Здраво, да ви го претставам моето второ возило.
По кецот веќе ме знаете на форумов, а во време кога е потребна кола за секојдневна употреба беше купено Голфчево од другар на брат ми.
Станува збор за Golf mk3 GTI, произведен 1996 година, со 2.0 16 вентилски ABF мотор, 150кс + чип.
Од опрема поседува:
-Клима
-Електрика на ретровизори
-Електрика на сите четири стакла
-MFA
-Аларм
-Централно заклучување со далечински управувач
-Волан подесив по висина
-Airbag на волан, airbag на шалт табла на совозачко место, и на предни седишта.
Како дел од опремата ќе ги споменам и Recaro седиштата, а колата фабрички поседува кожен волан, кожа има и на делот околу рачната кочница и мењачот.
Колата ја имам веќе неколку месеци, има атестиран плин кој нити го користев, нити ми беше во план да се користи, па системот е делумно размонтиран, само боцата е уште во багажник.
Проблеми некои поголеми не сум имал, пред некое време морав да менувам дихтунг на поклопец на мотор и да лепам картер, од причини што малце го мавнав, колата е доста пониска бидејќи е спуштена со амортизери подесиви по висина.
Планови за во иднина немам нешто посебно, во најскоро време би ја однел кај мајсторот што го фарбаше кецот на корекции, предно десно крило е малку удрено, па со тоа најверојатно ќе се фарба цела предница и ќе се корегира на други места кај што има гребаници што не би излегле со полирање.
Најверојатно ќе се менува и среден и заден лонец, планирам во ASSO бидејќи сум презадоволен од тоа како го направија ауспухот на кецот.
Слика од првиот ден кога ја земав:
Како што спомнав погоре, колата има фабрички кожен волан, но за жал беше искинат па беше облечен во футрола која баш и не ми беше по мерак.
Па една од првите работи кои ги сменив, беше воланот.
Купив волан од Golf 3 VR6, без оштетувања, па истиот го наместивме.
Возачкото седиште е потскинато ама нема да се корегира.
Моментално седиштава се со вакви навлаки: (сликите од седиштата се од интернет)
А ќе бидат заменети со вакви навлаки кои веќе ги имам на страна, здрави без оштетувања: