Имам земено половен комплет вуфер и појачало, поврзано е на фабричко радио, така што директно на жиците од звучниците е поврзан кабел со два РЦА конектори на едниот крај и тие одат во појачалото, без hi-lo претворувач( знам дека не е баш најдобро така), меѓутоа функционира исто така на другите две коли и еве повеќе од година дена нема проблем кај ниедна.. е сега проблемот со ова е што појачалото се вклучува ама не дава звук вуферот, не му пушта сигнал.
- Појачалото не влегува во заштита, си свети зелено цело време и однесено е на електроничар кој констатира дека е исправно.
- Вуферот е пробан на друго појачало, врзано на ист начин како тој погоре и работи со тоа појачало работи во ред.
Вуферот со ова неговото појачало дава некој сигнал САМО ако едниот од РЦА каблите е ставен до пола на влезот од појачалото, тогаш свири како обичен звучник, нема бас нема ништо, а ако ги закачам како што треба двата конектори до крај тогаш нема никаков звук.... има некој појма што би можело да биди ?