Со гориво никогаш не сум се замарал,, секогаш ставам 95ка и деновиве свртев околу 200км низ Македонијава и од кога ставив 95ка од макпетрол неможам а да не воочам една разлика. Во 2ра и 3та брзина како колата при забрзување од ниски обртаи има огромен турбо лаг. Ако со гориво од ЕУ натепам гас во 2ра а возам 30-40кмч турбо лагот е минимален односно некаде до 1500 обртаи а сега како колата да е мртва до 2000 обртаи. Незнам, можеби си влагам во филмови а може и самата клима и воздухот си го прават своето, но сум прилично сигурен дека му фали она иницијално забрзување што јас си го познавам ма колата.