизелите ти се многу извозени и во странство, така да барај си бензинци, посигурни километражи ќе добиеш. Плин кај нас и завршена работа.
ОБАВЕЗНО мануелен менувач! Јас барам мајстори за автоматски менувач на возилото на дедото и само налетувам на приучени "мајстори" кои прават повеќе беља него друго. Кај нас немаш сервис за тој луксуз.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk

Имаме Кавадарчани на форумот нека ти дадат контакт од Диме Господ мајстор за автоматици,сум слушал доста пофалби.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #21 на: 13 Октомври 2017, 21:11:15 pm »
Фикус не пишувај веќе во темава ќе помисли членот сериозен си.

Отсутен The Ghost

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #22 на: 14 Октомври 2017, 03:21:05 am »
Некако не ми се верни муабетиве што ги изнапишавте за бмв.. Јас што го земав (увезено) па нит е склапано од 3-1, нит му свети некаква сијаличка на шалтабла, ниту некој сериозен проблем до сега..
Па тесна била 3ката па немало економичност па тврда вожња...

Друже јас имам 318ci 2002ра на плин, и колата нормално си троши (350ден 100км), вожњата на автопат е одлична, за низ град е минимално покрута од својата класа но е сосема прифатливо.. Моторот (2.0 143кс) си ја брка работата без проблем. Возачката позиција е одлична (доста ниска по желба), багажникот е просторен, а позади комтно собира 2ца по 1.85м.
Околу цените до сега што сум прашувал е 10-20% поскапо од голф или опел од тие години..
Мој предлог е да си бараш шестак бензинец со плин, од причина што дизелите се доста поскапи за одржавање, а реално тешко ќе најдеш бмв од тие години што не е добро измалтретирано и кога тогаш ќе почне да ти го празни џебот..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #23 на: 14 Октомври 2017, 11:19:15 am »
Некако не ми се верни муабетиве што ги изнапишавте за бмв.. Јас што го земав (увезено) па нит е склапано од 3-1, нит му свети некаква сијаличка на шалтабла, ниту некој сериозен проблем до сега..
Па тесна била 3ката па немало економичност па тврда вожња...

Друже јас имам 318ci 2002ра на плин, и колата нормално си троши (350ден 100км), вожњата на автопат е одлична, за низ град е минимално покрута од својата класа но е сосема прифатливо.. Моторот (2.0 143кс) си ја брка работата без проблем. Возачката позиција е одлична (доста ниска по желба), багажникот е просторен, а позади комтно собира 2ца по 1.85м.
Околу цените до сега што сум прашувал е 10-20% поскапо од голф или опел од тие години..
Мој предлог е да си бараш шестак бензинец со плин, од причина што дизелите се доста поскапи за одржавање, а реално тешко ќе најдеш бмв од тие години што не е добро измалтретирано и кога тогаш ќе почне да ти го празни џебот..
Добар муабет. И правилна постапка. Само што губиш и од онака малиот гепек со боцата. Инаку тоа е изборот.

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #24 на: 18 Октомври 2017, 21:58:28 pm »
318 д ,ако ти е за економичност
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #25 на: 19 Октомври 2017, 09:34:04 am »
Фикус не пишувај веќе во темава ќе помисли членот сериозен си.

Ти сериозен си со коментаров?

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #26 на: 19 Октомври 2017, 09:53:21 am »
Морам пак да го спомнам аутото на комшијава...e39 520i на плин...за парите е феноменално ауто, не е WOW брза али низ град е сосема доволно а на отворено ако си возиш по пропишана брзина е авион, не се слуша мотор/гуми (235/45/18)/ветер, удобна вожња(стандард подвозје) просторна и троши ~9л. плин.

Пред некој ден смени еден стабилизатор и задни плочки со сензор за 4500ден сосе работна рака, чисто за споредба мене само предни плочки ме коштаа 7400ден.

Кога збориме за скапа за одржавање треба да се земе во обзир што мотор има...дизелот е секогаш поскап за одржување, потоа колку помоќен мотор толку поголеми дискови/плочки, друго подвозје исл. Повеќе цилиндри/кубикажа = поскапо за одржавање, повеќе уље/свеќици или греачи/вентили итн итн.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13466
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #27 на: 19 Октомври 2017, 10:16:39 am »
И мене ме коштаа задни плочки толку или помалку не се сеќавам :)

700 денари се сензорчињата. :)

Мислам и за твојата ќе бидат толку.

Предните дискови се секогаш поскапи.

Јас реално ако имам можност да го сменам моето некогаш за друго, би одел за 530i само да ги избегнам оние додатните и комплицирани елементи кај дизелот.

Сепак дизелите како конструкција се далеку поиздржливи од бензинските мотори. Ова особено важи кај високолитражни возила како 530d.

Можат милион километри да поминат без оф да речат.

Башка 30d влегуваше и во други марки какo Range Rover. Land Rover се ќе жртвува кај колата само мотор не. Мора да се движи тоа чудо без разлика на што и сигурно правеле добри тестови за издржливост на моторот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20049
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #28 на: 19 Октомври 2017, 14:50:09 pm »
Фикус не пишувај веќе во темава ќе помисли членот сериозен си.

Ти сериозен си со коментаров?

Да, престани да пишуваш глупости.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: BMW 320 - 520/525/530
« Одговори #29 на: 19 Октомври 2017, 14:57:01 pm »
Фикус не пишувај веќе во темава ќе помисли членот сериозен си.

Ти сериозен си со коментаров?

Да, престани да пишуваш глупости.

Ај појасни за какви глупости пишувам....... или ти е само да пишеш нешто