Автор Тема: Петиција - СТОП за трките на булеварите, да ги вратиме пилотите на патеките  (Прочитано 23020 пати)

Отсутен Bad-Gamer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 430
  • Тркач! Брм брм!
    • Официјален сајт на АКК „Никола Карев“ - Скопје
No more Project Seicento, it is gone forever... :cry:
Race Project Yugo 1150ccm3 - Gr.A so aneks - Nacional Class :)
New Project Clio 2.0 16V Sport is here, going on... :P

Just do it! :P

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10881
  • 430i
ако тебе те мрзи да пишеш, односно да ископираш на форум за автомобили за каква петиција се работи, мене уште повеќе ме мрзи да го отворам линкот

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Цитат
Ситуацијата со домашниот авто-спорт одамна веќе е на критично ниво. Љубителите на големите брзини и на автомобилите, се повеќе, големото ниво на адреналин го трошат по градските улици и булевари, наместо да го трошат онаму кај што треба односно на тркачка патека, каде секогаш постојат безбедни услови за ваков вид на трошење на адреналин и каде што веројатноста да настрада некој невин е сведена на минимум. Местотото на тркачите е на тркачките патеки. Но, реалноста во која живееме е сосема поинаква. Се повеќе и повеќе трки се одржуваат по улиците, булеварите, од семафори до семафори, како и по обиколницата околу Скопје, а трките по тркачките патеки речиси и да не постојат кај нас. Македонија имаше авто спорт за почит, а сега Македонија нема ништо од авто спорт освен историја. Моменталното раководство на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) го доведе овој спорт до дното. Веќе 6 години немаме трки, немаме шампионати ни на ридски ни на кружни патеки, немаме никаков развој на спортот. За разлика од тоа имаме значителен развој на уличните трки, кои на возачите им остануваат како единствен издувен вентил, во ситуација кога нема можност за тркање по тркачки патеки. Тркачите се избркани од својата федерација и приморани да возат трки онаму каде што не би требало да возат. На спортот му треба итна промена на комплетното раководство на АФМ.
Медиумите објавија дека ќе има трка на нашата најпозната тркачка патека на Водно на 29 и 30 април 2017 година. На поголемиот дел од нашите тркачи не им е дозволен настап на оваа трка под матичните клубови, од причина несфатлива за здравиот разум. Зар Македонија организира трка на Водно за на неа да возат странци, а нашите тркачи да возат улични трки и трки во другите држави. Дозволете им на нашите тркачи да возат трки под своите матични клубови и за својата земја. Дозволете им на нашите тркачи да возат трка на тркачката патека на Водно. Таа трка треба да е еднаква за сите. Доста беше уназадување на авто спортот во Македонија. Време е за развој, време е да се намали бројот на уличните трки, време е да се сопре гинењето по улиците, време е тркачите да возат трки на тркачките патеки. ВРАТЕТЕ ГИ ТРКАЧИТЕ НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ. ТАМУ Е НИВНОТО МЕСТО!!! ВОДНО да биде рамноправно достапна патека за сите возачи!
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
ако тебе те мрзи да пишеш, односно да ископираш на форум за автомобили за каква петиција се работи, мене уште повеќе ме мрзи да го отворам линкот

Причина повеќе зошто е потребна опцијата лајк на пост.

Лајк ака Карм4е :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига

Се сложувам.
Треба ваква петиција. Море треба тркачка патека да се направи таму кај петровец некаде, има простор за извоз.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Барем кал патека да иаме на некоја нива би бил пресреќен, не па нешто со асфалт нема да си одам дома ич.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Милентие лошо си прочитал. Лајкот беше за постот на марјанот.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Ја за причината плус зборувам :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Је*еш карма, јас ја потпишав петицијата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Јас ја натерав и мајка ми да ја потпише ;D Не дека ќе смени нешто колку да се каже дека работиме на случајот.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Ferrari International Assistance strikes again....

Присутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
^
Јaс незнaм кoе oд директoрскиве децa би седнaлo у кoлa и дa се тркa нa Вoднo?
Вaкa му е бoље, зaпaли Пoршетo и низ центaр лудувaј, ќе те видaт и пич*њa.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Поентата на петицијата е да живне мотоспортот во македонија малце, тоа трки по улици креативна слобода си земал да има за што да мрчи
Цитат
Веќе 6 години немаме трки, немаме шампионати ни на ридски ни на кружни патеки, немаме никаков развој на спортот. За разлика од тоа имаме значителен развој на уличните трки, кои на возачите им остануваат како единствен издувен вентил, во ситуација кога нема можност за тркање по тркачки патеки. Тркачите се избркани од својата федерација и приморани да возат трки онаму каде што не би требало да возат. На спортот му треба итна промена на комплетното раководство на АФМ.
Медиумите објавија дека ќе има трка на нашата најпозната тркачка патека на Водно на 29 и 30 април 2017 година. На поголемиот дел од нашите тркачи не им е дозволен настап на оваа трка под матичните клубови, од причина несфатлива за здравиот разум.

Стварно не ми е јасно зошто не им дале да настапуваат.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига

Присутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6865
  • хаУс мајстор
Поентата на петицијата е да живне мотоспортот во македонија малце, тоа трки по улици креативна слобода си земал да има за што да мрчи
Цитат
Веќе 6 години немаме трки, немаме шампионати ни на ридски ни на кружни патеки, немаме никаков развој на спортот. За разлика од тоа имаме значителен развој на уличните трки, кои на возачите им остануваат како единствен издувен вентил, во ситуација кога нема можност за тркање по тркачки патеки. Тркачите се избркани од својата федерација и приморани да возат трки онаму каде што не би требало да возат. На спортот му треба итна промена на комплетното раководство на АФМ.
Медиумите објавија дека ќе има трка на нашата најпозната тркачка патека на Водно на 29 и 30 април 2017 година. На поголемиот дел од нашите тркачи не им е дозволен настап на оваа трка под матичните клубови, од причина несфатлива за здравиот разум.

Стварно не ми е јасно зошто не им дале да настапуваат.
Пoентaтa нa петицијaтa е јaснa, сликaтa oд @Select ми е без везе...
Петицијaтa си јa бaрaaт тркaчите, a не ние нaпaленкoвците штo не мaвa aдренaлин пo улици. Јaс еве сеуште, не сум слушнaл некoј тркaч кaј нaс дa усмртил билo тoa пешaк, велoсипедист итн. нa улицa.
Зaтoa ги спoмнaв синчињaтa рaзгaлени.
Дa се нaпрaви/изгрaди тркaчкa стaзa, oк, ќе држи вoдa.