Здраво,
Мој прв пост на форумов
Целта ми е да си земам асална кола (безбедна, конфорна, снажна...) за низ Скопје и во брза иднина за низ Европа.
Ми понудија (според мене) одлично сочувана Audi A6 3.0 TDI Quatrro S-Line, аутоматик, 2006 година, 216 000 км за околу 10 500 евра.
Колата вака надворешно и внатрешно е ПРЕДОБРО зачувана, редовно сервисирана, не е штедено на неа, дури има ставено и порцелански дискови со карбонски шепи.
Ја пробав, колата е порно, предобра изолација, удобност, јака е и повеќе од доволно (чипувана околу 290 коња).
Според мене и моето познавање, „лоши“ страни на колава се:
- 11 години стара
- 216 000 км поминати
- регистрирана до 12ти 2017
- нареден сервис е за 5000 км
- скапо одржување
- сите ме предупредија за мењачот (ќе се заебел, а кога ќе се заебе, нема оправање, или скапо, или надвор од мк, итн...)
Освен ова, до сега збирав пари за да земам Hyndai Elantra 2017, мотор 1.6mpi бензин со 134 коња, на ново, околу 14 900 евра.
На оваа кола, „лоши“ страни се:
- троши 8-10 литри во град
- прва регистрација + осигурувања + трошоци би кренале уште околу 900-100 евра во цена
- морам да почекам уште некој месец да ја купам, а многу ми треба кола, за скоро време
Би ве замолил за било каков коментар, предлог, насока, кон што да целам, зашто, итн...
Сакам некој седан, мерак ми прават Јапан, Кореа и Германец, тие коли.
Буџет околу 10 000 евра.
Благодарности однапред