Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline  (Прочитано 24079 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #120 на: 13 Октомври 2017, 10:50:21 am »
За џабе се натегате. И така ќе го гледаме 40 години по патишта кај нас :D

Во Европа ќе возат на струја, ние TDI ;D

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #121 на: 13 Октомври 2017, 11:10:27 am »
Сакам да дискутирам со главна цел размена на искуства. Нема никаква потреба од заземање став за работи и емоционално приврзување кон конкретен бренд зошто во тој случај си бараш работи што само тебе ти одат во прилог и обратно, брендови кон кои што имаш некаков си веќе изграден негативен став кој што потекнува стриктно од емоции, ти ќе гледаш работи само што тебе ти одат во прилог т.е. се плука.

- абе БРАТ голфов за ку* не го бива будала сум ја ќе ти дадам дваес илјади евра за вакво гомно кога за исти пари ќе земам октавија и ПЛУС поголема е
- никад не би купил француско ауто зошто на братучед му другарот другар му возел и електрониката не чинела
- 1.6 тдци во форд мондео не е МОТОР бе брат не иде тоа трактор не влече тоа е кола само за тие што не се разбираат од автомобили

итн..

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #122 на: 13 Октомври 2017, 11:25:33 am »
Mercedes од постарите, барем E класа да биде ( или 124- ка ама не постар од 124- ка ), со бензинец 6 или 8 цилиндри ги решава сите дилеми  ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #123 на: 13 Октомври 2017, 13:32:35 pm »
Леонот што го имав ја имаше најгрубата можна пластика на централна конзола што може да постои и беше возен на нашиве патишта со нископрофилни гуми и Ајбах спирали и се додека не го продадов после 7 години, ниту крцнал, ниту кврцнал

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #124 на: 13 Октомври 2017, 14:21:11 pm »
Таман работа, не е тоа Алфа да крцка.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #125 на: 13 Октомври 2017, 14:28:24 pm »
се спомнуваа многу понови VAG коли од следни генерации и меки на допир пластики што крцкаат
се довеле на ниво на Алфа

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #126 на: 13 Октомври 2017, 14:30:25 pm »
Демек Алфа сета е пластики и нема никаде мекичко.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10888
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #127 на: 13 Октомври 2017, 14:33:38 pm »
има
седиштата се меки

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #128 на: 13 Октомври 2017, 15:24:19 pm »
Леонот што го имав ја имаше најгрубата можна пластика на централна конзола што може да постои и беше возен на нашиве патишта со нископрофилни гуми и Ајбах спирали и се додека не го продадов после 7 години, ниту крцнал, ниту кврцнал


Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #129 на: 13 Октомври 2017, 15:52:57 pm »
А да кажете сите што ја ''обожавате'' октавијата дали би ја купиле да беше иста цена рамо до рамо со голфот или да беше поскапа. Ама поштено да си кажете.
Зини да ти кажу.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #130 на: 13 Октомври 2017, 16:14:30 pm »
А да кажете сите што ја ''обожавате'' октавијата дали би ја купиле да беше иста цена рамо до рамо со голфот или да беше поскапа. Ама поштено да си кажете.
Новава со намерно оружнетата фаца не би ја купил ако е иста цена со голф. И да е поскапа исто.

А за поефтина зависи од понудата може да е привлечна.

Старата октавија би ја земал по цена на голф затоа што многу повеќе работа ми врши од голф со фантастичниот гепек и 5та врата. Се јаде со Пасат во функцуоналност и затоа ми вреди да ја земам по цена на голф. Функционално за луѓе од 26-45 години и огромната потреба од гепек во тоа време Октавијата е доволно блиска во скоро се со Голф но нуди соодветен гепек кој се бара во една кола.

Затоа споредбата треба да е со Леон исклучиво. Октавија нуди еден многу голем и битен адут пред Леон и Голф кој за одредени луѓе е страшно битен. А за некои им е сеедно. Затоа и се јавува забуна. Леон и Голф е многу подобра споредба и подобро прашање.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #131 на: 13 Октомври 2017, 16:36:16 pm »
@zlatkoa 100% се слагам. Значи сон на 95% од форумашве е голф од било која серија. Од 1-7. А ретко кој седнал саглам да извози повеќе коли и да ги спореди. Поседувам јапанец, имав француз, француз, француз, јапанец, француз, а на почеток и Југце. Едини германец што го имам возено е Фиестата на татко ми што сеуште ја поседува и Корса на кратко. А имам возено све и свашта ( ферари и ламбо не). Сите аута имаат pros and cons. Ама идеализирање до овој степен на швабите кокретно Голф е навистина смешно. Единствена вистина е само дека држи цена како половно. И лесно се продава.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1281
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #132 на: 13 Октомври 2017, 16:39:08 pm »
И да, на тема Тест Голф изузетно глупи се споредбите со Шкода Октавија или што можеш да купиш за тие пари

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #133 на: 21 Октомври 2017, 05:02:55 am »
Еве го моето видување за Голф 7.5 1.6ТДИ.

