Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline  (Прочитано 3350 пати)

Присутен Inter1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #105 на: Октомври 12, 2017, 19:29:39 pm »
Ima zolt/zlaten kako na reklamata Golf 7.5, niz Sk go imam videno. Mn dobro izgleda, top.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 40347
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #106 на: Октомври 12, 2017, 19:31:44 pm »
Ima zolt/zlaten kako na reklamata Golf 7.5, niz Sk go imam videno. Mn dobro izgleda, top.
Да, да, да сабајле на Рузвелтова проаѓа. Со ксенон или лед е. Одлично изгледа.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Присутен Inter1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #107 на: Октомври 12, 2017, 20:05:13 pm »
Ima zolt/zlaten kako na reklamata Golf 7.5, niz Sk go imam videno. Mn dobro izgleda, top.
Да, да, да сабајле на Рузвелтова проаѓа. Со ксенон или лед е. Одлично изгледа.

Mislam deka so led e, ama sigurno za istiot zborime. Plus mn dobra boja, moderna, ne e bela/siva/crna/dosadna

Присутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1812
    • Свој Склад - издавање на магацини
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #108 на: Октомври 12, 2017, 21:13:39 pm »
Ima zolt/zlaten kako na reklamata Golf 7.5, niz Sk go imam videno. Mn dobro izgleda, top.

Седи паркиран на уличката што иде од Млечен до Веро 2.

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1420
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #109 на: Октомври 12, 2017, 21:37:50 pm »
И шо сеа нечини голфот?

Голфот е добро склопена кола. Направена да биде издржлива.

Пластика има во кабината, и тоа прилично доста. Далеку е од некакво премиум возило. Се вкупно гледано ентериерот е добро заштрафен и склопен. Нема крцкање.


Моторот 1.6ТДИ е економичен. Можеби со 6 степен менувач кој што ќе има малку поинакви преносни односи (на пример 6 степениот менувач што иде во ауди а3 врзан со 1.6тди) ќе биде и добар пакет на мотор и менувач во оваа кола. Со 5 степениот менувач возилото е бучно, и непрактично да го возиш на отворен пат подолг период. Ок, практично е ако го возиш до 100/120км/ч. Над тоа е малку гласно внатре.

Колата си има имиџ и историја, и живее од нив.

Не велам дека не чини, ама хајпот околу возилото и издигнување до ниво на божество ми е малку претеран.


Овој голф со овој мотор не е ништо повеќе "кола" од Фокус, Октавија, Леон, Пежо 308, Цитроен Ц4. Едноставно не е.

На подолг рок, можеби Голфот нема да крцка толку многу во кабина како останатите возила во кабината, ама можеби и тие на листата нема да крцкаат, треба да помине време да видиме.



Отсутен Skywalker

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1337
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #110 на: Октомври 12, 2017, 22:43:20 pm »
Велиш пластика има во кабината...кој возила и во кој ценовен ранг немаат пластика во ентериерот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 28462
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #111 на: Октомври 12, 2017, 22:51:52 pm »
Велиш пластика има во кабината...кој возила и во кој ценовен ранг немаат пластика во ентериерот.

Па сите имаат. Затоа Голфот не е ништо нарочито, тоа ти кажува @zlatkoa  . Крал на класата тоа е малце демоде и украден маркетинг исто како и Das Auto.
Мене не ми треба работа, мене ми требаат пари!

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1420
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #112 на: Октомври 12, 2017, 22:53:54 pm »
Велиш пластика има во кабината...кој возила и во кој ценовен ранг немаат пластика во ентериерот.

