Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1750246 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9869
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6090 на: 18 Февруари 2019, 00:20:52 am »
Не е проблемот што ми е ладно, туку што ми прави здравствени проблеми. За деците од холандија не ми гаје, што сакаат нека прават, само не мора овде нас да ни продаваат муда за бубрези... Демек ние имецили сме, децава начи не ги бива за ништо па сега да се дичиме за некој си тамо што немаме никаква врска. Оти во холандија не клаваат слики овде ко ќе се капат на -20 степени ?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6091 на: 18 Февруари 2019, 00:53:37 am »
Во лето кај нас имаме екстремни услови за преживување, особено во деновите кога имаме тропски бранови.

Кај нас има шофери, дистрибутери кои што возат комбиња на +45 степени без клима.

Работници кои што работат на скеле на градилиште на +45 степени.

Луѓе кои што работат по ниви на +45 степени.

Екстремот што ние го преживуваме во лето, скандинавците го преживуваат во зима.

Токму затоа и постојат народи, етноси кои се адаптирани на поднебјето во кое што живеат. Нивниот нагон за преживување со текот на годините ги направил имун на екстремните температури. Ладно или топло.

Исто како што ние се чудиме како Скандинавците возат точак на -17, така и тие ни се чудат како преживуваме со 250 евра месечно.

Се е можно, ако се сака. Само треба да си упорен. И точак се вози на -17, и ауди се купува со 250 плата.




Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9869
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6092 на: 18 Февруари 2019, 02:08:11 am »
Затоа не треба да ги гледаме скандинавците и да ги имитираме...
Не дека тие на 45 степени не им страда организмот. И многу вруќо не чини.
« Последно менување: 18 Февруари 2019, 07:20:16 am Bicikle »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6093 на: 18 Февруари 2019, 08:56:21 am »
Цитат
Од 187 контролирани, 33 возачи биле под дејство на алкохол

17.6% ова се поразителни бројки во секоја смисла.



https://kanal5.com.mk/articles/366563/od-187-kontrolirani-33-vozachi-bile-pod-dejstvo-na-alkohol?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4920
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6094 на: 18 Февруари 2019, 10:11:25 am »
Некој да сподели координати кај се наоѓа сеа онај бувљак пазарот шо беше под Кале, ако е уште во вторник/петок, да си ја исчешам крастата дури сум ск
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9869
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6095 на: 18 Февруари 2019, 10:26:40 am »
Kaj kvantaski bese zadnje

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5716
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6096 на: 18 Февруари 2019, 13:14:28 pm »
https://off.net.mk/lokalno/razno/zadovolni

https://off.net.mk/zezalici/meshano/pismoto-na-tito-dragi-moi-jugosloveni-seto-ova-si-go-zasluzhivte

Будали едни. Швабите и Французите сега ви увалуваат приказна за Европска Унија, а вие голтате сè што ќе ви кажат. Па имавте вие унија посилна од европската, со своја војска, полиција, банки, домашна храна, бесплатно лекување и школство. Сега ќе добиете нивни банки, нивна војска, нивна храна, а од домашно, ќе изедете само говно.


Драги мои Југословени, слушам, ме мразите.

И тоа од дното на душата. Ме мразите и ми пцуете сè по список. Викате дека сум бил диктатор, дека сум гушел слободи, дека во затвор сум праќал недолжни, дека сум наредувал убиства, дека сум ги задолжил и вашите деца, внуци и правнуци, дека сум бил против слободата на верата, дека сум направил општество на нееднакви....

Е па, да ме мразите, и тоа секој ден сè повеќе! Ќе заборавите дека сум станал претседател на држава што уште беше во феудалното доба, во која речиси и немаше фабрики, дека процентот на неписмени беше исклучително висок, дека болести што беа искоренети во Европа дивееја по целиот Балкан. Ќе заборавите, или веќе сте заборавиле, колку километри пруги и патишта беа изградени додека бев „диктатор“, колку болници, училишта и универзитети, колку фабрики направивме, каква војна индустрија изградивме, колку работнички одморалишта имавте, на копно и на море. Ќе заборавите дека вашите деца имаа добри школи, а вашиот пасош беше ценет.

