Во Саботата бев во Софија.
Тргнав од Скопје со околу половина резервоар безоловен бензин, 100 Октани од Макпетрол. Во кола четворица фул сајз патници. На одење гепекот празен, на враќање полн до плафон.
Со горивото на Макпетрол возиото се однесуваше коректно, без некои експлицитни аномалии во перформансите.
Тоа гориво го имав во резервоар се до Шел бензинската на автопатот што иде од Софија накај Дупница.
На Шел бензинската наполнив 100 окранско Шел V-Power гориво. После извозени 5-10 километри, осетив како да се отклучи next level performance pack во возилото. Забрзувањата беа по мазни, имав импресивна сила во повисоките степени на пренос дури и при меѓузабрзувања. Многу полесно ја постигнував максималната брзина. Едноставно неверојатно.
Навистина почнувам сериозно да се сомневам во квалитетот на горивата кај нас во Македонија. Мислам дека во ниту еден случај кај бензинските станици не го добиваме тоа што го плаќаме. Особено кај оние high performace горива, кои што ги рекламираат Макпетрол и Лукоил. Исто ѓубре како и останатото гориво со можеби повеќе етанол во составот.
Возилото има 1.6 турбо бензин мотор.