Сите имаат. Тоа е заебот. Ете Миле веќе ти одговорил.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 170
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #113 на: Октомври 12, 2017, 22:56:49 pm »
Околу пластиките внатре, според мене во оваа класа на возила ги има во секое, поготово делот кај менувачот (другар има од новата А-класа и кај него има па што понатаму). Разлика меѓу мојот Голф 6 2010г. и на брат ми Леон-от 2013г: значително помалку од онаа најгрубата пластика од колку кај него. После 7 години кај мене ништо не крцка а кај него се раскрцкаа после нецела година пластиките и си останаа такви. Има напред кај шалт таблата некоја пластика што вибрира и вади од такт. Исто така пластиките на предните врати му крцкаат. Ги имам двете коли дома и можам да направам разлика. Не викам дека е до толку битно (некој нема ни да примети) ама мене ми е. Во никој случај Леон-от не е полоша кола од Голф-от. Во многу работи и е подобар. Но, таква е ситуацијата со внатрешниот квалитет на изработка и користените материјали. За другите возила како Октавиата и сл. не можам да коментирам.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17307
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #114 на: Октомври 12, 2017, 23:11:23 pm »
„Евтините“, „тврди“ и „неубави“ пластики во бившото ми Мицубиши (второ ниво на опрема), не мрднаа, ни скрцнаа, ни тропнаа 8 години. А дел од нив беа вадени кога стававме дополнителна изолација.

„Префинетата мека“ пластика на вратата на Опелов (едно испод највисокото ниво на опрема) почна да крцка кога ќе ја потпрам раката на нејзе.

’Бем ти и меки и тврди пластики, ако нешто не е склопено како што треба, тури му пепел, не прави разлика дали е меко или тврдо.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Skywalker

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1337
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #115 на: Октомври 12, 2017, 23:30:36 pm »
Велиш пластика има во кабината...кој возила и во кој ценовен ранг немаат пластика во ентериерот.

Сите имаат. Тоа е заебот. Ете Миле веќе ти одговорил.

Ако сите го имаат тоа...тогаш тоа не можи да биди недостаток туку е стандард. Во тој случај можи да споредуваме во која кола се подобри пластиките и како се склопени.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1550
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #116 на: Октомври 13, 2017, 07:30:34 am »
И шо сеа нечини голфот?

Голфот е добро склопена кола. Направена да биде издржлива.

Пластика има во кабината, и тоа прилично доста. Далеку е од некакво премиум возило. Се вкупно гледано ентериерот е добро заштрафен и склопен. Нема крцкање.


Моторот 1.6ТДИ е економичен. Можеби со 6 степен менувач кој што ќе има малку поинакви преносни односи (на пример 6 степениот менувач што иде во ауди а3 врзан со 1.6тди) ќе биде и добар пакет на мотор и менувач во оваа кола. Со 5 степениот менувач возилото е бучно, и непрактично да го возиш на отворен пат подолг период. Ок, практично е ако го возиш до 100/120км/ч. Над тоа е малку гласно внатре.

Колата си има имиџ и историја, и живее од нив.

Не велам дека не чини, ама хајпот околу возилото и издигнување до ниво на божество ми е малку претеран.


Овој голф со овој мотор не е ништо повеќе "кола" од Фокус, Октавија, Леон, Пежо 308, Цитроен Ц4. Едноставно не е.

На подолг рок, можеби Голфот нема да крцка толку многу во кабина како останатите возила во кабината, ама можеби и тие на листата нема да крцкаат, треба да помине време да видиме.



1. Ако хипотетички кога ќе излезе голф 8 и е срање од кола тогаш ќе има славна историја ама не и имиџ. И тогаш нема да живее од нив. Барем така функционираат работите засега. Инаку убаво рече, колата има имиџ и историја А тоа е градено врз неколку работи што ги спомна била добро склопена, не крцка толку после поминато време итн. Многу е едноставна работата. Премиум никој никогаш не спомнал. Мерцедес А. класа е премиум а има повеќе груба пластика него во Голф или други слични автомобили. Ако некој сака намерно да најде негативности ќе најде, и обратно. Ти си читаш хајп и издигнување до божество, јас не го гледам тоа така. Бар, неможам да го најдам.

Во првиот пост со видеото што ги спомна убавите работи и после трврдиш ги има и кај Леон и кај Октавија. Ги нема. Ако сакаш ќе ти пуштам слики или изгуглај. Има многу ситни разлики каде што се гледа разлика. Можеби не секогаш во квалитет на пластика, туку како е склопено и како го издржал тестот на времето. А она што е најголемата предност на голф според мое мислење е возење при нерамен пат со дупки. Тогаш ја сфаќаш разликата. Ова е мое мислење и нема потреба да се чита како издигнување на голф до божество. На некој едноставно не му се важни ни пола од овие работи што ги спомнуваме на форум. Едноставно збориме за предности и недостатоци. Високата цена на голф на пример е исто така недостаток исто како што октавија нема изолација испод гепек. 

