Автор Тема: сервис на спортски моторцикл  (Прочитано 1993 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15978
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
сервис на спортски моторцикл
« на: Февруари 28, 2017, 23:08:59 pm »
еден поголем сервис, одприлика секоја година правам слично, па оваа решив да евидентирам се по ред, ќе му се најде на некого како информација. има неколку трики моменти, на повеќето моторџии ова им е јасно, ама на младите и надежни идни генерации, веројатно ќе им затреба понекогаш... ионака не сум завршил сеуште...

ок... за оние што не знаат, се работи за Kawasaki GPZ 1000RX, од 1986-та година. ова кавасаки носи машина со ознака ZX10 и е произведувана се до 2006-та година. СИТЕ РАБОТИ ПОДОЛЕ НАПРАВЕНИ И ОПИШАНИ одговараат на сите GPZиња, освен за количината на масло. рамот и концептот на сите е ист.. 450, 600, 750, 900, 1000, 1100.

вака изгледаше пред да почнам


капаците од страна надвор! сите капаци се држат на машински штрафови Ф6 со крстач штравцигер. секој капак има7 штрафови што се гледаат и 2 се сокриени под жмигавците.




ретровизори надвор, затоа што штрафовите од ретровизорите, всушност се и едни од држачите на предната маска. овие штрафови се исто така крстачи но Ф10 и се поприлично долги затоа што 4 работи одеднаш стегаат. се наоѓаат на самото дно од ретровизорот и одозгора не се гледаат


жмигавците исто така надвор, и тие се држачи на предната маска. секој од жмигавците се држи на два крстач штрафови Ф6, но со различна должина... еден од 1,5 сантм и еден од 3,5 сантими


визирот надвор, зашто и овие штрафови се држачи на предната маска, т.е. долите 4 само, ама па и ми смета зашто треба сајла за брзиномер да се смени вкупно 10 штрафови има М5 со имбус 4ка големина се фабрички.


вака изгледа откачено се


тркалото надвор (трета слика), целта е оние амортизери да ги извадам и сменам. со прст ја покажувам осовината на која лежат лагерите кои се на тркалото, уствари, ова парче железо на втората слика го држи предното тркало и целиот товар осовината и од двете страни е со имбус клуч, мислам дека беше 16-ка имбус.






тргнати браник и среден држач меѓу виљушките. средниот држач (жалам што не го сликнав, заборавив) е како заоблена коцка, со 4 штрафови ЧЕЛИЧНИ и никловани, М10 се штрафовите а се со клуч 12-ка. предните се пократки, задните се подолги, бидејки имаат екстра дел од браникот што го држат.


на самата виљушка од задна страна го има и овој држач на механизмот за кочење. сокриен е и не се гледа од браникот. М4 се штрафчињата со клуч 8-ца


овие штрафови со прст што ги посочувам се затегачите на самите виљушки. на горна точка е по еден на секоја на долна точка се по два на секоја виљушка. штрафовите не се вадат само се попуштаат. М10 со 12-ка клуч




шепите за кочници. плочките на нив лежат различно. едната е на осовинките а другата е БУКВАЛНО летечка. мора да се внимава да лежи како што треба во шапата кога се монтира истата назад, затоа што нема држач, туку само насочувачи и практично дискот ја држи на место, инаку и шепите се на виљушките т.е. на амортизерите, стегнати со М10 штрафови со 12-ка клуч


воала... до тука растурав, одтука почињам да склопувам се назад


еве ги “новите“ амортизери-виљушки... овие се всушност оригиналните од овој мотор. предлани ги извадив и ги монтирав овие што сега ги вадам (а ке идат на репарација за следна година-две нив ке ги монтирам)


цела процедура назад, со нови виљушки НОВО ТРКАЛО И НОВА ГУМА.
идемо даље...

ново масло од мотул, 10-40, 5000 спорт




секако и нов филтер за масло.. малку е зезнат филтерот за менување, мора и долната пластика од моторот да се извади, или макар пушти од едната страна, инаку не излегува.  филтерот е уложак, ама нема куќиште туку кужиштето е ВО блокот од моторот, а се пристапува од кај картерот. се вади со клуч 18-ка и поприлично бајаги има за вртење...


нови плочки и за предно и за задно тркало. на предно има два диска, значи два вакви сета. на задно тркало еден диск, од другата страна е ланецот нели...


