Има и компоненти без crossover, односно на твитерите имаат биполарен кондензатор кој ги сече средните и ниските тонови. Доколку фабричките твитери имаат ваков кондензатор, треба и тие заменските што ќе ги ставиш да поседуваат ист таков, инаку цел фрекфентен опсег од радиото ќе стига до твитерите и нема да потраат (ем нема да биде звукот како што треба). Од капацитетот на кондензаторот зависи cut-off фрекфенцијата.
Доколку од појачалото иде посебен сигнал за твитерите а тие немаат ваков кондензатор, многу веројатно дека во самото појачало има вградено кросовер, и тогаш си до некаде ОК да не ги користиш скретниците.
Сепак, најдобро е појачалото да има излез со целосен фреквентен опсег, кој ќе стигне до кросоверите, а потоа посебни кабли до мид/бас и твитерите. Кросоверите кои доаѓаат со компонентните звучници обично се пресметани точно и прецизно за тие звучници.