Автор Тема: Србија казнува?  (Прочитано 47891 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29151
    • CARclub.mk
Одг: Србија казнува?
« Одговори #30 на: 03 Септември 2017, 20:17:47 pm »
I give up. Сите имаме право на свои ставови.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Србија казнува?
« Одговори #31 на: 03 Септември 2017, 21:09:48 pm »
I give up. Сите имаме право на свои ставови.

Секако бе братче, нит тука ништо нема да можеме да промениме јебига.
Се што сакав да кажам е само ова, гледај од 8:09 па натаму:

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20053
Одг: Србија казнува?
« Одговори #32 на: 03 Септември 2017, 22:42:48 pm »
Одлично се гледа на 8:09 дека треба да се забрани камион да претекнува камион.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7298
Одг: Србија казнува?
« Одговори #33 на: 04 Септември 2017, 00:02:38 am »


Замисли се качи ограничувањето на 70км/ч, тогаш 10% возат 40, 10% возат 50, 50% возат 70 и повторно 10% возат над 80. Тек тогаш па колку загинати ќе има. За разлика од сега, додај ја бројката на тешко повредени во загинати и ете ти резултат од зголемување на ограничувањата :)


Според тебе, ако има ограничување 100км/ч на партизанска, мислиш дека 50% ќе возат 100км/ч, а другите над тоа ? Нема врска. Прилагодуваш брзина и гас, партизанска многу пати лабаво се поминува со 70-75км/ч. :) Над 80 е многу, безразлика дали ограничувањето е 50-60 или 100 или 150км/ч. 

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Србија казнува?
« Одговори #34 на: 04 Септември 2017, 09:28:48 am »
...
dostavljati ih na kućne adrese građana, a kada se radi o stranim državljanima, oni će se na licu mesta zaustavljati, saopštavaće im se prekršaj i u skladu sa učinjenim prekoračenjem voditi prekršajni postupak ili izricanje novčane kazne na licu mesta", rekao je Rebić.
...
http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2017&mm=09&dd=04&nav_category=12&nav_id=1299914
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13576
Одг: Србија казнува?
« Одговори #35 на: 04 Септември 2017, 09:44:35 am »
Во Холандија штракаат речиси до километар. Во Белгија исто до километар. Луксембург не знам, два-три пати сум бил, не сум сретнал камери.

Во Белгија немам видено човек да вози според пропишаната максимална брзина :)

Под 140 не возат, дури со некоја 1.2 косилица ја цедат до 140.

Најзаебано е во Франција.

Се возев Реимс - Брисел по автопат со колега.

Возеше 150, на надвозник (мост), џандари со радар.

И онака као кочи, шит шит шит... и вика на наредена патарина ќе ме чекаат.

Најчесто втората патрола е на патарина и те тераат да се исклучиш да платиш казна.

Стигаме на патарина, ни џандар ни бутур.

Фишек да не нема :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: Србија казнува?
« Одговори #36 на: 04 Септември 2017, 10:06:14 am »
Слични се и моите искуства. Драго ми е што сподели искрено. Во Норвешка такси ме возеше 100-120 од аеродром, на дозволено 80. Здогледа џандари намали малку под 100, ги помина џандарите и пак си крена. Секако на заладено доле и гуми со метални шилчиња. Такси локалец нивен. Во Грција да не правиме муабет башка што и дозволените брзини им се многу високи и понекогаш неможеш ни да ги достигнеш. Турција можеш да погинеш ако возиш под дозволеното зошто камиони ќе те претицаат цело време. Шпанија пистите што некои ги викаат патишта исто се цепа и понекогаш се тркаат возовите да ги претицаш - тоа е хит.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Србија казнува?
« Одговори #37 на: 04 Септември 2017, 10:14:25 am »
Ја отворив темава и првите две-три мислења се доволни за човек да ја разбере ситуацијата со новиот правилник на автопатиштата во Србија. Она што не го забележав од вас до сега е дека ќе биде предложено максималната брзина да биде зголемена од 120км/ч на 130км/ч. Исто како во Хрватска.

http://www.blic.rs/vesti/drustvo/mihajlovic-predlozicu-da-maksimalna-brzina-na-auto-putu-bude-130-kmh/s43899w
Ferrari International Assistance strikes again....