7 полни години истера овој акумулатор. ланска година чепкајки го и проверувајки го за вода колку има во него, едното капаче го изгубив, па му го напасирав она сивото и беше ок. акумулаторот сеуште е жив, соодветно е чуван, ама е видно ослабен. се случува да вергла, а на свекица да нема доволно струја за да запали машината. пошто е 14 амперски, на веспа има да пее уште 2-3 години.. под услов да го собере нели...









и за крај на овој прв серијал, најголем нели, нови свекици. директ од Џерманија ми ги донесоа, бошови... вадењето на свекиците е доста комплицирана процедура. прво се вади резервоарот, па под него се свекиците, а и се доста длабоко ВО главата, клучот за нив е 18-ка, НАЈ РЕТКАТА димензија на свекици произведена евер...







кога се менуваат виљушки, глицеринот истекува од кочиониот систем. DOT4 глицерин користи. јас го употребив ова, што се гледа на сликава десно од акумулаторот...


масло влегува 4 литри рамно ако се менува и филтер, ако не менувате филтер е 2,9 литри. нека не ве збуни тоа, зашто филтерот НЕ собира 1,1 литри туку концептот на цевководи, ладилникот за уље и каналите остануваат потопени се додека не се извади филтерот. кога тој ќе се пушти излегува се до последна капка.

виљушките собираат точно 349 грама масло за суспензија и зависно од (габаритот) теретот на возачот се бира помеѓу w10-w15-w20 густина... семеринзите МОРА да бидат 8,5 милиметри дебелина, немој да се зезне некој да тури 10-ки, ке ги скине на склопување (како на моиве што се деси)...

гумата што ја купив е мишелин, 16-ка и е оригиналниот бандаж од моторов. пред 2 години турив 17-ка, сава.. ич не сум задоволен од таа савина гума. не ми се експериментираше поише па да пробувам трет бренд како новитет, одлучив мишелин да турам, со нив нема промашај...


останато ми е да го затегнам шалтерот за брзини, да сменам глицерин на задно тркало (три резервоари за глицерин има, на рачки горе се два-десно е за предна кочница, лево за кумплунг, а некаде под газот од десна страна доаѓа за ножна кочница)... исто така ми остана да го сменам и ланецот. ке турам сликиче од тоа и виљушките треба да ги напумпам... да, се пумпаат со воздух, од горна страна има зивани како за кола. според тежината на возачот се пумпаат од 0,5 до 1,5 бари, од кавасаки е препорачано златна средина, т.е. 1 бар.. кај мене се знае... до максимум...

некој нешто ако го интересира, тука на темава нека праша...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5796
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #1 на: Февруари 28, 2017, 23:41:47 pm »
Браво свате.. Одлично.. И кај мене кавасакито си му треба сервис али сеуште не сум спреман за толкав зафат.. Прво нема мајстор тука, друго нема ни делови, а трето и да има прескапо е (и услугата и деловите)...

Глицерин, плочки, свеќици, уље, филтер за уље, 2 гуми, синхронизирање и штелување карбуратори, штелување вентили... Али отом потом полека ќе си биди се :)

Отсутен stefanel984

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #2 на: Март 02, 2017, 16:19:30 pm »
Скокни до кај Пајо во Охрид. Јас таму ги сервисирав машинките.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5796
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #3 на: Март 02, 2017, 16:55:43 pm »
Ти од Охрид си ? Кај се наоѓа тој пајо ? Контакт телефон нешто ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15978
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #4 на: Јули 06, 2017, 13:14:42 pm »
stefanel984
пиши го телефонот тука. темава може да биде достапна за било кого. ќе се најде некој во зорт во охрид, ќе го најде тој пајо лесно... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #5 на: Јули 06, 2017, 20:58:54 pm »
Ај да не отварам нова тема дали може да се најде за Honda CB 750 95та година овакво да се проба за да знаеме дали е до него или не, пошто моторот работи на 3 цилиндра, пали на 4 и после тоа гаси едниот, да пробаме со друго дали е со него ако не е до него да бараме друго чаре.

Напомена свекици и бобини не се и кабли, се сумња на тоа пошто коа се растури репот беше тоа со вода

еве како изглеа


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9215
Одг: сервис на спортски моторцикл
« Одговори #6 на: Јули 07, 2017, 07:48:00 am »
onak не работат сликите :/