Возилото го возам веќе една недела, секој ден во сите можни услови кои што вообичаено и нормален корисник би го возел.

ВНАТРЕШНОСТ

Изработката е многу прецизна, и добро изведена. Сите пластики се склопени со точно предвиден преклоп и напрегање со цел да не се јавуваат крцкања при возење.
Горниот дел од шалт таблата, местото на вратите каде што се потпираат лактите, рачките, воланот, менувачот, потпирачот за рака се направени од меки и пријатни материјали.
Кратко кажано секаде каде што ќе допреш и имаш потреба да допреш, допираш мек материјал.
Најчесто материјалот е мека полиуретанска пена со текстура на некаква кожа.
Оваа пена ја има на шалт таблата горе под ветробранското стакло.
Воланот има убава форма, изработен е од некаква кожа, која што неможам да кажам дека е вистинска, истата кожа е употребена за менувачот и рачката од вратата. Пријатни се на допир, не мрдаат, не крцкаат.
Делот кај вратите каде што вообичаено ги потпраме лактите е изработен од штоф со добра цврстина и е доволно крут, и истиот штоф е употребен и кај потпирачот за раката на средина.
Седиштата се удобни, изработени од штоф и делуваат дека се квалитетно изработени.
Дупките кај вратите каде што се оставаат ситници, шише за вода и во касетата пред совозачот има теписонска постава која што не дозволува да има тропкање или крцкање од предметите што се ставени во нив.

Тука некаде завршува финото и убавото во ентериерот.

Горе споменатите “убави” работи ги има и во Шкода Октавија, Сеат Леон, Форд Фокус. Единствено кај фокусот централната конзола е малку по пластична и знае да крцка. Кај другите возила квалитетот е речиси ист.

Сите останати површини во колата се пластика. Дебела, темно сива, крута, текстурирана пластика. ПЛАСТИКА. Во ред, неможам да кажам дека пластиката крцка, бидејќи не крцка речиси никогаш, ама истата пластика не крцка ниту во Шкода Октавија ниту во Сеат Леон. (Намерно споредувам со Октавија и Леон во контекст на дискусијата од претходно)

Во кабината е тивко и нормално до 90 км/ч, после тоа е бучно и мачно. Вибрациите и буката од дизел моторот, за мој вкус се преголеми и неможам да кажам дека возилво е тивко и пријатно за возење на подолги релации. Едноставно не е.

На видеото може да видите колку е бучно внатре при 50 и 150 км/ч. Видеото е мое, јас го снимав возилот е тоа што го постирав во претходниот пост.


МОТОР

Моторот е жилав од 1200 до 3500 вртежи. Толку. Над тоа само урла и тресе, но не влече како што влече при старт.
Менувачот со 5 степени целосно го утепува севкупниот впечаток на возилото. 120 км/ч се постигнуваат со 2500 вртежи, буката при тоа во кабината е многу висока и непријатна за оваа класа на возила, и при тој режим на борд компјутерот покажуваше 5.3-5.5 литри. Буката до 120 км/ч доаѓа комбинирано од моторот, гумите и струењето на воздухот. На 140 км/ч буката од воздухот е толку силна што неможеш да правиш нормално муабет во кабина.

На видеото може да видите дека при разминување со други возила на локален пат, се слуша буката од возилата кои ве резминуваат исто како да имате отворено прозор.

Кратко кажано, звучната изолација на возилово е дискутабилна.


Возилото е со значително повеќе опрема од онаа што ја имаше тест возилото на Карклуб и верувам дека е со истиот акустичен сетап и изолација како и тоа од тестот.


Искрено, очекував дека голфов е смалена верзија од Пасат. Таму звучната изолација е на солидно ниво, и на сосема друго ниво од Голф. Но за жал, не е така.

Доколку сега би требало да фукнам 16.500 евра на ново возило, сигурно не би ги дал за Голф. И никогаш не би ги дал за 1.6 дизел со пет степен менувач.


Толку од мене.

Чао.

kako i so sto e snimen klipov da gi ima site tie informacii na ekranot?
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43372
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI 115 Trendline
« Одговори #134 на: 21 Октомври 2017, 07:59:43 am »
@lans , јас можам да помогнам со аматерскиот пристап за андроид телефон - без користење на GoPro:

Она што ти е потребно е:
- Апликацијата за телефон: Road Recorder
- Апликацијата за PC - DashWare.

Телефонската апликација снима видео и GPS координати, PC апликацијата ги „стокмува“ во вакви интересни клипчиња.

Кај мене за жал DashWare не може да експортира видео поради некој баг, барем не верзијава 1.9.1, викаат дека постарата верзија го нема тој bug, ама не можам да најдам 1.7.x. па чекам понова верзија.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.