Автор Тема: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo  (Прочитано 15219 пати)

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3377
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #135 на: Јули 21, 2018, 17:30:06 pm »

За тапацир вадење, не би.
"Кај се фатиле, таму се посрале"...- моето досегашно искуство со нашиве сумирано во една реченица...
Аце ли се викаше дечкото што мести фолии, беше кај ГУЦ, кај мене го вадеше тапацирот ПРОФИ, полека и пажливо без проблем. Од друга страна овластениот сервис на Порше ми скрши пола жабици и не ни ставија нови, така ми ја вратија.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19615
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #136 на: Јули 21, 2018, 17:54:16 pm »
Томета наш, свака му дала, извади тапацир, пластики и све остало од врати и од гепек, па коа ги врати, беше боље од оригинала.
Иначе и на Лансерот не му вадеа тапацири/пластики кога ставав фолии.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2777
Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #137 на: Февруари 05, 2019, 23:39:57 pm »
Сум ја запоставил темава малку.

Возилото го возам претежно на подолги релации. Моментално има околу 104.000км

Во Февруари ме чека регистрација, во Март редовен сервис.

Јас сум задоволен од возилото. Намената за која што е купено си ја исполнува на високо ниво.

Летово на едно од патувањата успеав да го уловам следниот кадар:

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3048
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #138 на: Февруари 06, 2019, 10:06:25 am »
@zlatkoa колку си висок?и дали како што ти е наместено предното седиште за возење, без да поместуваш, можеш да седнеш комотно позади возачко без проблеми? (овој тест е валиден ако си над 180, под тоа секако ќе немаш проблеми )  :D

Присутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2777
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #139 на: Февруари 06, 2019, 10:51:48 am »
@zlatkoa колку си висок?и дали како што ти е наместено предното седиште за возење, без да поместуваш, можеш да седнеш комотно позади возачко без проблеми? (овој тест е валиден ако си над 180, под тоа секако ќе немаш проблеми )  :D

Висок сум 182. Предното седиште ми е подесено скроз најдолу и во комотна "крузинг" позиција. Со вакво подесување има простор позади да седи висок човек без да му удираат нозите во предното седиште. Многу пати имам патувано на релации Белград, Софија, Солун со 4 возрасни луѓе со висина над 180см и никогаш се немам подместувано понапред со возачкото седиште.

Ќе сликнам деновиве кратко видео со габаритот на кабината и ќе го постирам.

Според моето искуство, ова возило спаѓа во по комотните на задна клупа и нема проблем да седиш на подолги релации. Комоцијата на задната клупа би ја класифицирал во иста категорија со Октавија, Пасат Б7 отприлика. Разликата е што седењето малку повисоко. Има солидно доволно простор за нозете, има простор за главата, двајца патници позади имаат "многу воздух" помеѓу нив.

Неодамна ја возев новата Ц класа од Мерцедес неколку недели, и можам да кажам дека во ова возило има мнооооогу повеќе простор на задната клупа отколку во Ц класата. Нормално споредено со поставеноста на возачкото седиште според мој вкус.

Во принцип не сум голем фан на МПВ возила, и одлуката да го купам ова возило е тоа што седењето е многу по ниско споредено со Туран, Зафира, Пикасо и сличните МПВ во класата. Целото возило има многу ниско тежиште и на автопат (на пример Белгдрад - Скопје) не се чувствуваат свиоците при брзина 140-160 на темпомат.

Пред да го купам возилово разгледував и возев Шкода Октавија Седан/Караван, Пасат Б7 Седан/Караван, Туран, Зафира, Ц4 Пикасо. Ама кога седнав во ова возило, и кога излегов на Автопат до Белви да го повозам, веќе знаев дека треба да идам на нотар и да заршиме работа со момакот што го продаваше. Едноставно го понуди компромисот што можев да го голтнам и што го барав. Ги има сите работи што ми фалеа во караван, и ги има сите работи што ми фалеа кај другите СУВ возила.






Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3048
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #140 на: Февруари 06, 2019, 11:41:01 am »
Благодарам на исцрпен одговор, не се чуди ако некој со сива А класа втора генерација ти свирне во возење, јас сум, би сакал да го пробам мене дали мене ќе ми биде комотно (200 цм сум), бидејќи А класата на долги релации ме заморува во делот за нозете, бидејќи позади имам детско седиште. Секако, ако не е проблем :)

Присутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2777
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #141 на: Февруари 06, 2019, 11:49:43 am »
Благодарам на исцрпен одговор, не се чуди ако некој со сива А класа втора генерација ти свирне во возење, јас сум, би сакал да го пробам мене дали мене ќе ми биде комотно (200 цм сум), бидејќи А класата на долги релации ме заморува во делот за нозете, бидејќи позади имам детско седиште. Секако, ако не е проблем :)

Нема проблем, кога сакаш пиши ми ПП ќе се договориме ќе ја повозиш и сам ќе си донесеш заклучок.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6427
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #142 на: Февруари 06, 2019, 23:14:36 pm »
Мене ќе ми дадеш ли едно кругче, педер еден?

Присутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2777
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #143 на: Февруари 06, 2019, 23:25:24 pm »
Мене ќе ми дадеш ли едно кругче, педер еден?

Дојди кога сакаш ќе ти дадам да го повозиш и гулаш ќе јадеме.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1733
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #144 на: Февруари 07, 2019, 12:49:26 pm »
 @achtung на колата мисли кога вели дека ќе ти даде да го повозиш. Да нема забуни.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6427
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #145 на: Февруари 07, 2019, 13:00:17 pm »
@achtung на колата мисли кога вели дека ќе ти даде да го повозиш. Да нема забуни.
Секој има право да мисли што сака. Да живее Македонија, да живее ЗОРАН ЗАЕВ!!!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5784
  • 69
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #146 на: Февруари 07, 2019, 14:00:03 pm »
@achtung на колата мисли кога вели дека ќе ти даде да го повозиш. Да нема забуни.
Секој има право да мисли што сака. Да живее СЕВЕРНА Македонија, да живее ЗОРАН ЗАЕВ!!!

Друже Диктон, те поправив!  :-*
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6427
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #147 на: Февруари 07, 2019, 14:18:48 pm »
@achtung на колата мисли кога вели дека ќе ти даде да го повозиш. Да нема забуни.
Секој има право да мисли што сака. Да живее СЕВЕРНА Македонија, да живее ЗОРАН ЗАЕВ!!!

Друже Диктон, те поправив!  :-*
За мене НИКОГАШ!!!

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3377
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #148 на: Февруари 07, 2019, 15:15:55 pm »
Имав прилика да повозам за кратко ваква Б класа, се фасцинирав колку е добра звучната изолација и какви се материјалите внатре.... Значи не е споредливо со ниту еден Голф, Форд.... стварно е премиум... браво.

Отсутен balanar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 183
Одг: Mercedes Benz B180 Blue Efficiency 1.6 Turbo
« Одговори #149 на: Февруари 08, 2019, 01:43:54 am »
Сум ја запоставил темава малку.

Возилото го возам претежно на подолги релации. Моментално има околу 104.000км

Во Февруари ме чека регистрација, во Март редовен сервис.

Јас сум задоволен од возилото. Намената за која што е купено си ја исполнува на високо ниво.

Летово на едно од патувањата успеав да го уловам следниот кадар:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Каде е сликава? Ме потсети на еден видиковец на Лефкада, ама не сум сигурен...