Во врска со видеото и звукот. Многу е тешко да знаеш како е навистина во реалноста гледајќи видео на јутуб али ти верувам. Дизелот дефинитивно е погруб особено во забрзување и возење во поголеми брзини. ТСИ е неколку пати потивок од ова. Дефинитивно.

Би ми било многу драго кога ќе се погодат приликите, да размениме лични искуства. Ти да го пробаш мојот голф на пример. 1.6 тди во Голф никогаш не сум го возел, го возев пред некој месец во Ауди А3 со 6 брзини и мене ми остави впечаток на прилично гласен и нерафиниран мотор. Јас ќе се обидам да снимам нареден викенд со мојот голф тси забрзување и вожња на 140км/ч ама не верувам дека квалитетот на видеото ќе биде волку добар. Ако имаш предлог како да се фиксира телефонот некако кажи.

Отсутен ghost555

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 32
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #117 на: Октомври 13, 2017, 09:52:31 am »
Проблемот со Голф 7 не е тоа дека е подобар во некои аспекти како 30% помека пластика, или поголема изолација,  затоа е и 3000 евра поскап од на пример Октавија. Проблемот е, дури не е ни тоа проблем ама барем мене ми е смешно, пример @NeVeNR вика "Абе нека е и дупло поевтина, нема да ја купам ќе возам ако треба и половна 6ка ама не ја купувам." со што Голфот се прави дека е нешто ненормално добро ауто (А во суштина има само на неколку места помека пластика, имал изолација под гепек, носи иста платформа, исти мотор, менувач, исти технологии), а Шкода е толку лоша што еве јас и Голф 4 ка ќе купам ама ќе биде подобра кола. Сеуште мислам дека постојат многу луѓе со размислувања дека германските коли како Голф се неприкосновени, најквалитетни, а се останато ќе се распадне за некоја година и ќе тропа цела, па искрено неверувам дека возило од типот на Шкода Октавија која е бест селер на Шкода како што е Голф на VW не е квалитетно возило.

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1420
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #118 на: Октомври 13, 2017, 09:54:13 am »

1. Ако хипотетички кога ќе излезе голф 8 и е срање од кола тогаш ќе има славна историја ама не и имиџ. И тогаш нема да живее од нив. Барем така функционираат работите засега. Инаку убаво рече, колата има имиџ и историја А тоа е градено врз неколку работи што ги спомна била добро склопена, не крцка толку после поминато време итн. Многу е едноставна работата. Премиум никој никогаш не спомнал. Мерцедес А. класа е премиум а има повеќе груба пластика него во Голф или други слични автомобили. Ако некој сака намерно да најде негативности ќе најде, и обратно. Ти си читаш хајп и издигнување до божество, јас не го гледам тоа така. Бар, неможам да го најдам.

Хајпот не потекнува само од оваа тема. Го има насекаде. Цел форум полн со про Голф - VAG идеологија. Дека хајпот е претеран не треба да кажувам јас. Јас само го нагласив тоа што го гледам. Има еден куп членови кои го делат моето мислење, но веќе им е преку тенис да се натегаат по темиве. Барем повеќето членови што јас ги знам и со кои комуницирам, веќе не ни сакаат да се вклучат во дискусија токму од тие причини.
Бидејќи колата ми падна во раце доволно време да извлечам заклучоци, истите ги споделив и тука. За да донесам заклучок дали некое возило е добро или не, најчесто тоа го правам врз основа на сопствено искуство. Не споделив нити линкови, нити извадоци од некакви квази сајтови за автомобилизам од странство. Од друга страна повеќето (не сите) од тие што го фалат голфот, немаат седнато да го извозат минимум 1000 километри за да донесат заклучок и да дадат мислење.

