Сакам да ги сменам сите звучници на 147цата, но слободно можам да кажам дека не се разбирам во озвучување бидејќи секогаш сум под кола или со дигната хауба
Имаат лоши контакти, се уклучуваат на random volume, ниските тонови не ги дава како што треба, мембраните „прдат“ од што се оштетени најверојатно, а високите тонови се исто крш.
Некој од алфистиве да ме советува што треба да барам, дали фабрички (stock) звучници или Bose, со / без појачало? Не мора да биде ново, скроз би купил и користени, чисто да знам што да барам
П.С.
@osmica8 знам дека е многу одамна муабетот со антената, само сакав да коментирам - веќе 4та година ја возам без никаква гумица и сум немал проблем досега. Зависи каде ќе јави алфаитис