Дизел 1.6 TDI BMT 2012 година
77KW - 105hp
Поминати 168.000km - оваа бројка дали делува за реална?
9.000 еур
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
До сега немам возено дизел, има некака разлика во начин на возење во однос на бензинец? На што треба да се обрне внимание? Значи немам никакво искуство со дизел.
ПРЕМНОГУ слаб мотор за оваа шасија. Ќе треба да правиш ремап дефинитивно.
Ете јас ќе ти кажам, со каравани имам искуство
Значи имам Alfa 1.9 JTD (147) 8V и не знам од каде ви се муабетите дека трошеле многу, се тоа е релативно и начин на возење.
Колата ја имам 5 години, градска реално троши 6.5-6.8, зимно време знае на кратки релации 7.5 литри.
Отворено од 4.7 до 5.5!
Никогаш не забегува од овие граници. Никогаш!
Е сеа, имав и Opel Zafira 1.9CDTI од 2006 со JTDm моторот што влегува во 147, 159!
Беше детјунирана верзија (100 КС), ама не беше ништо страшно за чудо. Нормално не беше експлозивна како Алфата и можеше да биде 120 КС како што е фабрички, ама од друга страна имав екстремно ниска потрошувачка.
Отворено 4.5 до 5 литра, градска 6-6.5, само еднаш изадов 6.8 и тоа брзав, зимно време беше и беше гужва.
Моментално возам BMW 530 D E61, автоматик.
Реална потрошувачка, 11 литра градска, 11.5-12 онаа гужва во 8.30 наутро и 5 попладне (тргни-застани, чекаш долго на семафори).
Отворено 6.5-7 литра (некни имавме мерење, имаш тема за тоа) 7.1 литар извадов со 120, ќе ја видиш делницата и ќе споредиш и другите возила.
Кога беше BMW собирот, бевме 3-ца во кола, (ресетиран бордот) Ново Лисиче - Куманово - работа во место на собирот, 15 минути излегувавме до настанот - Куманово - Ново Лисиче и на враќање возење 120-130 ( на кратка делница 160-180 ) покажа 7.9 литра, кога паркирав дома 8.0!
Само имај во предвид има 218 КС, имаш 500Nm на 1750 обртаи и имаш огромен бажаник, да не правиме муабет колкаво возило е.
Имав прилика да се возам во A6 од 2002-3 година, 2.5 TDI (мислам беше 150 или 160 КС верзија) Quattro со автоматик менувач, трошеше 14-15 градска, со 9-10 отворена.
Кога споредувавме потрошувачка со на Molec 335D (што има една турбина повеќе) разликата на тестот беше 200gr повеќе нафта. Речиси никаква. Така шо и E91 со таков мотор е авион
Одржување, ...се соленки ...нема тука трте мрте.