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: Србија казнува?
« Одговори #38 на: 04 Септември 2017, 10:15:23 am »
Веќе одма се гледа логика ако е така. 130 просечна е многу покултурно од 120.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Србија казнува?
« Одговори #39 на: 04 Септември 2017, 11:48:15 am »
Казнувањето со просечна брзина е спротивно на логиката, а кај нас би било спротивно и на законот.

Дали е повеќе безбедно ако возам 300 на саат минута и после се влечам 90 или ако возам константни 140? Да кажеме дека двата начини на возење даваат иста просечна брзина, или пак 140кава дека дава и поголема.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: Србија казнува?
« Одговори #40 на: 04 Септември 2017, 11:59:19 am »
Казнувањето со просечна брзина е спротивно на логиката, а кај нас би било спротивно и на законот.

Дали е повеќе безбедно ако возам 300 на саат минута и после се влечам 90 или ако возам константни 140? Да кажеме дека двата начини на возење даваат иста просечна брзина, или пак 140кава дека дава и поголема.
Ако се казнува според просечна и е прифатено дека така ќе се тера тогаш нема да има полиција на таа делница. Или ќе има многу ретко. Значи ќе може да се вози колку сакаш се додека некаде паузираш.
Значи цела делница со 200, пауза за гориво и сладолед, и пак 200. Никому ништо, се си е по пропис.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: Србија казнува?
« Одговори #41 на: 04 Септември 2017, 12:05:29 pm »
Во Белгија немам видено човек да вози според пропишаната максимална брзина :)
Под 140 не возат, дури со некоја 1.2 косилица ја цедат до 140.

Да, така е, затоа што на автопатиштата најчесто нема камери.
На магистралните патишта и низ град, камерите штракаат до километар со некои си 3-5% отстапувања.Него, после нападиве, во Белгија се зачестени контролите и на автопатиштата према Лиеж/Шалероа/Брисел (со други зборови во Валонија) и често ги има што мерат со радар и претресуваат со војска/специјална полиција.  А тоа што белгијците се потпросечни шофери и најчесто абер немаат од возење на автопат е друга работа. Особено што во Валонија не ни мораш да полагаш на автопат, ниту пак во автошкола.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Србија казнува?
« Одговори #42 на: 04 Септември 2017, 12:07:24 pm »
Според мене законите и казните треба да се во интерес на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доведување во некаков ред на возачите. Со твоево решение никако нема да има таков ефект казнувањето (и јас би го праел истото ако сакам да се издувам).
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Одг: Србија казнува?
« Одговори #43 на: 04 Септември 2017, 12:12:33 pm »
Според мене законите и казните треба да се во интерес на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доведување во некаков ред на возачите. Со твоево решение никако нема да има таков ефект казнувањето (и јас би го праел истото ако сакам да се издувам).
Да, да никој не спомна сигурност зголемување. Туку казнување. Тоа има огромна разлика.

Ако веќе сакаш да зголемиш сигурност, тогаш на критичните црни точки се поставува Speed Camera, а пред неа на 500 метри знак:


Па на 200 метри знак:


Со што на критичните точки ќе се овозможи релативно намалена брзина.

Ама тоа е офтопик. Темава е за средна брзина.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: Србија казнува?
« Одговори #44 на: 04 Септември 2017, 12:13:29 pm »
Со поло од три цилиндри ако се возеше 200.  ;D ;D

пс. мала шала.

ппс. Сите дискусии ни се за наоѓање дупки во некое правило затоа што сме најпаметни и најубави на мајка. Супер што казнуваат србите така. Супер е што имаат пресретнувачи. Фалат уште повеќе патроли по нивните автопатишта, за да се намалат спомениците на секоја кривина.

Ама не, ние сме тие што ќе најдеме дупка, за да возиме со 200кмч, да направиме еден тон глупости по пат, и на крај ќе јадеме сладолед задоволни од самите себе како сме успеале да го заебеме законот. Еднаш ќе го заебеш, втор пат ќе го заебеш, трет пат поп ќе те пее.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.