Ете, признавам, бев диктатор. Не дозволував Руси и Американци да ни се серат на глава. Точно е, диктатор бев, не сакав да слушнам дека некој може да биде гладен. Наредував, и пак би наредувал, секој работник да добие стан од својата фирма. Наредував, и пак би, секоја работничка фамилија да може да оди на годишен одмор на море. Признавам, ја мразев заостанатоста и го користев својот диктатораски авторитет секое дете да мора да оди во основно училиште, кое сака може и во средно и на бесплатен факултет. Лекувањето беше достапно и бесплатно за сите.

Ме мразите зашто сум апсел и праќал на Голи Оток. Ќе ме мразите уште повеќе кога ќе ви кажам дека повторно тоа би го правел, само за да обезбедам мирен сон на секое дете во својата диктатура. Кој си ја работеше својата работа, не одеше на Голи Оток. Кој правеше глупости, ровареше против штотуку основаната држава, кој коваше планови таа да стане советска република или квазиамериканска демократија, тој имаше бесплатен билет за Голи Оток.

Ме мразите зашто сум наредувал убиство на квислинзите и предавниците од 1945-та. А што требаше? Да ги амнестирам, а тие колеа недолжен народ четири години? Викате дека сум наредил убиства и на некои свештеници, оџи и попови. А не ви паѓа на памет дека во живот сум оставил 99% од нив и дека сум наредувал (и пак би) да се ликвидираат само оние што благословуваа касапи? Заборавате дека не забранував да се градат цркви и џамии.

„Кенк-кенк“, Тито бил диктатор, тој не дозволи развој на демократијата! Па мајку вам вашу, сè ви дадов! Не се викаше оваа или онаа партија, ама имавте синдикати, работнички совети, субнори, ги имавте сите шанси да се однесувате демократски и да увежбувате демократски процеси. Демек ви пречи што не можел да напредува некој што не е член на партијата? Па, мајку вам вашу, кој сега напредува во тие ваши држави? Да не се можеби независни интелектуалци?

Да знаете, длабоко сте ме разочарале. Сè ви дадов и што направивте вие? Сè живо разебавте! Кај се сега оние школи и фабрики, кај се универзитетите? Колку е наталитетот? Растете или паѓате? Дали сте среќни или несреќни? Лето е, сакате на море? Со свои пари или можеби на кредит? Чии ви се банките? Чија храна јадете, домашна или увозна? Кој е кум на вашето дете, да не е пријател или комшија од друга вера или нација, или тоа веќе го нема? Кај ви се децата, со вас или пак побегнале во странство, да им бришат дупе на Швабите. Дали можете да живеете од пензијата или бога молите да умрете пред пензија да не се мачите и себе и децата?

Будали едни! Што ви викав: чувајте го братството и единството! Мислите џабе ви го зборував тоа?

Сега Шваби и Французи ви увалуваат приказна за Европска Унија, а вие голтате сè што ќе ви кажат. Па имавте вие унија посилна од европската, со своја војска, полиција, банки, домашна храна, бесплатно лекување и школство. Сега ќе добиете нивни банки, нивна војска, нивна храна, а од домашно, ќе изедете само говно. 
« Последно менување: 18 Февруари 2019, 13:19:50 pm NUME »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6097 на: 18 Февруари 2019, 15:23:07 pm »
 :'(

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6098 на: 18 Февруари 2019, 15:54:46 pm »
Тито: направивме.
90 до денес: направив.


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6099 на: 18 Февруари 2019, 18:06:20 pm »
Динго го това напреве!

Отсутен Бојан

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 89
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6100 на: 18 Февруари 2019, 19:27:25 pm »
Колку важи лекарското за полагање?

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6101 на: 18 Февруари 2019, 19:57:00 pm »
Не беше една година?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8523
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6102 на: 18 Февруари 2019, 19:59:30 pm »
18 месеци му е важноста.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9869
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6103 на: 18 Февруари 2019, 20:09:40 pm »
Da cinela jugoslavija i da bila tolkunjaka nemalonda se raspadnit...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10035
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #6104 на: 18 Февруари 2019, 20:33:44 pm »
Не да беше јака. Од што беше прејака се распука ко лубеница ;D