Одлични совети и критики, браво и фала
Не ми се брза многу за кола, би почекал и некој месец, сеуште разгледувам.
Аудиво конкретно, не ми беше никако во план ни општо, во животот, класифицирана како „недостижна“, ама се појави од нигде, преку близок пријател и за беља ја провозев....
Ептен мерак ми прави ама само тоа е добрата страна од таа зделка, за се останато сум свесен, како што набројавте со одржување, дефекти, откажување на механики и електроники, проблеми, сервиси итн... Башка автоматикот ако се зезне, Чак Норис не го оправа (за нормална цена
)
Не ми е главен фактор потрошувачката, ама да не е претерано, нормално. Ми треба конфорна кола со која ќе патувам, низ МК и низ EU, а нормално и низ СК.
Да можам со нормална натовареност да искачам угорница без да се мачи или да си претицам по пат ко човек, не да улетувам ко идиот.
Првично гледав Audi A3 и Mitsubishi Lancer, а на ново со помош на малку врски, најдобра опција (сега за сега барем) ми е Елантрата од Хјундаи. Имам и проверен човек што бара, проверува, испитува и носи до граница коли од Германија, па на mobile.de почнав да гледам и Audi A3 2.0 TDI од кај 2008-2011 година.
Генерално, нешто околу 100-140 кс, по можност турбо дизел, потрошувачка до кај 8-10.