Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline  (Прочитано 24067 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #90 на: 12 Октомври 2017, 14:51:09 pm »
Тестовите ако немаат допир со реалноста се ирелевантни. Луѓето ги интересира каква е колата што ќе ја возат на оваа планета.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #91 на: 12 Октомври 2017, 15:18:06 pm »
Во моментов сум службено присутен во Германија и имам Голф 7.5 1.6тди караван изрентано.

Ќе пишам импресии и ќе ставам видео колку е колата "тивка".

Мислам дека малку претерувате со тотемизирање и идолизирање на Голфот во целина.

Искрено првичните импресии од возилото ми се доста разочарувачки, во споредба со фалењето и "рекламата" што му ја правите тука.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #92 на: 12 Октомври 2017, 15:30:05 pm »
Во моментов сум службено присутен во Германија и имам Голф 7.5 1.6тди караван изрентано.

Ќе пишам импресии и ќе ставам видео колку е колата "тивка".

Мислам дека малку претерувате со тотемизирање и идолизирање на Голфот во целина.

Искрено првичните импресии од возилото ми се доста разочарувачки, во споредба со фалењето и "рекламата" што му ја правите тука.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

ТОНЧ! Да си ми здрав и жив.....

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #93 на: 12 Октомври 2017, 15:32:03 pm »
Мојот голф со ханкок вентус прајм 2 е прегласен (звук од гуми) а со ханкок кинерџи еко или зимските нокиан д4 е многу многу тивок, не се слушаат гумите. Иначе овој модел конкретно што го возиш нема мултилинк позади :) just saying.

Ај пиши што поскоро, баш ме интересира мислење.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #94 на: 12 Октомври 2017, 15:35:26 pm »
Мојот голф со ханкок вентус прајм 2 е прегласен (звук од гуми) а со ханкок кинерџи еко или зимските нокиан д4 е многу многу тивок, не се слушаат гумите. Иначе овој модел конкретно што го возиш нема мултилинк позади :) just saying.

Ај пиши што поскоро, баш ме интересира мислење.
На тестот беше со овие гуми. Секоја чест за Ханкук.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #95 на: 12 Октомври 2017, 15:45:04 pm »
Еве го моето видување за Голф 7.5 1.6ТДИ.

Возилото го возам веќе една недела, секој ден во сите можни услови кои што вообичаено и нормален корисник би го возел.

ВНАТРЕШНОСТ

Изработката е многу прецизна, и добро изведена. Сите пластики се склопени со точно предвиден преклоп и напрегање со цел да не се јавуваат крцкања при возење.
Горниот дел од шалт таблата, местото на вратите каде што се потпираат лактите, рачките, воланот, менувачот, потпирачот за рака се направени од меки и пријатни материјали.
Кратко кажано секаде каде што ќе допреш и имаш потреба да допреш, допираш мек материјал.
Најчесто материјалот е мека полиуретанска пена со текстура на некаква кожа.
Оваа пена ја има на шалт таблата горе под ветробранското стакло.
Воланот има убава форма, изработен е од некаква кожа, која што неможам да кажам дека е вистинска, истата кожа е употребена за менувачот и рачката од вратата. Пријатни се на допир, не мрдаат, не крцкаат.
Делот кај вратите каде што вообичаено ги потпраме лактите е изработен од штоф со добра цврстина и е доволно крут, и истиот штоф е употребен и кај потпирачот за раката на средина.
Седиштата се удобни, изработени од штоф и делуваат дека се квалитетно изработени.
Дупките кај вратите каде што се оставаат ситници, шише за вода и во касетата пред совозачот има теписонска постава која што не дозволува да има тропкање или крцкање од предметите што се ставени во нив.

Тука некаде завршува финото и убавото во ентериерот.

Горе споменатите “убави” работи ги има и во Шкода Октавија, Сеат Леон, Форд Фокус. Единствено кај фокусот централната конзола е малку по пластична и знае да крцка. Кај другите возила квалитетот е речиси ист.

Сите останати површини во колата се пластика. Дебела, темно сива, крута, текстурирана пластика. ПЛАСТИКА. Во ред, неможам да кажам дека пластиката крцка, бидејќи не крцка речиси никогаш, ама истата пластика не крцка ниту во Шкода Октавија ниту во Сеат Леон. (Намерно споредувам со Октавија и Леон во контекст на дискусијата од претходно)

Во кабината е тивко и нормално до 90 км/ч, после тоа е бучно и мачно. Вибрациите и буката од дизел моторот, за мој вкус се преголеми и неможам да кажам дека возилво е тивко и пријатно за возење на подолги релации. Едноставно не е.

На видеото може да видите колку е бучно внатре при 50 и 150 км/ч. Видеото е мое, јас го снимав возилот е тоа што го постирав во претходниот пост.

МОТОР

Моторот е жилав од 1200 до 3500 вртежи. Толку. Над тоа само урла и тресе, но не влече како што влече при старт.
Менувачот со 5 степени целосно го утепува севкупниот впечаток на возилото. 120 км/ч се постигнуваат со 2500 вртежи, буката при тоа во кабината е многу висока и непријатна за оваа класа на возила, и при тој режим на борд компјутерот покажуваше 5.3-5.5 литри. Буката до 120 км/ч доаѓа комбинирано од моторот, гумите и струењето на воздухот. На 140 км/ч буката од воздухот е толку силна што неможеш да правиш нормално муабет во кабина.

