Звучниците ти се 17см или 16.5см во дијаметар на сите врати. Горе кај рачките има твитери. Позади има шанси да нема воопшто твитери, само празно место.
Фабричките се лоши. Не ги барај воопшто.
Јас сега баш сакам да ги сменам, па гледам Алпине како Боки шо зеде за хондата. Евентуално некој пионир. Ќе одлучам во продавницата кога ќе ги земам. Ве секој случај со високотонци ќе земам за да ги исклучам високите што се кај рачките.
Ако сакаш почека некој ден - недела да земам јас, па да ти кажам што да бараш.
Зошто не земеш компоненти, па да ги смениш и твитерите? Доста подобар звук се добува ако твитерите се повисоко поставени, отколку долу во нозе да се.
Знам дека босе системот нема твитери горе ни на предни ни на задни врати, ама тоа не е разлог ти да не направиш подобро.
Кај мене позади немаше високотонци, па си стаив
Секако и напред.
За новите звучници ќе ви требаат адаптери, или да ја искорнеш мембраната и магнетот од старите - што не е лошо решение, само убаво да се задихтува со сунѓерче просторот меѓу новиот звучник и старото куќиште.
@dbl.dzo не се залетувај по босиња мосиња за 147-цата. Не вреди маката да наместиш босе систем, звукот на босе во 147 е пристоен, но може и подобро во сопствена режија (алпајн, кенвуд, пајонир итн..). Местењето на комплетен Босе систем во 147 подразбира и соодветна инсталација низ колата, која не е само кабли за вуфер до позади, туку цел сноп наменски кабли, за кои да ги наместиш, ти треба солидно растурање на внатрешноста на колата.