Во првиот пост со видеото што ги спомна убавите работи и после трврдиш ги има и кај Леон и кај Октавија. Ги нема. Ако сакаш ќе ти пуштам слики или изгуглај. Има многу ситни разлики каде што се гледа разлика. Можеби не секогаш во квалитет на пластика, туку како е склопено и како го издржал тестот на времето. А она што е најголемата предност на голф според мое мислење е возење при нерамен пат со дупки. Тогаш ја сфаќаш разликата. Ова е мое мислење и нема потреба да се чита како издигнување на голф до божество. На некој едноставно не му се важни ни пола од овие работи што ги спомнуваме на форум. Едноставно збориме за предности и недостатоци. Високата цена на голф на пример е исто така недостаток исто како што октавија нема изолација испод гепек. 



Споредбата ја направив со Леон и Октавија затоа што и тие возила ги имам возено и можам да дадам отворено мислење базирано на искуство си истите, не базирано на Ју туб видеа и статии од интернет.
Кога веќе почнавме, Голфот што го возам 1.6ТДИ го споредувам со претходното искуство со: Шкода Октавија 1.2 ТСИ, 1.4 ТСИ.1.6 ТДИ, 2.0 ТДИ, Сеат Леон 1.6 ТДИ, 1,4 ТСИ.

Извини Влатко ама голфот не е повеќе кола од било кој директен конткурент од горе наведените. Речиси ниту едно од горниве возила не рика како магаре на 140км/ч. Тивкоста и рафинираноста на ТСИ моторите е светлосни години пред оние на дизелот што го возам во Голфов. Па дури и 1.2 тси е фантастично тивок мотор.

Во врска со видеото и звукот. Многу е тешко да знаеш како е навистина во реалноста гледајќи видео на јутуб али ти верувам. Дизелот дефинитивно е погруб особено во забрзување и возење во поголеми брзини. ТСИ е неколку пати потивок од ова. Дефинитивно.

Видеото е мое, јас го снимив. Не е рандом видео од youtube.
Имам еден куп материјал од таков тип со повеќе возила.



Би ми било многу драго кога ќе се погодат приликите, да размениме лични искуства. Ти да го пробаш мојот голф на пример. 1.6 тди во Голф никогаш не сум го возел, го возев пред некој месец во Ауди А3 со 6 брзини и мене ми остави впечаток на прилично гласен и нерафиниран мотор. Јас ќе се обидам да снимам нареден викенд со мојот голф тси забрзување и вожња на 140км/ч ама не верувам дека квалитетот на видеото ќе биде волку добар. Ако имаш предлог како да се фиксира телефонот некако кажи.

Истиот мотор е и во Ауди.

Фиксирај го мобилниот на потпирачот за глава на совозачко седиште да снима кон шофершајбна со два ластика и вози.

Отсутен vlatko.klp

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1550
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #119 на: Октомври 13, 2017, 10:48:07 am »
Јас викам нешто конкретно, ти малце ми ги релативизираш работите. Конкретно ти давам сугестија со мои слики или од гугл да се воочат тие разлики од внатрешност, ти велиш тоа го добиваш и во октавија/леон, што е невистина.
Хајп не гледам, напротив гледам еден процес кој почнува првин со ироничен хајп па плукање па после повторно вештачко издигнување на конкретен бренд од страна на истите тие критичари. Мислам дека многу сум јасен. Или па јас стварно сум слеп. Јас ти велам конкретно какви разлики имаш ти ми велиш голфот не е повеќе кола од било кој конкурент. Начелно, самата дискусија ја сведуваш на дали некоја кола ја бива или не. По мое мислење, муабети не се прават така. На форумов, често се иде во екстреми, за жал.

Во второво видео околу 1:50 си вози батката 150. Гласно е? Повторно велам многу е дискутабилен звукот на слушалки од тој во реалност, каде е микрофонот и колку е добар микрофонот. Ти ми велиш твое е видеото, како некој демек сметка дека твоето видео не е веродостојно?! Јас велам ти верувам за груб и гласен звук од моторот зошто и јас сум го возел.