На видеото може да видите дека при разминување со други возила на локален пат, се слуша буката од возилата кои ве резминуваат исто како да имате отворено прозор.

Кратко кажано, звучната изолација на возилово е дискутабилна.

Возилото е со значително повеќе опрема од онаа што ја имаше тест возилото на Карклуб и верувам дека е со истиот акустичен сетап и изолација како и тоа од тестот.

Искрено, очекував дека голфов е смалена верзија од Пасат. Таму звучната изолација е на солидно ниво, и на сосема друго ниво од Голф. Но за жал, не е така.

Доколку сега би требало да фукнам 16.500 евра на ново возило, сигурно не би ги дал за Голф. И никогаш не би ги дал за 1.6 дизел со пет степен менувач.

Толку од мене.

Чао.

« Последно менување: 12 Октомври 2017, 15:52:45 pm zlatkoa »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #96 на: 12 Октомври 2017, 15:57:18 pm »
Буката е сосема неприфатлива. Мојот десетгодишен трактор не бучи толку многу. Тоа не е бука од гуми, од мотор е. Страшно.

пс. Познато ми е патчето. Ја поставија ли повторно камерата горе на ридчето после брзата удолница кадешто цепаш 150? Пред два-три месеци таму имаше бауштеле и камерата беше тргната. 
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #97 на: 12 Октомври 2017, 15:59:11 pm »
Буката е сосема неприфатлива. Мојот десетгодишен трактор не бучи толку многу. Тоа не е бука од гуми, од мотор е. Страшно.

пс. Познато ми е патчето. Ја поставија ли повторно камерата горе на ридчето после брзата удолница кадешто цепаш 150? Пред два-три месеци таму имаше бауштеле.

Таму е и работи. Бауштелето уште е таму, ама малку подоле. Ги научив веќе на памет. Од сите камери си имам по едно билетче. Си ги плаќам како попче, нормално.

Пред Концен има од новите камери, црните што лови по пет коли одеднаш.
« Последно менување: 12 Октомври 2017, 16:19:50 pm zlatkoa »

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #98 на: 12 Октомври 2017, 16:16:00 pm »
Буката е сосема неприфатлива. Мојот десетгодишен трактор не бучи толку многу. Тоа не е бука од гуми, од мотор е. Страшно.

пс. Познато ми е патчето. Ја поставија ли повторно камерата горе на ридчето после брзата удолница кадешто цепаш 150? Пред два-три месеци таму имаше бауштеле.
Таму е и работи. Ги научив веќе на памет. Од сите камери си имам по едно билетче. Си ги плаќам како попче, нормално.

Пред Концен има од новите камери, црните што лови по пет коли одеднаш.

Дали голфот има 5 степен мануелен менувач, 6 степен, или дсг со 7 брзини, нема ама баш НИКАКВА разлика при возење во највисок степен на автопат. Преносниот однос во највисок степен е начесто ист, или премногу сличен. Разликата има во ниските степени на пренос.

За жал, колку и да им збориш на луѓе за ова, пак си тераат со своето. „Си сака колата 6та брзина за на автопат“

Во прилог праќам два линка од карс дата за голф 7 1.6 115кс со 5 степен мануелен менувач, и 7 степен автоматски менувач. Разгледајте ги бројките кај преносниот однос

http://www.cars-data.com/en/volkswagen-golf-1.6-tdi-115hp-comfortline-specs/79444

http://www.cars-data.com/en/volkswagen-golf-1.6-tdi-115hp-highline-specs/79449

П.С. Само што приметив дека има изнесено и број на вртежи на мотор при 120кмх.

2300 наспроти 2250 ( 5 наспроти 7 брзини)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #99 на: 12 Октомври 2017, 16:46:52 pm »

Добро срочено. Потполно еднакви се и моите видувања. Порано не беше вака и урлаа колите во 5та брзина, но последниве години 5-10 не е таков случајот како што може да видиме. Затоа и колите се бајаги стишани, како што е случајот со Голфов и други слични возила.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10887
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #100 на: 12 Октомври 2017, 16:54:11 pm »
и во германија коњи покрај пат како кај нас во аеродром :(

Отсутен BraneMKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #101 на: 12 Октомври 2017, 17:09:34 pm »
и во германија коњи покрај пат како кај нас во аеродром :(

Голема е веројатноста дека некој наш отишол таму и си ги пасе. :D :D :D :D

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8808
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #102 на: 12 Октомври 2017, 18:48:17 pm »
И шо сеа нечини голфот?

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #103 на: 12 Октомври 2017, 19:13:35 pm »
 Чекај за коњите се праи муабет  ;D ;D ;D

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #104 на: 12 Октомври 2017, 19:19:22 pm »
Тие 2-3 коња избегале од под хауба затоа не ти влечел убаво голфот, не дека се слаби моторите на vw.