Генерално немаат мана. Ако работи добро, немаш нешто посебно за пазење.
Кога ќе ја пробуваш, треба да очекуваш јако и константно повлекување од 1600-1700рпм до 4000-4500.
Треба да биде суво околу турбината, да не биде замастено.
Не треба ич да чади сиво (црно ако чади, некое црево од усис може да е отидено, ама може и нешто друго да е - дизни мизни),
Ако се осеќа тресење во кабина и зоглемена бука, држачи на мотор се отидени,
Во лер моторот може е малку погласен од соодветните фордови и цитроенови конкуренти, но при возење треба да е потивок,
ДМФ-от може да е отиден, ќе си видиш од вибрации при тргнување и слични веќе опишани „тестови“ на ДМФ,
Провери при контакт дали светат сите сијалички на шалт табла, и дали се гасат на време, припази на пораките на дисплејот (на крај мислам дека ќе ти напише Check OK ако е све уреду)
Види електриката како работи, прозори, централно, нивелација на фарови, брава на гепек, клима, вентилациј греење на прозори и сл работи...
Види дали и колку се искинати тапацирите на седиштата, да не е роскоп внатре, од слики не се познава баш све..
Дигхни хауба и гепек, тапацири, види дали има структурни оштетувања што може да ги приметиш (не сме сите стручњаци, ама ако ти се види нешто сумњиво, застани или искористи го за ценкање).
Распрашај се за кочниците, дали се за мењање, плочки, дискови, и сл...
Шо знам, не ми трекнува нешо дурго посебно
Све што е стандард за стара кола провери си... со еден збор..