Абе баталете Лукоил, глупи ли сте?
Не памтите и кај мене пун резервар вода дека извадија на сервис?
Лукоил едноставно ги шкрташ од постоење и мирен си.
Глупи сме.
Такви прикаски има од сите бензински. Не е една.
Моите во Битола 3 коли ги полнат редовно на Лук Оил од како отвори Лук Оил бензински во Битола. Па до сега сме немале проблем со лошо гориво.
И сега шо прајме? Да му се јавам да му кажам дека се глупи или сакаш да ти дадам број ти да му се јавиш?
Јас 8 години во Лукоил полнам, а татко ми најверојатно од самиот почеток на Лукоил. Само еден период (сум спомнал во темава најмалку два пати, али и онака во темава се верглаат исти ствари, па нема гајле од уште еднаш) од неколку месеци ставав на Макпетрол, по препораки прочитани од темава и колата почна да драпа мадина. Да вергла повеќе, откако ќе запали се случуваше да не работи рамномерно моторот, то ест драпаат дизните... се вратив на Лукоил и од тогаш воопшто не сум имал таков проблем. Ама не им сугерирам на другите дека се глупи што ставаат од Макпетрол.
Ставам понекогаш и од Макпетрол, на пример вчера, затоа што ми беше успат, поблиску. И така..